Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Луѓе кажете денес кога ќе има протест слушам кај мајка тереза ќе имало несшто собирање па може некој подетално да ми каже сакам да идам
Оди мислам од 16 часот се собираат.
Јас не можам да отидам у курафте...

И дај не враќајте на оксиморони на квадрат како таа Ивановска,типката изгледа си живее у некое нејзино замислено стаклено звоно и се и е полно и рамно,ми се сере од такви.

Протест мора да има,ова е веќе претеризам што го прави полицијата,бетер од Афричките држави ќе бидеме за некое време !
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Луѓе кажете денес кога ќе има протест слушам кај мајка тереза ќе имало несшто собирање па може некој подетално да ми каже сакам да идам
?
--- надополнето: Jun 7, 2011 2:31 PM ---
Оди мислам од 16 часот се собираат.
Јас не можам да отидам у курафте...
Фала друже
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Специјалецов максимум 1-2 години ќе лежи во затвор (иако не верувам ни толку да му дадат) а младиот згаснат живот нема да се врати, нека си го носи на совест (ако воопшто има тој совест!)...
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Се разјасни се ,се фати убиецот...канта најубаво за темава,пред некој да измисли топла вода,многу аналитичари,а никакво фајде од тоа
Јас би рекол да се остави темата, на некој начин ќе помогне околу информирањето за можните протести. Кој забегува, си има бришење на мислења и секако - бан. Очигледно кај нас неможе да им се верува на класичните медиуми.
Инаку, еве ја причината за проблемите со сајтот на А1. Добро е што луѓето се интересираат за случајот, се надевам нема да помине туку така целава работа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.991
Друже, 40 часа тврдат дека нема знаци на насилство, а сега некако се појавија во рок од само неколку часа, откако веројатно не можејќи да го поднесат притисокот од народот, значи се трудеа да заташкаат и да бранат некој (во случајов дотичниот Игор). Да начинот на кој што го пишав јас е ироничен, затоа што сакав да ги исмејам превртливите изјави. Сакаш прифати го тоа, сакаш не. Дека се пријавил сам во полиција, се сомневам и дека ќе добие казна затвор и за тоа се сомневам. Доколку оставиме да остане на ова, сигурно ќе биде суспендиран и после извесно време ќе си се врати пак на работа како ништо да не се случило. Во тоа ти гарантирам.

Доста ми е од набилдани говеда кои под полициска закрила изиграваат шерифи низ градов.
За првото и така и така, може човек и да се сомнева.
За второто, значи откако го признал делото, ти мислиш дека нема да добие казна затвор. Пеки, така нека биде...
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.486
Поени од реакции
20.458

At the Democratic National Convention on August 14, 2000 in Los Angeles Rage Against the Machine played in this free concert to protest the DNC going on across the street at the Staples Center.

p.s. добро бе , дечкото со точакот мора ли секаде да го има, кај го гледам 24/7 низ град мора и на сликиве што ги постирате да го има !!!
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
"Бил од дисфункционално семејство за кое не било чудно што Нешковски го немало речиси два дена, зашто тоа често му се случувало."

Секоја чест за сител за кажаново. СРАМОТА!!!!!!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Еве полека се кристализираат работите. Човекот се обидел да направи cover-up, испадна дека имало сведок. Отишол во поливија се пријавил. МВР го заведува случајот како убиство и му покренува кривична. Се си оди по ред, нема масони и илуминати. Само човечкиот живот нема да се врати назад.

И треба да се протестира, за да не ни се случуваат вакви работи повеќе. Тоа е сосема легитимно и нормално. На форумов на повеќето не им се јасни елементарни работи, како што е право на простест. Зошто воопшто пишувате за работи за кои немате никакви познавања? Ова не важи за цитираното, последниов пасус е општо за последниве неколку страни на темава и глупостите што се истрескаа.
Ова звучи многу едноставно, но...
Пак, две сценарија:
1. Стварно сам се пријавил без никаков притисок а притоа никој не знаел дека е он виновен за настанот.
2. Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги. Верувам дека според нашите закони(не сум правник) ако се изврши убиство или претепување на осомничен иако полицаецот ти е колега мора да го приведеш или да го пријавиш случајот. Кај нас од 2-3 по полноќ до 16:00 немаа никакви информации за такво лице што било убиено или нешто слично. Дали навистина сам се пријавил или бил приморан од старешината/колегите?

Ти го претстави ептен едноставно и според она што ти беше сервирано од МВР(истата институција што вчера изјави дека немало никакви знаци на насилство/надворешни повреди)

Ова се мои „теории на заговор“, некој ќе се сложи, некој не.

А за последниот дел, целосно се согласувам.

Јас се надевам дека ќе стигнам за последните саат време од протестот.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
МЕНЕ МИ Е ПРЕМНОГУ ЖАЛ ЗА УБИЕНИОТ ДЕЧКО И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ОДЗЕМА ТУЃИ ЖИВОТИ, ЗАТОА ЌЕ СИ ОДГОВАРА СТОРИТЕЛОТ, А ВИЕ НЕ СТЕ ТИЕ КОИ ДЕЛАТ ПРАВДА!
Затоа си ти тука да не просветлиш
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.991
Ова звучи многу едноставно, но...
Пак, две сценарија:
1. Стварно сам се пријавил без никаков притисок а притоа никој не знаел дека е он виновен за настанот.
2. Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги. Верувам дека според нашите закони(не сум правник) ако се изврши убиство или претепување на осомничен иако полицаецот ти е колега мора да го приведеш или да го пријавиш случајот. Кај нас од 2-3 по полноќ до 16:00 немаа никакви информации за такво лице што било убиено или нешто слично. Дали навистина сам се пријавил или бил приморан од старешината/колегите?

Ти го претстави ептен едноставно и според она што ти беше сервирано од МВР(истата институција што вчера изјави дека немало никакви знаци на насилство/надворешни повреди)

Ова се мои „теории на заговор“, некој ќе се сложи, некој не.

А за последниот дел, целосно се согласувам.

Јас се надевам дека ќе стигнам за последните саат време од протестот.
Не не, пишав пред малку, се слагам со тоа дека можеби и не се пријавил сам. Обидот за cover-up е очигледен за тоа уште вчера пишав.

За останати работи како тоа дека полицијата ќе го заташка случајот, нема да одговара итн... мислам дека треба да се размисли пред да се пише такво нешто.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
"Бил од дисфункционално семејство за кое не било чудно што Нешковски го немало речиси два дена, зашто тоа често му се случувало."

Секоја чест за сител за кажаново. СРАМОТА!!!!!!
Што е СРАМОТА? Да бидеш од дисфункционално семејство или тоа да биде објавено на телевизија?
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Што е СРАМОТА? Да бидеш од дисфункционално семејство или тоа да биде објавено на телевизија?
Срамота е тоа што живот е згаснат а сителовци се занимаваат со тоа дека бил од дисфункционално семејство... каква врска има тоа со загубата јас незнам.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Срамота е тоа што живот е згаснат а сителовци се занимаваат со тоа дека бил од дисфункционално семејство... каква врска има тоа со загубата јас незнам.
Можеби тоа објаснува зошто до денес немаше никакви информации за идентитетот на убиениот..;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom