- Член од
- 12 јануари 2014
- Мислења
- 1.464
- Поени од реакции
- 1.892
Абе некој обврзан ли е да работи некаде? Роб ли е?Тоа е, на различна бранова должина сме. Темата е за правата на работникот, права кои ги изгуби (од одмор, празници до редовно работно време и екстра приходи) со влез во овој т.н. транзиционен период (можеби почетен облик на некојси капитализам, не знам). И за права на работникот во светот. Веројатно и двајцата форумџии говорат од аспект на сопственици на фирми, олигарси или генерално т.н. работодавци. Можеби треба да се отвори посебна тема за правата на работодавците....како стигнале до тие имоти и средства, всушност каде живеат и дали погледнале надолу, од каде што потекнуваат.
У една наша државна фирма еден човек открил дека секоја година се трошат 120 тони вишок нафта, и следната година се средил вишокот. Знаете колку пари беше награден? Ич. Тоа е државна фирма. За у некоја приватна, сигурно ќе добиеше некои 5.000 евра награда, само оти успеал да им заштеди некои 70 нели. И свет од соништата да е, пак некој таков нема у државна фирма да ги добие тие пари, оти ете не функционира така државното, оти ако сакаш некој да ти биде цел живот должен и да живее у беда, вработи го у државно, ќе го зацрниш за цел живот.
И не, не е океј шо у некои фирми ти даваат по 70 евра плата, а он има месечен профит од 100 илјади евра пример. Ама па таквите фирми се тие шо пропаѓаат се повеќе и повеќе.
Пошто му плаќаш малку, добива квалитет у работата малку.
А у државното, нели, и ништо да не работиш, пак на први е платата тука. Затоа, нели, у Југославија не се работеше, па ги добивавме плодовите од тоа неработење после 4 саат.