Први мај во Македонија?

Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Во Македонија,како никаде во светот, работниците и нивните лидери не го одбележуваат 1ви МАЈ-не како во целиот свет.
Дали е можно кај нас работниците обединети да станат во одбрана на своите права.
Дали може да се оттргнат од под капата на партиите и дали има лидер кој може да ги поведе во борба за своите права, барање поправичен закон за работни односи, достоинствени колективни договори,гарантирана социјална заштита, социјална правда и долично вреднување на трудот.....
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:Зошто нема митинзи , демонстрации и барања од работниците на Први Мај?
Дали не се свесни за својата моќ, и дека затоа ги парчат и делат - за да им се отапи острицата на делувањето.
Дали затоа бирократијата е газда во државата?:
:ija::ija::ija::ija:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Тоа е комуњарска измишљотина, треба подитно да се укине тој празник.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Тоа е комуњарска измишљотина, треба подитно да се укине тој празник.
Дали ?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38381

Незнам зошто воопшто денес се слави тој празник.
Порано работничката класа излегувала на протести за подобрување на работните услови и покачување на платите.
Кога се избориле за тоа, 1 Мај почнал да се слави како денот на кој работничката класа "победила" ги остварила своите цели.

За овде ви зборувам и затоа се славел 1 Мај.
Сега 1 Мај слават младите како оправдание да се изпопијанчат и истрошат пари а потоа ќе се жалат дека се немало пари и дека државата ни била ваква и онаква.
Е таква е како што велат арно ама, од каде бе сите имаат по 1000че за 1 Мај и го трошат без око да им трепне?

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:Зошто нема митинзи , демонстрации и барања од работниците на Први Мај?
Мене ми се чини дека работничката калса во Македонија е задоволна од условите и правата кои ги имаат/ "уживаат".
Затоа нема протести и демонстрации.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
vo Makedonija odamna nema rabotnicka klasa koja znae sto e i kolku vredi, ima nekoi dzabolebari na budzet fateni za muda u megeme...i nekoja zombirana rulja po malkute privatni kompanii..:)..duri ni nekoj Koco Racin nema da im napise nekoja nova Lenka...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Единствена земја кадешто за 1 и 2 мај џаболебарите одат на пикник и го слават трудот малкуте работници што ги има мора да работат
 
S

smart ass

Гостин
Доста интересен е ФЕНОМЕНОТ кој кај нас се случува подолго време....само НЕВРАБОТЕНИ слават ден на ТРУД(и Држ.Администрација троа)..

Во франција не пијат премноги вино...туку прават нешто друго:toe:
 
A

ateist

Гостин
Единствена земја кадешто за 1 и 2 мај џаболебарите одат на пикник и го слават трудот малкуте работници што ги има мора да работат
стварно колку одвратно изгледа кога ќе ги видиш нашине чергаришта како се пијанчат
демек слават
а на тв во Турција Геманија (што е толку моќна ) ДЕМОНСТРАЦИИ .

само тоа иако неработев у социјализмот ама се гледаше дека нема - непостои
работничка класа во Македонија ШТО Е навистина голем проблем

постои СЕЛСКО-РАБОТНИЧКА КЛАСА .
ако може нешто да ушпараат со работа ок ако не тогаш си имаат земја , живина и таму си работат и тоа и одговара на власта од 1990 год па наваму
Тоа е и причина и одговор зошто при толкава огромна невработенсот нема кој да се буни .
Премногу малку се РАБОТНИЦИ .
Од тие 300-360 000 невработени вистински работници што бараат работа не се повеќе од 30 - 50 000 другите се СЕЛСКО РАБОТНИЧКИ па секогаш у село имаат потпора егзистенцијална сигурност .Не дека тоа е од сега со денационализација кога најмногу ќе ќарат тие што земја оставиле на држава за да земаат детски додоаток оти тогаш земјата невредела воопшто а додатокот парите им биле добри туку и тогаш ем земја си работеа ем на работа си одеа рекреативно за забава или да се изнаспијат .
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Македонче ќе има пари за само еден пикник годишно. Наместо да има за секој викенд :) Се радуваме на глупости -.-
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Убаво е важното, малце скара повеќе пиво сите слават да... :)
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Најчудно е што овој празник го врзуваат со комунизмот( иако комунизам сеуште немало на целата земјина кугла? кибуци - близу со намерата?).
А се почнало во Америка?
Се слави најмногу токму во поразвиените држави но и во некои понеразвиени, секаде само не кај нас. Кај нас не се работи и тоа е се.
Синдикатите ,Социјалистичката партија,комунистичката партија - не можат ниту да го одбележат?
Значи ,празник на неработниците?
Нешто чудно се случува кај нас, во се сме поинакви од останатиот дел не само на Европа туку и на светот.
Гледајте на телевизија и чудете се!
Единствено нашите работници нема што да порачаат и за што да се изборат - се им е мед и млеко.А положбата им е најлоша во Европа.
Заклучок - нема работничка солидарност а и она : "сведната глава сабја не ја сече ", како и за кубурата - за злу не требало???
ЖАЛНООООО!:ija::ija::ija::ija::ija:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Грција, Први Мај:


Швајцарија, Први Мај:


Германија, Први Мај:


Америка, Први Мај:


Англија, Први Мај:


Јужна Кореа, Први Мај:


Тајван, Први Мај:


Индонезија, Први Мај:


Куба, Први Мај:


Русија, Први Мај:


Турција, Први Мај:


Италија, Први Мај:


Македонија, Први Мај:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Единствениот комунистички остаток од 1-ви мај е одењето по излети, јадењето и пиењето...
Суштината на овој празник е протест на работниците за поголеми права...
А, кој тоа ќе протестира во Македонија? Нема синдикати и работничко движење кое ќе го организира тоа, башка и огромна невработеност, која продуцира страв кај оние кои се вработени за сопственото работно место (Ете, ги има на бирото, чекаат!), така да...се се сведува на јадење скара.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
<<edit>>

Он.топик:Ние македонците на многу празници и ги земаме значењата и си придаваме свои.Па и овој празник не е исклучок.
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
А шо очекувате да се собереме и да протестираме ? Абре Македонче , таков ни е менталитетот , едвај чекаме ваков ден да се здрвиме од пиење и подуваме од јадење ќебапи , иако тоа се прави редовно секој недела .. Ние не можеме да се собериме екипа за маалски футбал да направеме , сакате протести .. :tv:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ипак имало протести кај нас, само не сум знаел...

Aлфа напиша:
Иако најмалубројни, вистинска солидарност покажаа анархистичките групи од земјава и регионот. Во организација на здружението за социјална правда Ленка, од зградата на Синдикатите до Собранието се скандираше на македонски, грчки, бугарски.
Хах, добро е, оние педерчињана, феминизирани, пу мајку им је*ем, без муда, стоки едни банкротирани... Грци, дошле во Скопје да ни покажат како се праи тоа. И онака само сокче пиев, зашо не знаев дека ќе праат нешо... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom