Почина бездомник во центарот на Скопје поради негрижа на државата

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Читав и јас и се згрозив.

Значи човекот не бил само еден ден таму, неколку дена го виделе дека лежи и не може да станува, му носеле чај околните вработени и никој не се нашол да го прибере?
Очајно и тажно е!
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Читав и јас и се згрозив.

Значи човекот не бил само еден ден таму, неколку дена го виделе дека лежи и не може да станува, му носеле чај околните вработени и никој не се нашол да го прибере?
Очајно и тажно е!
Не неколку дена ,во секое време има по 2-3 бездомници во паркот ,си седат обично до тоа што го праве државата не ми текнува како се викаше .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Еј ај не треси глупости, што ми реплицираш кога не знаеш, како прво јас сум волонтер на Црвен Крст веќе 6 години и знам што како е, така да Црвен Крст како организација не ја ставај во владина каша и кај виде ти дека ја бранам државата. Затоа не мешај политика со ова те молам, и ќути кога незнаеш барем во овие работи. Многу се нервирам кога некој нема појма што каква е ситуацијата а тресе зелени.
--- надополнето: 8 март 2012 во 14:37 ---
-Holy Temple
-чим си веќе од таму ај кажи жити мајка каде денес вашиот ценет голем прецедател ги носи жените на ручек АМА НЕ ЛАЖИ и што подароци им подари,и колку ли ги има такви кажи што ја цицаат државата,кога сме веќе тука што џип беше тој што сега го вози тој и колку ли џипови ви летнаа некаде кој ги добивате како “црвен крст“ од други држави.Социјалното е
во иста состојба прво однеси дома па ако остане нешто за помош на тие што им треба.Оди сега кого ќе најдеш нешто да работи,поточно и ништо не
се работи само телефонот и се чека плата да се земе и да се будне уште некој во офисот. ете затоа почина човекот-никој не мислеше на него.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
--- надополнето: 8 март 2012 во 14:37 ---
-Holy Temple
-чим си веќе од таму ај кажи жити мајка каде денес вашиот ценет голем прецедател ги носи жените на ручек АМА НЕ ЛАЖИ и што подароци им подари,и колку ли ги има такви кажи што ја цицаат државата,кога сме веќе тука што џип беше тој што сега го вози тој и колку ли џипови ви летнаа некаде кој ги добивате како “црвен крст“ од други држави.Социјалното е
во иста состојба прво однеси дома па ако остане нешто за помош на тие што им треба.Оди сега кого ќе најдеш нешто да работи,поточно и ништо не
се работи само телефонот и се чека плата да се земе и да се будне уште некој во офисот. ете затоа почина човекот-никој не мислеше на него.
Кој претседател, незнам каде ги носи и не ме интересира тоа, Црвен Крст не е државна институција така да не се секирај не се државни пари тоа, а тоа што претседателот на Црвен Крст на РМ вози нови џипови и разни работи тоа е друга работа. А тие џипови добиени од Женева се користат за потребите на тимовите на Црвениот Крст, два џипа што викаш ти се летнати, се продадени, едниот не возен ич бидејќи се изгубени документите за него, а другите поради големата потрошувачка, и се купи друг на старо, бидејќи последниве 3-4 години Црвен Крст е паднат во криза и секоја година буџетот се смалува, посебно во општинските организации. А за другите градови да не збориме.И поради тоа влијае на работата на тимовите бидејќи се работи со застарена опрема и недостаток на истата. Да се расфрлаше ЦК со државни пари и да бевме под капа на Владата сеа друга песна ќе се пееше.

Црвен Крст како институција понуди помош, каква, таква, пред две недели тимот за одговор при катастрофи, логистика, беше во селата низ скопската околија и правеше проценки по селата за потребни работи, делеше храна и хигиенски материјали на најзагрозените. Тим прв стигна кога се заглавија неколку туристи, мислам Маврово беше, па господата не сакале да се симнат пешки како што се качиле, бидејќи тимовите им го исчистија патот да се симнат, од ЦУК повикаа специјалци да ги евакуираат со хеликоптер. Втора работа кога се заглавија две деца на Водно пред Водици први ЦК стигнаа, но пак ЦУК ги викна специјалците и таа акција се препиша на Тигрите, а ЦК нигде не го спомнаа. И прашај некој од тие што дежураат на Водно секоја сабота и недела, како им е кога на излагање во град или станување од спиење на полноќ ќе им се јават да идат по планиниве да бараат и да спасуваат некои авантуристи што незнаат да се вратат по истиот пат додека на тебе ти е топло дома и се грееш под постела, и дали до пред некое време имаа безбедни јажиња за качување и евакуација. Едно јаже ново да купиш дали динамичко или статично, во зависно од метражата кошта најмалце до 500 евра. И се тоа се одвојува од смалениот буџет на ЦК, а што ќе остане за комуналии, трошоци за гориво, одржување на простории и итн. Затоа не мешај баби и жаби, Црвениот Крст понуди тоа што имаше за згрижување на бездомници, кога беа најстудените денови од годината, а пишав погоре зошто пак се враќаат на улица во најстудените денови и периоди.
Затоа не е убаво и глупо е од твоја страна да збориш нешто што некој ти го кажал со цел да се оцрни името на оваа организација, а при тоа да нема врска што збори.

Затоа пред да напаѓаш непрофитна организација како Црвен Крст, а пред тоа да не знаеш што како е, е глупо, жално и нефер. Но ова не е за тука.
--- надополнето: 8 март 2012 во 17:07 ---
Читав и јас и се згрозив.

Значи човекот не бил само еден ден таму, неколку дена го виделе дека лежи и не може да станува, му носеле чај околните вработени и никој не се нашол да го прибере?
Очајно и тажно е!
Па ако го виделе или вие сте го виделе пријавете во полиција или ако го знаете бројот на Црвен Крст, ќе дојдеа ќе го собереа, а не секој сеир да си гледа и да коментира и да обвинува. Јас го немав видено тој човек, да го видев ќе се јавев кај мене ќе пратеа екипа ќе го собереа. Вака ништо.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
9.864
бездомници умираат и во многу побогати држави од Македонија..не е некое оправдување..ама,факт е . Тоа е многу поголем проблем него што изгледа на прв поглед.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.408
бездомници умираат и во многу побогати држави од Македонија..не е некое оправдување..ама,факт е . Тоа е многу поголем проблем него што изгледа на прв поглед.
На запад во затвор живеат подобро отколку кај нас семејство со натпросечна плата.
Посебни ВЦ-иња теретани,телевизори,музички студија и се тоа во затвор.
И после слушам патриоти на запад не е се розево :facepalm:

Што порано се разбудат од бајката толку побрзо ќе одиме напред.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се сеќавате ли на гафот на француската министерка за здраство, Нора Бера која им беше порачала на бездомниците за време на екстремно ниските температури да не излегуваат надвор? Унгарија ми се чини ја претера највише од сите ко ги забрани бездомниците. Оваа бурлеска отиде до таму шо Унгарците кои немаат кров над глава требаше да платат казна од 450 евра или пак да отидат зад решетки. Македонија само се вклопува во сивилото. Државата, општеството, администрацијата, здравството, апсолутно не ги ни регистрираат (се сеќавам на еден исповед од еден бездомник дека дури и грипот бега од нив). И така, политичарите си зборуваат за нив, новинарите пишуваат за нив, фотографите им ја сликаат судбината (најчесто у црно бела варијанта) али освен некој лажен сензационализам и лажна грижа, суровата вистина е дека уствари ги заболе за нив. И заеби држава (у која уше ко си роден си осуден на маргинализирање) и државни институции ( зарем постои човек кој верува у нивната функционалност), колку од нас се обиделе да им помогнат? Да го поделат геврекот, железните пари, насмевката, некој утешен збор, да им понудиме работа (не дај Боже топлиот дом)? Јас од ова шо го прочитав некако и самиот се осеќам крив. Плачеме по дома на турски серии, пукаме од лицемерие, а овие луѓе ги одминуваме. Колку бедно изгледа слабиот интернет у споредба со немањето адреса, немањето име, немањето НИШТО. И колку да сочуствуваме и колку хумано да изгледаме во виртуелниов свет, треба да преминеме на дела. Да почнеме уште денес. Да се биде бездомник не е трајна , ниту пак лична определба. Што е уште побитно, тоа е менлива категорија.

Почивај во мир :(
Такви гафови имало и во минатото, како во случајот со кралицата Антоанета и колачите.
Но за разлика од денес таквите гафови предизвикувале поинакви реакции...



Денес рајата живее во надеж дека еден ден ќе вози Ферари.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Жално навистина жално :(.Нека почива во мир.
Каде е државата сега? Вистина е дека кога ситуацијата беше навистина алрмантна и темературите беа под нулата, се делеа топли напитоци и ќебиња но тоа беше привремено. Државата е таа која треба да им понуди поголема заштита на бездомниците. Но не привремена туку постојана!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
9.864
На запад во затвор живеат подобро отколку кај нас семејство со натпросечна плата.
Посебни ВЦ-иња теретани,телевизори,музички студија и се тоа во затвор.
И после слушам патриоти на запад не е се розево :facepalm:

Што порано се разбудат од бајката толку побрзо ќе одиме напред.
Да,на запад тече мед и млеко..само се лажете вие од филмовите..ме мрзи да ти вадам статистика и вести колку починаа само оваа зима бездомници ,само низ западна Европа.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
На запад во затвор живеат подобро отколку кај нас семејство со натпросечна плата.
Посебни ВЦ-иња теретани,телевизори,музички студија и се тоа во затвор.
И после слушам патриоти на запад не е се розево :facepalm:

Што порано се разбудат од бајката толку побрзо ќе одиме напред.

Бездомници има секаде и секаде умираат на улица. Најпознати бездомници се француските клошари, кутрите дури и париска туристичка атракција постанаа.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
Во оваа држава не се битни бездомниците туку КУЧИЊАТА -СКИТНИЦИ.

Градат домови за згрижување на кучишта скитници, а со тие пари можат да изградат домови за згрижување на бездомниците.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Во оваа држава не се битни бездомниците туку КУЧИЊАТА -СКИТНИЦИ.

Градат домови за згрижување на кучишта скитници, а со тие пари можат да изградат домови за згрижување на бездомниците.
Не е само овде.
Генерално низ светот, невините кучиња се третираат далеку подостоинствено од невините луѓе.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ова со делот каде дошле некои лица со актовки и го клоцнале телото за да видат дали човекот што лежи уште мрда, ме потсети на делот од расказот на Толстој „Смртта на Иван Илич “ кога дошол докторот кај болниов и му давал дијагнози без врска само за да заврши побрзо прегледот и да си ги собере парите.Не од што му било дојдено за човекот.Како и на повеќето од нас кои го сожалуваме во моментов.
Не знам на што повеќе да се згрозам; на односот на државата кон овие луѓе, или пак на народот?По правило треба на државата зошто таа со нашите пари (даноци) треба да гради домови за вакви работи, но во овој случај грозен ми е и‘ односот на обичниот граѓанин кон овие луѓе.Типичен пример за ова што го пишувам е тоа што го клоцале онака без врска за да видат дали „мрда“ сеуште.Лично, не дека и јас не би се однесувал со недоверба кон ваквите случаи зошто има многу декларирани бездомници кои собираат пари со нивната мефистофелска насмевка и одеднаш преку ноќ со собраните пари креваат куќи и купуваат станови и ја разбирам донекаде недовербата што се јавува во овој момент кај обичниот минувач, но исто така прочитав дека овој веќе неколку дена лежел спроти ресторанот „Национал“ па според ова луѓето кои работеле во близината знаеле на човекот-бездомник каква му е ситуацијата зошто го познавале.Па добро бе, кога веќе викнале некого од службите да му помогнат на човекот и виделе дека истите не доаѓаат, не сте ли можеле да го приберете некако или пак со кола да го префрлите до некој дом?Што се прават наудрени дека им било жал, да им било жал сигурно дека некој кој што работел во близината ќе запалел колата и ќе го однел до некој дом или пак ќе го прибереле некаде на привремено.
Кој од кој поодвратен.....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
-добро,јас сум значи во грешка,благодарам за одговорот,
се мислев сте под “буџетот“- тоа дека вие млади ве има
кај што треба ќе видиме на ТВ или то топло лето по улиците .
Но џипови во Дарево време немаше и се беше државно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom