Почина бездомник во центарот на Скопје поради негрижа на државата

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Почина бездомник во центарот на Скопје поради негрижа на државата
Во непосредна близина на Градскиот трговски центар, почина бездомник. Мртвото тело на непознатиот маж легнато до една од трафиките во Жена парк, спроти ресторанот "Национал", го пронајде обезбедувањето на Трговскиот центар. Тие ја повикаа полицијата и Брзата помош кои веднаш пристигнаа на местото каде што лежеше бездомникот покриен со ќебиња. Лекарите само констатираа смрт. Засега сe уште не се познати причините за неговата смрт, ниту пак се знае неговиот идентитет.
Смртта на бездомникот наиде на револт кај вработените во Трговскиот центар. Според нив, тие пет дена се јавувале кај надлежните институции и барале од нив бездомникот да биде згрижен.

"Човекот умре поради негрижа на државата", револтирано вели една продавачка од дуќаните во непосредна близина на Трговскиот центар. Таа неколкупати се јавила во Брза помош и алармирала дека здравствената состојба на бездомникот е загрижувачка и барала од нив да му биде укажана лекарска помош. "Кога им кажав дека се работи за бездомник, тие само ми рекоа: 'Па тој нема здравствено осигурување. Извинете, не можеме ништо да помогнеме оти нема кој да ги намири лекарските трошоци", револтирано вели продавачката и јавно праша: "Кој сега ќе ги намири трошоците?", покажувајќи со прстот кон лекарите од Брза помош, кои во тој момент ја констатираа смртта на бездомникот.

Тие побарале помош и од Центарот за социјални работи и од Црвениот крст. Одговорите што ги добиле биле шокантни. "Кога се јавив во Црвениот крст и им кажав дека човекот пет дена е гладен, спие на улица и дека е тешко болен, од службеничката добив одговор од кој се шокирав. 'Не плашете се, госпоѓо. Ноќите сега не се толку ладни, нема да смрзне'. По ова јас ја прашав дали тие би спиеле на улица? Во тој момент таа ми го затвори телефонот", потресена и низ солзи раскажува друга продавачка.

За состојбата на бездомникот, кој бил на возраст од околу 60-ина години, бил известен и Центарот за социјални работи. Од таму им било речено дека ќе излезат на терен и ќе видат што можат да направат. "Наредниот ден забележавме како кај човекот дојдоа две момчиња кои носеа актовки во рацете. Едниот од нив го клоцна човекот кој лежеше на асфалтот. Слушнав како му рече на другото момче: 'Жив е, мрда, ајде да си одиме'. Не знам дали тие беа од социјалното", раскажува продавачката.
Вработените од Трговскиот му давале топол чај и храна и секојдневно се јавувале кај институциите и барале помош, но велат дека им е жал што не успеале да го спасат несреќниот човек.

dodeka pak Makedonija dozivuva Barok !!!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Се сеќавате ли на гафот на француската министерка за здраство, Нора Бера која им беше порачала на бездомниците за време на екстремно ниските температури да не излегуваат надвор? Унгарија ми се чини ја претера највише од сите ко ги забрани бездомниците. Оваа бурлеска отиде до таму шо Унгарците кои немаат кров над глава требаше да платат казна од 450 евра или пак да отидат зад решетки. Македонија само се вклопува во сивилото. Државата, општеството, администрацијата, здравството, апсолутно не ги ни регистрираат (се сеќавам на еден исповед од еден бездомник дека дури и грипот бега од нив). И така, политичарите си зборуваат за нив, новинарите пишуваат за нив, фотографите им ја сликаат судбината (најчесто у црно бела варијанта) али освен некој лажен сензационализам и лажна грижа, суровата вистина е дека уствари ги заболе за нив. И заеби држава (у која уше ко си роден си осуден на маргинализирање) и државни институции ( зарем постои човек кој верува у нивната функционалност), колку од нас се обиделе да им помогнат? Да го поделат геврекот, железните пари, насмевката, некој утешен збор, да им понудиме работа (не дај Боже топлиот дом)? Јас од ова шо го прочитав некако и самиот се осеќам крив. Плачеме по дома на турски серии, пукаме од лицемерие, а овие луѓе ги одминуваме. Колку бедно изгледа слабиот интернет у споредба со немањето адреса, немањето име, немањето НИШТО. И колку да сочуствуваме и колку хумано да изгледаме во виртуелниов свет, треба да преминеме на дела. Да почнеме уште денес. Да се биде бездомник не е трајна , ниту пак лична определба. Што е уште побитно, тоа е менлива категорија.

Почивај во мир :(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Бог да го прости.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Жално е за човекот што почина, но кривицата е малку и во бездомниците.
Црвениот Крст изгради и опреми центар за бездомници и бегалци во Момин Поток, за време на големиве студови полицијата идеше низ центарот на Скопје и ги сопираше бездоминицте и им се јавуваше на екипи на Црвениот Крст да ги соберат каде што ги носеа во Момин Поток. И единствено што направија, се истушираа, сменија алишта и пак се вратија на студот, а можеа да седат се додека не помине студеното време.
Епа сеа не може некој со сила да ги одвлече и да ги згрижи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.723
Поени од реакции
18.255
Жално е за човекот што почина, но кривицата е малку и во бездомниците.
Црвениот Крст изгради и опреми центар за бездомници и бегалци во Момин Поток, за време на големиве студови полицијата идеше низ центарот на Скопје и ги сопираше бездоминицте и им се јавуваше на екипи на Црвениот Крст да ги соберат каде што ги носеа во Момин Поток. И единствено што направија, се истушираа, сменија алишта и пак се вратија на студот, а можеа да седат се додека не помине студеното време.
Епа сеа не може некој со сила да ги одвлече и да ги згрижи.
На човеков изгледа мерак му било по ладното. o_O
Од толку давачки за казни и даноци до толку не може да се издвои некоја сума што ќе ги покрие здравствените трошоци за овие луѓе? А на 100 метра од кај што починал човекот никнуваат велелепни зданија. За жал ништо не сме научиле ние, кога на вага, на едниот тас поставуваш човечки живот, а на другиот камења.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
На човеков изгледа мерак му било по ладното. o_O
Од толку давачки за казни и даноци до толку не може да се издвои некоја сума што ќе ги покрие здравствените трошоци за овие луѓе? А на 100 метра од кај што починал човекот никнуваат велелепни зданија. За жал ништо не сме научиле ние, кога на вага, на едниот тас поставуваш човечки живот, а на другиот камења.
Бездомиците, барем големиот дел од нив не веруваат во туѓа помош, затоа пак се враќаат на улица. А тоа за здравствени трошоци, државата ги води како фантом граѓани, бидејќи голем дел од нив немаат лични документи, и затоа ја отежнува ситуацијата да се лечат во здравствени установи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.723
Поени од реакции
18.255
Бездомиците, барем големиот дел од нив не веруваат во туѓа помош, затоа пак се враќаат на улица. А тоа за здравствени трошоци, државата ги води како фантом граѓани, бидејќи голем дел од нив немаат лични документи, и затоа ја отежнува ситуацијата да се лечат во здравствени установи.
Со оглед на убавините што ги виделе од останатите не ги окривувам воопшто. А државата ептен се претргна било што да направи, освен кога ќе дојдат камери да снимаат нормално.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.210
Поени од реакции
5.149
Државата не помага , но и народот не помага ... само си проверував низ Центар еден старец бараше пари на мирен глас , му дадов само 10 денари ... и пазам на него , да видам како ќе помине понатаму... сите го игнорираа , некои му кажуваа каде да бара , демек оди понатаму ќе ти дадат, други не го ни погледнуваа итн.
И мене последново време не ми се даваат , кога гледам како дишат лепак , пијат ракија , цигари итн , како им крадат на граѓаните од џебовите .... кога гледам дека има некои добро облечени ’’макроа’’ кои ги злоупотребуваат питачите , ги носат низ државата а собраните пари им ги земаат.

Вистина дека ние со нашата смешна помош можеме само да им помогнеме да купат лепак и храна , но не можеме да им го решиме проблемот. Не дека не собираат питачите пари , верувам најмалку 5 евра дневно си вадат , но реков дека не се сите за нив, плус додај злоупотребувањата.

Државата е таа која треба да работи со нив , да им понуди помош на тие во длабока сиромаштија , секој од нив има и психички проблеми.

=

Иначе починатиот дали е тој што долго време спиеше на клупите кај Жена Парк , со еден куп ќеси , спроти болницата , близу до фонтаната.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Бездомиците, барем големиот дел од нив не веруваат во туѓа помош, затоа пак се враќаат на улица. А тоа за здравствени трошоци, државата ги води како фантом граѓани, бидејќи голем дел од нив немаат лични документи, и затоа ја отежнува ситуацијата да се лечат во здравствени установи.
Добро бе пичка му материн, толку ви се испрани мозоците за да и во вакви ситуации барате форма да ја браните државата?
Па читаш бе искази од продавачкиве на какви одговори наидувале ко че се јавеле кај надлежните да му посочат за проблемот?
Да се испосерам јас во ова смрдена држава, шо ми ја вреѓа интелегенцијата обидувајќи се да ми всади во мозоков дека се е розово.
Луѓе умира на баснословни споменици, секој ден еден со еден се колиме, оти на некој му прднало на куро дека треба да се мразиме меѓусебе, другарот од вчера сега на мене гледа како на душман, оти тој бил патриот а јас сум бил предавник.
Па не бугарски, абе грчки пасош да ми да, со две раце потпишувам, и се гонам у пичку материн, и не цапнувам појче овде.
Не можам да го опишам моменталниов микс од емоции на гнев, згрозеност и омраза што го чуствувам во моментов. Ретко, ако не и никогаш сум имал вакво чуство.:mad:
 
?

..........

Гостин
Да се испосерам јас во ова смрдена држава, шо ми ја вреѓа интелегенцијата обидувајќи се да ми всади во мозоков дека се е розово.
Тоа е тоа пријателе, во болница само за пари лечат, ако немаш пари кој те ебе умри си...тоа е реалноста тоа е факт, ми се има случено да одам на лекар затруен од храна во очајна состојба, бев сам дома едвај ја најдов книшката, неможев да најдам картони а и немав пари во мене, случајно дојде пријател кој е член на форумов (може да го потврди ова) ме однесе со такси како 90 годишн старец бев изнемоштен, во општа амбуланта....во Кавадарци. Кога стигнавме таму докторот вика кај ти се картоните? ...му викам ке донесам покасно..имам картони неможев да ги најдам...епа сега знаеш дека треба да платиш 450 денари за преглед...ако имаш пари арно ако не оди најди си и плати си...неможе ние да ти помогнеме:confused: ???? каде е лекарската моралност????...ме оставија да умирам на улица....ајде се вративме, позајмив пари...отидов во градска болница... Одевме двајцата со лифтот до горните катови каде што требаше да ме пррегледат....потпрен на пријтелот изнемоштен стигнавме, кога ме виде докторот првите зборови му беа; еее пак ли се изопивте синоќа???? :mad: попиздив но немав сили да го отерам у на мајкаму пичката....ме ставија на инфузија во една соба со еден постар пациент...поминаа неколку часа ми се подобри ситуацијата, и додека муабетевме со старчето што лежеше до мене, одеднаш ми вика: абе ти да не се помоча? што? му викам, па има течност на креветот и на подот, погледнувам и инфузијата наместо да ми тече во крвта капела на креветот и по подот...викнав дојде една сестра видно исплашена, ме прегледа ја смени инфузијата ...ме префрли на друг кревет....ете како можев да си умрам, да примам воздух преку вените и дирекно удар на срцето.......Во една друга ситуација таткоми со 4 скршени ребра од сообракајка го пуштија втората ден на домашно лекување само затоа што е крводарител и по закон немаше да плати ако лежеше повеќе, онолку колку што е потребно.......ете тоа е во оваа скапана држава..
И овој случај со бездомникот се повторува по којзнае кој пат, нормално лугето кои го гледале како умира повикале брза помош...сепак луге сме да му се сневиди, не е сеедно да гледаш како некој умира па кој и да е...ама ете се работи за бездомник, кој го ебе нека умре....немат време они да се замарат со тоа за време на пауза, на цигарче и на кафе, да им се мочам во тоа лекарите скапани:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom