Поубаво е сам да се живее или не?

С

Спенсер

Гостин
ихххх како би живеел саааммм... ке учам кога сакам,ке глеам тв кога сакам, ке викам друштво кога сакам, ке јадам кога сакам...ке се бањам коа сакаммм!!
 
filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
ихххх како би живеел саааммм... ке учам кога сакам,ке глеам тв кога сакам, ке викам друштво кога сакам, ке јадам кога сакам...ке се бањам коа сакаммм!!
И за недела-две ке сфатиш дека неможеш сам да опстанеш, ке те мрзи јадење да си праиш, една иста облека ке носиш 2 недели,нема да ти текне да зачистиш по дома,ке паднеш година на школо. :smir:
 
ај се кладиме??? само ке неам пари...да ме финансираат,сам ке си праам за јадење,ке научам да перам и пеглам...не е проблем ако иам машина:D:vozbud:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
убаво е да се живее сам ама воопшто не е лесно, после 9 часа работа кога ќе си дојдеш дома претепан и треба да си направиш јадење па да зачистиш па да спружиш алишта на -10, па се затнала канализацијата итн... итн... а за сметките да не правам ни муабет...
а ако тоа сам подразбира да не живееш со родителите под исти покрив а да живееш со некој што го сакаш е тоа е веќе вистинската работа
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
И за недела-две ке сфатиш дека неможеш сам да опстанеш, ке те мрзи јадење да си праиш, една иста облека ке носиш 2 недели,нема да ти текне да зачистиш по дома,ке паднеш година на школо. :smir:
И шо сакаш да кажеш демек не е подобро сам да си а?
Ај викни ја женската дома со мајка ти и татко ти филм гледајте (Пример:))
Во 7 ми влева мајка ми во собата и ајде на школо...
А кога си сам сакаш оди на школо не ти се оде не одиш... се е подобро :smir:
Знам како е сум останувал почесто сам дома... кога ќе направам разлика подобро е сам :)
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Сметав дека е далеку подобро да живееш сам, ама откако делумно го искусив и тоа, не, благодарам. Нормално, не би живеела со секого само за да не бидам сама, ама с`е додека имам со кого, не би одела на варијанта сама. Сакам да имам кому да посакам добро утро и добра ноќ; кого да прашам како го поминал денот кога ќе се вратам дома; кого да гушнам пред да заспијам; кој да го пцујам што ме разбудил, а да не бидат тоа комшиите или телефонот. Сакам да имам за кого да правам кафе, освен за себеси; сакам да бидам опкружена со луѓе, а не со ѕидови и неподнослива тишина.

А и обожавам кога ќе видам расфрлани алишта по станот или нечисти садови во судоперот, а да не бидат мои :icon_bigg
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ако ви се живее сами, еве, види колку празни манастири има, таман за вас..
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Сметав дека е далеку подобро да живееш сам, ама откако делумно го искусив и тоа, не, благодарам. Нормално, не би живеела со секого само за да не бидам сама, ама с`е додека имам со кого, не би одела на варијанта сама. Сакам да имам кому да посакам добро утро и добра ноќ; кого да прашам како го поминал денот кога ќе се вратам дома; кого да гушнам пред да заспијам; кој да го пцујам што ме разбудил, а да не бидат тоа комшиите или телефонот. Сакам да имам за кого да правам кафе, освен за себеси; сакам да бидам опкружена со луѓе, а не со ѕидови и неподнослива тишина.

А и обожавам кога ќе видам расфрлани алишта по станот или нечисти садови во судоперот, а да не бидат мои :icon_bigg
затоа постојат девојки т.е. во твојот случај момчиња;)
би пробал да живееам сам,сепак тоа ти е животно искуство за во иднина(сепак цел живот не можеме да живеем со родители поради многу причини),....е сега кај нас поголем е проблемот НЕМА КОЈ ДА ТИ НАПРАВИ јадење после работа,нема кој да исчити,нема кој да испере алиштата,да го суреди домот,да испегла алишта,да го поправи казанчето итн отколу вистинската причина на определувањето да живееш сам т.е. снаодливост,успешност,способноста
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
затоа постојат девојки т.е. во твојот случај момчиња;)
би пробал да живееам сам,сепак тоа ти е животно искуство за во иднина(сепак цел живот не можеме да живеем со родители поради многу причини),....е сега кај нас поголем е проблемот НЕМА КОЈ ДА ТИ НАПРАВИ јадење после работа,нема кој да исчити,нема кој да испере алиштата,да го суреди домот,да испегла алишта,да го поправи казанчето итн отколу вистинската причина на определувањето да живееш сам т.е. снаодливост,успешност,способноста
Не можеш да знаеш додека не пробаш, затоа go for it :wink:

Кај кои тоа "нас" е проблем со суредување на сопствениот неред и одржување хигиена во домот?
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Не можеш да знаеш додека не пробаш, затоа go for it :wink:

Кај кои тоа "нас" е проблем со суредување на сопствениот неред и одржување хигиена во домот?
но малку ми е mission impossible,па затоа ќе чекам од дома да ме избркаат,но некако и тоа тешко ми оди:))...шала на страна најголем проблем кај нас се финансиите т.е. не ти се исплати да даваш за кирија(сопствен стан или куќа е СФ) мин.4000
кога мислев за НАС-мислев во глобала за нашето општество(иако знам дека некој сосема добро ќе се снајде во извршувањето на домашните задачи,но тоа е само мал процент од севкупноста)
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Живеам сам под кирија во друг град,со таа разлика што финансиски ме поддржуваат родителите.Предности:имам мир :) ,не поднесувам извештаи што како правам,значи правам се што ќе ми текне,носам друштво кога сакам,со женска сум во било кој момент од денот,сам си готвам,чистам :D.Недостаток е што некогаш ми фали некој до мене,ретко но сепак фали.

Се на се,мислам дека вреди да се проба да се живее некој период сам
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
но малку ми е mission impossible,па затоа ќе чекам од дома да ме избркаат,но некако и тоа тешко ми оди:))...шала на страна најголем проблем кај нас се финансиите т.е. не ти се исплати да даваш за кирија(сопствен стан или куќа е СФ) мин.4000
кога мислев за НАС-мислев во глобала за нашето општество(иако знам дека некој сосема добро ќе се снајде во извршувањето на домашните задачи,но тоа е само мал процент од севкупноста)
Нормално, финансиските можности го диктираат начинот на живот, основни предуслови според кои ќе живееш вака или онака, Навиката не е проблем, човекот лесно свикнува и се адаптира на промени. Но, кога станува збор за избор, јас би рекла дека зависи од моменталните желби и потреби на самата личност и карактерот на истата.

Знаеш дека мал процент се способни да живеат сами или бараш изговор за себеси?

Мал процент луѓе не се способни да живеат сами поради неможноста да се грижат за себеси, како резултат на инвалидитет, ментална ретардација, болест, старост, и секако децата кои се зависни од своите родители. Справувањето со извршувањето на домашните обврски не е прашање на способност, тука прашање на волја и желба. Секоја здрава личност е способна да испере, испегла, да си приготви јадење или не знам што уште не. Ако не знаеш, со малку труд и желба - ќе научиш, никој учен не се родил. :wink:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Само со дечко ми, у никој случај сама. Најгадно нешто е да живееш сам.
 
:nenene:
подобро е сам да се справам со одредени ситуации(макар и неколку пати да погрешам) отколку друг да чекам тоа да ми го реши,затоа постојат советите и грешките нели:smir:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
сам да живее човек ке полуди.. ке почне да се враќа во минатото. има недостаток на друштво недостаток на одредени работи. некогаш колку и да посакуваме да живееме сами кога подлабоко ке размислиме ке видиме дека не е баш така.. за било која работа потребни се барем двајца најмалку. па исто така и за живеење :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom