PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.495
Потполно се согласувам со тебе, така е во западните земји одамна ... арно ама ние сме Балкан и овдешниот менталитет е поинаков, кај нас традиционално тие семејни врски се доста силни преку целиот живот односно и човек да се ожени пак на некој начин ќе биде близок со своите родители, ќе живее во истиот дом со нив и пак ќе биде под нивна команда на некој начин...сметам дека ако веќе си завршил факс или си при крај и си се вработил дека нај идеално е да се осамостоиш и да се тргниш настрана и да започнеш живот на само или со партнерот/ката, нема да се занимаваш со роднини и семејството дома туку едноставно ќе се челичиш за твоето семејство, не за џабе во САД и др места на запад после полнолетство младите се селат и живеат оделно од родителите без разлика дали сејавува контра ефект или не.
ОК е човек да ги негува семејните врски, да си го сака семејството родителите но сепак мора да биде и самостоен и слободен свој човек а не цел живот некој да му стои над глава и да го командува што да прави и како да живее ... во Австралија на пр. каде што имам роднини нивните деца живеат одделно од родителите уште од 21 год. родителите си живеат во семејната куќа, едното дете живее во сосема друг дел од градот, а другото дете во сосема друг дел на градот и секој си го тера својот живот независно, никој на никого не му кажува што да прави и како да живее, сакале се женеле/мажеле, сакале не се женеле/мажеле, сакале вака правеле, сакале онака правеле, ама таму стандардот е висок, примањата, а и ретко кој е невработен !
Кај нас 50 години беше Социјализам, имаше масовна преселба на народот на релација село-град, индустријализации, образование, еманципации и триста чуда но народот во голема мера си остана потполно ист со потполно исти традиционални сфаќања како и претходно што ги имал уште пред Социјалистичкиот период !
--- надополнето: 11 август 2013 во 17:17 ---
Остај тоа манастирите, тоа е веќе религија, оддаденост кон бога пфф ...Ако ви се живее сами, еве, види колку празни манастири има, таман за вас..
Животот во планина или пак и не мора да е планина но да е место некаде оддалечено од градскиот метеж мислам дека е спокој за душата, секако да си имаш струја, вода, телевизор, компјутер+интернет, мобилен па и ауто за недај боже итни потреби ...
Животот во големите градови, како што стана Скопјево на пр. мислам дека е веќе неподнослив пред се ти ја разорува постепено психата а и целокупното здравје и човек ќе се разболи со тек на време, премногу народ, бучава, сообраќај, галама, смрдеа, загаденост, проблеми и триста чуда... немаш каде да излезеш(зборам за во природа) бидејќи се е усерено и загадено, еден милион народ собран на едно купче, преку еден милион возила, сообраќаен метеж 24/7, општа скапотија и.т.н.