Поубаво е сам да се живее или не?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Зависи од тоа со кого сме живееле или живееме и какви ни се односите.Со мајка ми се сложуваме...и во добро и во лошо сме навикнале една на друга и би ми било чудно ако треба да живеам сама иако прилично добро се снаоѓам и кога сум сама подолго време.
Сепак потешко е и од финансиски аспект за сам човек и најдобро е кога можат да се поделат финансиските обврски.

Не е тешко да се живее сам посебно ако човекот има исполнет живот и не поминува премногу време дома,сепак...би сакала да имам некој што ќе ми помага со задниот патент од фустаните :wink:.
 

AleksandarT

Reckless
Член од
16 ноември 2005
Мислења
180
Поени од реакции
9
јас живеам сам у скопје и супер ми е , како што кажа анабел ако не поминуваш многу време дома е ок, и убаво е да имаш слобода и да видиш како е сам да се живее
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Поубаво е сам. А може и со некого пример девојка или другар, и да делите трошок, ти работиш она/он работи. Битно да не си со твоите дома. Дома мора да живееш според нечии правила, а кога си сам, сам си правиш правила. Потешко е ама и поубаво да се живее сам.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Поубаво е сам. А може и со некого пример девојка или другар, и да делите трошок, ти работиш она/он работи. Битно да не си со твоите дома. Дома мора да живееш според нечии правила, а кога си сам, сам си правиш правила. Потешко е ама и поубаво да се живее сам.
:nenene::nenene:- никако
сам ага-сам паша
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Не би сакала да живеам сама, би ми било многу досадно, и сакам да бидам опкружена со луѓе, понекогаш е добро да бидам сама неколку дена но не и повеќе:pipi:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Јас уште од сега си се привикнувам сам да живеам, сакам да ја видам муката сеа за да успеам.:smir:
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
сама би живеела само некое време колку да ми помине меракот.. а после мора со некој зашо самотијата уништува.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
790
Поени од реакции
38
Не е убаво сам да се живее.Еве јас живим веќе 3 години сам и веќе почнувам да се замислувам за семеен живот.
Кога живиш сам нема со кого да си кажеш некој муабет.Лоша работа е да живиш сам.

Како велиме ние во Бугарија-сам човек е само за у WC.Никаде другаде.:smir::smir::smir:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Најубаво сам, си правиш што сакаш едноставно уживаш, а и не се распрваш со никого. Aко ти треба некој за муабет одиш кај него или го викаш кај тебе :)
 
С

Спенсер

Гостин
И јас сакам сам :) Ке си правам што сакам,кога сакам :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Некогаш ми е добро да се повлечам и изолирам одреден период. Некогаш се задоволувам со истата работа и во обичен ден.
Човекот како суштество тежнеј кон среќа, а таа среќа на живеење сам, оддалечен од друзи лујџе се вика ,,среќа на спокојство". Потребна му е секому, но не секогаш и не засекогаш.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Поубаво е да се живее сам, особено доколку е човек веќе изнад 20 или 25 години но под услов да има сопствени приходи и тоа редовни и нормални секако !
Подобро е човек да живее сам макар и во мало станче или мала куќа/рка отколку да живее во голема куќа која е семејна и во која живеат да речеме 4-5 ли 6 члена на тој начин се губи слободата односно кога човек живее со повеќе лица со баба и дедо, мајка и татко, брат или сестра(зависи) се чувствува затворено и осамено бидејќи незгодно е од твоите било кого да викнеш дома(другари/другарки/познаници) од друга страна ако си сам ќе имаш целосна слобода и ич нема да ти биде гајле никој нема да ти води ред што правиш, каде и кога одиш, кога се враќаш и нема да ти биде гајле и незгодно кога и кого ќе викнеш дома ... така да човек ќе биде позатворен и поосамен доколку живее во семејна куќа заедно со своите, а далеку послободен во секој смисол доколку живее сам !
Но како резултат на менталитетот и како резултат на неповолните социо-економски услови во државава младите сакале-нејќеле се осудени да живеат со родителите до подоцнежни години да не речам цел живот, бидејќи работа нема, а и да се најде знаеме колкави се приходите и тоа е тоа !
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
сметам дека ако веќе си завршил факс или си при крај и си се вработил дека нај идеално е да се осамостоиш и да се тргниш настрана и да започнеш живот на само или со партнерот/ката, нема да се занимаваш со роднини и семејството дома туку едноставно ќе се челичиш за твоето семејство, не за џабе во САД и др места на запад после полнолетство младите се селат и живеат оделно од родителите без разлика дали сејавува контра ефект или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom