Отсекогаш ми било мистерија зошто секогаш јужноамериканските држави се светски лидери во инфлација.
Не знаат како да ги изменаџираат сопствените економии.
Располагаат со природни богатства во изобилство, но дури и после грабежот - пардон: инвестициите, од странските разбојници - пардон: странските инвеститори, и тоа малку што ќе им остане не знаат како да го искористат.
Секако дека тука ЦИА и САД си играат клучна улога, на крајот на краиштата, сето оружје и муниција кои завршуваат во рацете на наркокартелите не доаѓаат од другата страна на Тихиот Океан или од другата страна на Атлантскиот Океан, туку доаѓаат северно од Рио Гранде.
Но латиноамериканските народи се претежно питоми од гледна точка на отпор кон надворешна агресија, а тука им е и Монровата доктрина на САД, која минатата 2023 година го одбележа својот 200-ти роденден, а која налага дека САД нема да дозволат некој надвор од двата американски континента да си го пика носот во латиноамериканските држави. Русија се обидува да практикува слична политика кон државите кои се граничат со нејзе, во последно време кон Украина, но некако тоа не им чини на САД и нивните европски марионетки.
Убаво рекол Порфирио Диаз, претседателот на Мексико со најмногу мандати - дури 7 (СЕДУМ):
" Кутрото Мексико, толку далеку од Бога, а толку блиску до САД " .
Ама па на венецуелските социјалисти не може да им бидат криви ЦИА и САД за нивната неспособност да водат економија.
Па една Куба која е ограничена со ресурси успева да опстои - не да напредува, туку да опстои - со американско ембарго и други гнасотилаци кои ЦИА и САД им ги приредуваат, а една Венецуела со најголеми нафтени резерви во светот, богата плодна почва и ресурси не успева да го нахрани сопственото население, а не па да поправи една рафинерија за да може да ја преработи сопствената нафта.
Е за тоа не може да им бидат криви ниту ЦИА, ниту САД, за тоа се криви само венецуелските социјалисти и нивната неспособност.
За жал истата болест на неспособност се шири низ цела Латинска Америка, не во облик на социјализам, туку во други облици, еве ги Аргентинците како најтазе пример, тазе Евреин кого го нарекуваат Лудак, ги воведува во нови бездни на пропаст, а себеси се декларира како заколнат анти-комунист и анти-социјалист.
Не е поентата во тоа на власт да дојде капиталист или социјалист, туку компетентен економист.
Еквадор виде бел ден кога социјалистот Рафаел Кореа им дојде на власт и ги раздолжи, па за прв пат живееја на раат како нација без долгови, но наследникот на Кореа сето тоа го поништи и го уништи, а денес Еквадор е дувло на криминални банди и уличен терор.