Политички случувања во Аргентина

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Типот си е ерген, исто како и фирерот своевремено во Нацистичка Германија, има право да се лигави со кого/која сака пред и позади камерите.
Обично од лидери на држава се очекува да проектираат морал и други квалитети... Не разврат. :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Обично од лидери на држава се очекува да проектираат морал и други квалитети... Не разврат. :D
Мислам дека тој брод Барак Хусеин Обама го испрати на неговата последна пловидба, по што удри во санта мраз и засекогаш остана изгубен.

Од тогаш па наваму главно натпреварување помеѓу политичарите е ископување на дното кое го допреле со цел да го направат уште подлабоко.

Но да бидеме искрени, Берибери Обама е само производ на идиотизмите кои неговите претходници ги направија, а кои тој само ги метастазираше, не е главниот виновник.


 
Последно уредено:

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
747
Поени од реакции
639
Argentina’s President Arrives in Israel, Reiterates Pledge to Move Embassy to Jerusalem

Milei has brought Argentina’s FM Diana Mondino and his personal Rabbi Shimon Axel Wahnish along with him on the three-day trip.

Argentina’s total sovereign debt currently exceeds $400bn, Milei needs to keep on his paymasters good side.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.991
Отсекогаш ми било мистерија зошто секогаш јужноамериканските држави се светски лидери во инфлација.

 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
Отсекогаш ми било мистерија зошто секогаш јужноамериканските држави се светски лидери во инфлација.
Аргентина пред 100г била најбогата држава во светот. Народ почнал да верува во дедо мраз, социјализам и ете ти ги последиците.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Аргентина пред 100г била најбогата држава во светот. Народ почнал да верува во дедо мраз, социјализам и ете ти ги последиците.
Како да не била. Имале некој напредок пред да биде национализирано све. После тоа се соочуваат со инфлација. После 1945та
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Отсекогаш ми било мистерија зошто секогаш јужноамериканските држави се светски лидери во инфлација.

Не знаат како да ги изменаџираат сопствените економии.

Располагаат со природни богатства во изобилство, но дури и после грабежот - пардон: инвестициите, од странските разбојници - пардон: странските инвеститори, и тоа малку што ќе им остане не знаат како да го искористат.

Секако дека тука ЦИА и САД си играат клучна улога, на крајот на краиштата, сето оружје и муниција кои завршуваат во рацете на наркокартелите не доаѓаат од другата страна на Тихиот Океан или од другата страна на Атлантскиот Океан, туку доаѓаат северно од Рио Гранде.

Но латиноамериканските народи се претежно питоми од гледна точка на отпор кон надворешна агресија, а тука им е и Монровата доктрина на САД, која минатата 2023 година го одбележа својот 200-ти роденден, а која налага дека САД нема да дозволат некој надвор од двата американски континента да си го пика носот во латиноамериканските држави. Русија се обидува да практикува слична политика кон државите кои се граничат со нејзе, во последно време кон Украина, но некако тоа не им чини на САД и нивните европски марионетки.

Убаво рекол Порфирио Диаз, претседателот на Мексико со најмногу мандати - дури 7 (СЕДУМ):

" Кутрото Мексико, толку далеку од Бога, а толку блиску до САД " .

Ама па на венецуелските социјалисти не може да им бидат криви ЦИА и САД за нивната неспособност да водат економија.

Па една Куба која е ограничена со ресурси успева да опстои - не да напредува, туку да опстои - со американско ембарго и други гнасотилаци кои ЦИА и САД им ги приредуваат, а една Венецуела со најголеми нафтени резерви во светот, богата плодна почва и ресурси не успева да го нахрани сопственото население, а не па да поправи една рафинерија за да може да ја преработи сопствената нафта.

Е за тоа не може да им бидат криви ниту ЦИА, ниту САД, за тоа се криви само венецуелските социјалисти и нивната неспособност.

За жал истата болест на неспособност се шири низ цела Латинска Америка, не во облик на социјализам, туку во други облици, еве ги Аргентинците како најтазе пример, тазе Евреин кого го нарекуваат Лудак, ги воведува во нови бездни на пропаст, а себеси се декларира како заколнат анти-комунист и анти-социјалист.

Не е поентата во тоа на власт да дојде капиталист или социјалист, туку компетентен економист.

Еквадор виде бел ден кога социјалистот Рафаел Кореа им дојде на власт и ги раздолжи, па за прв пат живееја на раат како нација без долгови, но наследникот на Кореа сето тоа го поништи и го уништи, а денес Еквадор е дувло на криминални банди и уличен терор.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
просперитетот @Bafra Али како викаат, треба да се искали народот преку тешкото за да може да просперира на долг рок кога Миле све што е државно ќе продаде и ќе го стави цел народ у рацете на алчни корпорации.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
просперитетот @Bafra Али како викаат, треба да се искали народот преку тешкото за да може да просперира на долг рок кога Миле све што е државно ќе продаде и ќе го стави цел народ у рацете на алчни корпорации.
Досега народот во Аргентина живееше во благосостојба и просперитет, бидејќи беше во рацете на моралните, чесни и скромни политичари. Што мене ме спомнуваш во темава, ене ти ги верниците во БРИКС и дека новиот поредок ќе биде мед и млеко за народот низ светот....

Пробај биди попрецизен во што ти е поента. Не само ко ветрушка.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Досега народот во Аргентина живееше во благосостојба и просперитет, бидејќи беше во рацете на моралните, чесни и скромни политичари. Што мене ме спомнуваш во темава, ене ти ги верниците во БРИКС и дека новиот поредок ќе биде мед и млеко за народот низ светот....

Пробај биди попрецизен во што ти е поента. Не само ко ветрушка.
Само пренесувам што сум нашол ново. Ете 57% од народот у сиромаштија живи, а пред него само 40%. Башка што го обезвреднил пезосот за 50% од ноември кога го избраа.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.648
Стајлингов на Милеи застанал со победата на Аргентина врз Холандија, Лето Господово 1978 година...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom