Политички случувања во Аргентина

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
ОК, Аргентина станува доволно интересна за посебна тема. Накратко Аргентинците имаат нов Претседател кој се одзива на името Миле(и). Миле ветуваше многу од правите работи, и гласачите го изгласаа. Но една од првите работи што Миле ги направи беше да назначи свој претставник на самитот за климатски промени иако предизборно ветување му беше дека ќе ја повлече Аргентина од таквите обврски. Следна работа беше што Миле вториот ден после изборот за Претседател ја смени верата во Јудеизам и стана Евреј... Аргентина е претежно католичко христијанска земја каде Ислам, Будизам и Јудеизам заедно се окулу 1% од жителите. Веројатно за католичките гласачи (огромното мнозинство од гласачите на Миле) ова не им е сеедно.

Помеѓу другото Миле ветуваше и куп работи за подобрување на економијата и финансиите, но исто така една од првите работи кои ги направи беше да ја повлече Аргентина од стапувањето во БРИКС. Ова се разбира дека е огромна грешка, не најмалку заради перспективите на огромниот колективен пазар на државите од БРИКС. Во врска со Кина Миле сто така кажа и дека ќе ги прекине односите со „комунистичкиот диктаторски режим“... И затоа не е чудно зошто Кина го направи следново:



Инаку Миле на времето бил инструктор по тантрички секс, и практикувал многу кловновски акти како настапи со моторна пила и други егзибиции... По се изгледа Аргентинците го добија својот Зеленски. Ќе биде интересно да се следи натамошниот тек на настаните.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Како тргнавме со “Пресвртници” и “Политички случувања во …”
Не ќе да е на арно со Светов!

Инаку Миле забранил и протести по улици!
-ако сакате да протестирате, протестирајте на тротоар, и на крај ќе добиете сметка за полицијата што дошла да обезбедува!

Срцушка :love:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Ако ова е заради превенција на блокирање на улици од мала група (педери), тогаш ете макар една работа во која го поддржувам Миле.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Ако ова е заради превенција на блокирање на улици од мала група (педери), тогаш ете макар една работа во која го поддржувам Миле.
Ваљда ќе важи за се, освен за фудбал :ROFLMAO:
Мислам дека нема закон и устав на светов што ќе ги спречи аргентинците да испаднат масовно кога е фудбал у прашање…
Ако можат ова у Рио на Копакабана да го направат :Dhttps://youtu.be/BztWMsslHPI?si=IB6Jro163RYunqY3
На домашен терен Миле може само да свири :rolleyes:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
ама Вујче е фалименто, му порачаа на зЕлениот, така да Миле ќе на$ебе, а место Аргентина друг ќе влезе во Брикс ( може Волчко :cool:).. да видиме
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.678
Поени од реакции
38.864
Миле е назад со времето, не сфатил кој е новиот газда па се замерил со него. Сад за нас касно је.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Иронијава кога тука (као демек) му се смееме на Милеи…
А сами да се видиме во огледало кој сме ги гласале изминативе 30 и кусур години да не водат!?
Од сите заедно, еден саглам неможеш да составиш..! Кој IQ33, кој шизофреник пропаднат поет, кој на виски и бело, кој мегаломан што се пали на барокни фасади, кој само обичен лопов…
Абе еден саглам неможеш да составиш од сите!

Битно Аргентина ќе ја жалиме тука.. :свиркам:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.572
Иронијава кога тука (као демек) му се смееме на Милеи…
А сами да се видиме во огледало кој сме ги гласале изминативе 30 и кусур години да не водат!?
Од сите заедно, еден саглам неможеш да составиш..! Кој IQ33, кој шизофреник пропаднат поет, кој на виски и бело, кој мегаломан што се пали на барокни фасади, кој само обичен лопов…
Абе еден саглам неможеш да составиш од сите!

Битно Аргентина ќе ја жалиме тука.. :свиркам:
Иронијата е во тоа што Аргентинците имале и до денешен ден имаат кристално исти такви генијални ѓубриња од луѓе наречени политичари од кои човек не може еден саглам да состави.

Ако некој е за да му се смејат, тоа ќе да е другарот Јосиф во САД, а примери за неговата дементност ги има во изобилие, но додека кучињата лаат караванот си врви.

Така да, не е ништо страшно човек да им се потсмее по малку и на Аргентинците поради изборот што го направија со Лудакот - како што го нарекуваат, а и на него не му смета прекарот.

Веројатно изгласаа некаква аргентинска верзија на тој бразилскиот морон Жаир Болсонаро кој беше експерт за вакцини до тој степен што ги забрани руските вакцини - не делувале, така гласеше неговото објаснување за забраната. Веројатно единствено нормално и асално што направи тој кловн во целиот негов претседателски мандат беше тоа што никогаш не воведе карантини и задолжителни боцкања со неиспитани биохемиски супстанци.

Можеби Лудакот е на платен список на швајцарската хунта од Давос наречена Светски Економски Форум, можеби е на платен список на Вашингтон - што би објаснило многу работи, а можеби е и на платен список на Израел, малкумина знаат дека Аргентина е државата со најголемата еврејска дијаспора во Јужна Америка, а кој е во сојузништво со Израел мора да биде и во сојузништво со спонзорите на Израел, односно со САД.

Или па можеби сака да си игра со сите страни, како Јосип Броз Тито/Моамер Гадафи: давајте пари за да не влезам во сојуз со Русите/за да не ви ги пуштам имигрантите, па да го извлече максималниот можен профит за себеси, а можеби и за Аргентинците - што секако дека би било убава и добра работа за Аргентинците, но историјата говори дека подобро е да ги имаш САД за душмани отколку за пријатели.

Монровата доктрина која на почетокот на овој месец декември 2023 наполни 200 (ДВЕСТОТИНИ) години, говори дека европските држави немаат што да бараат на двата американски континенти, што сигурно делувало како прекрасна идеја во 19-от век кога латиноамериканските држави стекнувале независност осамостојувајќи се од Шпанија и Португалија - со недвосмислена и несебична поддршка од САД - но историјата на 20-от век, а и сегашноста во 21-от век, му покажа/покажува и докажа/докажува на човештвото дека на САД не им е важно каков кучкин син е на власт во една држава, се` додека е нивен кучкин син. Латиноамериканските народи ова го научија на потешкиот начин во 19-от и 20-от век и платија со крвопролевања за тоа, но тоа е несреќата на нивната географска локација на мапата, како што кажал мексиканскиот претседател со најмногу мандати - дури 7 (СЕДУМ) - Порфирио Диаз:

" Кутрото Мексико, толку далеку од Бога, а толку блиску до САД " .

Токму бидејќи и ние Македонците не сме во ништо подобра ситуација во споредба со Аргентинците, во ред е одвреме навреме да си истераме сеир на нивна сметка, и онака нема да им наштетиме на нив, а за нас имаме кој да ни наштетува - нашите најдобри "пријатели" и "сојузници", иако да си бидеме искрени, никој не може да ни наштети на нас толку колку што можеме да си наштетиме ние на самите себеси.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Неам многу информации ама колку што имам разбрано нема баш политичка моќ да ги имплементира идеите. Посебно за земја како Аргентина либертаријански пристап е прав чекор ама во реалност тешко се имплементира.

Лично јас би соработувал повеќе со УСА отколку со Кина доколку може да се насочат интересите во ист правец.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Хаха, да. Само треба нас Македонците да не видат како пример, за Аргентинците да го разберат тоа колку е добро да „соработуваш“ со САД, и да бидеш „пријател и сојузник“ на САД.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom