Паднати гиганти - економска историја на Македонија и Балканот

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Добро би било да се знае вистинската причина зашто пропаднале, али ретко кој е 100% упатен во вистинските причини а не рекла/кажала или пак од политички побуди...
Вистинската причина е јасна...
Мешавината од договорна и пазарна економија уникатна за СФРЈ и моделот на социјалистичко самоуправување, е главната причина за падот на сите наведени гиганти.
Тие сите страдаа од превработеност, но и од застарена технологија. Тие сите беа општествени фирми, во превод - сечие и ничие. Државата вели - нека управуваат работниците со нив, директорите земаат големи плати и уживаат. Технологијата во нив е веќе застарена кон крајот на 80-тите години и ретко која од нив работи со позитивен резултат. Сите генерираат загуби, бараат и добиваат кредити само „на лепе очи“, што повлече и банките да бидат во очајна состојба.
Целта на општеството тогаш беше што поголема вработеност, и се вработуваа луѓе во постојните капацитети, наместо градење нови и модернизација на постојните.
По распадот на СФРЈ, а со тоа и на тој економски систем, дојде приватизацијата, која како и да беше спроведена ќе имаше последици.
Единствено, ако беше поинаку изведена, можеше како последица да има помал број на луѓе кои останаа без работа.
Со еден збор, системот кој ги створи тие гиганти, со својата смрт ги повлече и нив во смрт, бидејќи во друг систем, такви какви што беа, и немаше шанса да преживеат.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Зашто само во Македобија,Србија и Босна се направи таква приватизација.
Што не земавме пример од Словенија и Хрватска
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Зашто само во Македобија,Србија и Босна се направи таква приватизација.
Што не земавме пример од Словенија и Хрватска
Србија и Босна тргни ги настрана... Србија ја чека приватизација... тие сеуште имаат огромен број државни компании.
Босна... Босна започна се од 0 после војната во 1995.
Словенија и Хрватска...
Сети се дека Словенија пред распадот на СФРЈ ги испумпа девизите од цела ЈУ преку Љубљанска банка... Елан и Горење правеа фиктивни стечаи, ги изиграа доверителите од остатокот на СФРЈ и влегоа чисти во новата држава... башка, тие имаа бренд... тие, за разлика од нас, продаваа готови производи од суровини земени од другите републики. Земаа доматено пире, продаваа кечап... Ајвар замисли продаваа како готов производ, а суровината купена за џабе. Тие најмногу извезуваа, имаа прилив на девизи, а ние домашен пазар... јбг...
Хрватите изиграа попаметно, не дека и тие немаа болна транзиција... но многу помалку болна од нашата. Но, и во моментот на распадот на СФРЈ имаа и многу посовремени фабрики према нашите.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
За една од најголемите фабрики во поранешна СФРЈ - Македонка, Штип

Во социјалистичко време, текстилните и трикотажните индустрии во Македонија својот бум го доживеаја во периодот од 1946 до 1989 година.Владата на СФРЈ во тоа време одлучи да ја подобри македонската економија од занаетчиска во индустриска.Затоа се инвестираше во неколку клучни сектори, производство на електрична енергија, металургија, хемиска, тутунска, кожена, прехранбена индрустрија и текстил. Меѓу нив беше и текстилниот гигант во Штип, фабриката „Македонка“ која беше изградена 1950-та година.

Комплексот беше испланиран на начин што е незамисливо и за денешни услови. Со гардероби за вработените, тушеви, ресторан, продавница, амбуланта, лаборатории и административни простории, во тоа време таа беше една од најголемите и најмодерните фабрики во цела СФРЈ. Важноста на оваа фабрика е толку голема што Јосип Броз Тито ја посети во 1959 година.
Во 1955 година уделот на Македонка во БДП изнесуваше 65 отсто во штипскиот регион, и 80 отсто од БДП на индустријата на регионот.

За потребите на нејзините вработени, фабриката дополнително изгради комплекс станбени згради, па во 1962 година Македонка поседува 171 двособен стан и 120 еднособни апартмани. Македонка даваше кредити без камата на децата на вработените кои студираа, но кредити одобруваше и за други цели.Фабриката поседуваше свој камп на брегот на Охридското езеро, летно одморалиште на Плачковица и хотел на Дојранското езеро. Работниците при користење на хотелите плаќаа по симбилични цени, а фабриката ги финансираше самите одморалишта.

Развојот на фабриката, не беше одбележан само со нејзиното физичко зголемување туку и со воведување на нови производствени линии.Од предилница, прерасна во компанија за преработка на памучни ткаенини. Македонка произведуваше три видови на производи: предиво, сирова ткаенина и готови производи.Одделението за дизјан се развиваше на тој начин што во 1971 година беа направени 400 различни дизјани.Најзначаен потег во работењето на Македонка е што во 1983 година, Македонка изгради фабрика за производство на фармерки и ја купи лиценцата за производство на Вранглер.

Македонка профитираше поради тоа што памук се одгледуваше во штипскиот регион, но и во целата земја.Во поранешна Југославија, само Македонија задоволуваше 90 отсто од потребите за памук во Федерацијата.

Производите на фабриката се продаваа насекаде низ Југославија, Германија и други странски пазари.Во 1983 година, Македонка извезе производи во вредност од 3,5 милиони долари.

Проблемите на Македонка започнаа во 1973 година и продолжија кога значително падна производството на памук во Македонија, поради што фабриката се повеќе зависеше од увоз.Друг фактор кој негативно влијаеше на работата на фабриката се економските потешкотии на Југославија во 1980 година и раните 90-те поради падот на пазарот предизвикан од војните и разединувањето на федеративните републики.

Бидејќи финансиските загуби на Македонка продолжија и во раните 90-ти, беше вклучена во посебната програма за реконструирање на 25-те најголеми фабрики загубари во земјата.Владата беше насочена кон реорганизација на фирмата и решавање на проблемот со прекумерена вработеност со програмата на Светската банка. Постапката на ликвидација беше одложена додека производството продолжи и покрај загубите. Платите беа исплаќани од заеми за кои како гаранција беше ставена сопственоста на Македонка. Ваквата состојба беше неодржлива и работниците беа принудени да земаат одмор и да примаат 70 отсто од нивните плати.

Ваквата состојба го означи почетокот на крајот на еден од најголемите гиганти во текстилната индустрија. Со пропаѓањето на фабриката, условно кажано пропаднаа и многу семејства. Нервозите поради губењето на работните места ги платија со својот живот, со растурање на семејството, со продавање на покуќнината за да се преживее. Со замирањето на Македонка, замре и еден живот во Штип. Времето во градот под Исарот се брои пред и по „Македонка“.

„Македонка“ почнала со работа во 1952 година како предилница со 500, а во 1989 година стигна до 6.000 работници. Покрај другото, годишно произведуваше по 20 милиони метри сурови и исто толку доработени ткаенини, а пред три децении се комплетираше и со погони за деним и за џинс. Беше водечки производител на тој вид текстил во СФРЈ, а со нејзиното пропаѓање и растурањето на заедничкиот пазар почна и згаснувањето на комбинатот. Во 2000 година отиде во стечај, следната година стечајците од Владата добија 515 милиони денари за исплата на стаж од девет години, а погоните на „Македонка“ беа распродадени во периодот од 2003 до 2006 година. Со истата дејност, но само со 300 вработени, денес работат само погоните за џинс и за деним.

- Основната причина за пропаѓањето на „Македонка“ беше растурањето на големиот југословенски пазар, а влијаеја и непродуктивните вработувања и застарениот машински парк, во кој, за разлика од платите, малку се вложуваше. Kога тргна колата надолу, почнаа работничките протести и метежот и тогаш, за жал, беа пропуштени две одлични можности за продажба на комбинатот, за кој пред 12-13 години беа заинтересирани италијанските гиганти „Мирољо“ и „Зуки“ – вели Димитар Аџиев, некогашен раководител во „Македонка“, а подоцна и стечаен управник на нејзините погони Ткајачница и Џинс.

Денеска тие простории се купени од многу посебни конфекции или други фирми кои работат на тој простор.[DOUBLEPOST=1410698094][/DOUBLEPOST]Нешто и за Астибо од Штип

Во овој период, односно во 1962 година почнува со работа и „Астибо“. Оваа фабрика првин била одделение на „Македонка“, односно имала производствена линија токму на „Македонка“.
„Астибо“ почнал со работа една деценија по „Македонка“, во 1962 година. Kон крајот на осумдесеттите години на минатиот век имаше 4.500 вработени, од кои 2.700 во Штип, а останатите во неговите тогашни дислоцирани погони во Пробиштип, Kратово, Виница, Радовиш, Македонска Kаменица и во Македонски Брод. Беше водечки капацитет за производство на лесна конфекција во СФРЈ со сопствен бренд, со малопродажна мрежа низ целата тогашна држава, а дел од производството и извезуваше. Во 2001 година отиде во стечај, а следната година и во ликвидација. Објектите тогаш ги купи конзорциум од десетина штипски приватни конфекции.

- Тоа беше извонреден колектив, пример за добро стопанисување, но и за одличен стандард на вработените. За жал, пропаѓањето се случи многу брзо – истакнува Стојан Троицки, директор на некогашниот центар за информации на „Астибо“.

Kошули за Тито, вратоврски за Џими Kартер

Kако модна куќа „Астибо“ имаше одличен рејтинг во цела СФРЈ, па и надвор од неа, благодарение и на одличниот маркетинг. Многумина с` уште ја паметат одличната реклама на кошулите на „Астибо“ на кои беше лавот од старите македонски грбови. Југословенските медиуми често пишуваа кој с` носи астибова облека, а најмногу публицитет доби веста дека претседателот на САД носи вратоврска на „Астибо“.

- Во тоа време амбасадор на СФРЈ во САД беше Димче Беловски, кој имаше добри односи со тогашниот американски претседател Џими Kартер. Планиравме да почнеме извоз на вратоврски во САД, па една колекција му дадовме на Беловски, кој му ја подари на Kартер. Облека на „Астибо“ носел и Јосип Броз Тито. Наши моделари во неколку наврати одеа кај Тито да му земаат мерка за кошули или за друга облека – раскажува Троицки.
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
ЕМО во последниве 10 год е главен извозник на бакар ширум сите отпади во земјава :icon_lol:
А Емин братчед е најголем извозник за железо собрано од Струга, од селото, од сите села...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
А што да се рестартира од овие фабрики освен мувлосаните ѕидови?
Прашај го Елон Муск, неговите производствени погони на Тесла Моторс се сместени во поранешна напуштена фабрика од Тојота во Калифорнија.

Ако тој успеал од мувлосани ѕидови да создаде фабрика за производство на електрични автомобили, тогаш и кај нас е изводливо истото.

Потребни се инвеститори со памет, пари и добри намери, а тоа тешко дека ќе го дочекаме во блиска иднина во Македонија.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293

Значи Тесла ја рестартира Тојота? :pos:

Прочитај ја репликата на што сум реплицирал, после коментирај[DOUBLEPOST=1410699180][/DOUBLEPOST]
А Емин братчед е најголем извозник за железо собрано од Струга, од селото, од сите села...
Малу појќе од најголем извозник (y)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Значи Тесла ја рестартира Тојота? :pos:

Прочитај ја репликата на што сум реплицирал, после коментирај
Твојот коментар се однесуваше на прашањето за рестартирање на барем дел од напуштените фабрики во Македонија.

На прашањето ти возврати со друго прашање, индиректно потенцирајќи дека од фабриките нема што друго да се рестартира освен мувлосаните ѕидови.

Јас ти одговорив дека можеби треба Елон Муск да го прашаш како се рестартираат мувлосани ѕидови, бидејќи денешните производствени погони на Тесла Моторс се сместени во поранешна - читај - ПОРАНЕШНА И НАПУШТЕНА фабрика на Тојота, притоа потенцирајќи дека потребни се инвеститори со пари, памет, но истовремено и со добри намери за да ги рестартираат поранешните и напуштените фабрики во Македонија, а тоа тешко дека ќе го дочекаме во Македонија во блиска иднина.

Или со други зборови кажано, Тесла не ја рестартира Тојота, туку рестартирала поранешна и напуштена фабрика на Тојота, исто како што и фабриките за кои се дискутира на оваа тема на форумов исто така се поранешни и напуштени фабрики.

Земи ти подетално читај ги репликите кои ги примаш. ;)
 
Не би рекол дека станува збор за рестартирање.
Повеќе би рекол дека станува збор за искористување на веќе постоечки капацитети, во смисла заштеда на изградба или сл.
Нему му биле потребни објектите, и во тие објекти донел опрема, луѓе, ги приспособил за сопствената дејност и готово...
Во конкретниот случај станува збор за автомобилска компанија која адаптира простории на друга автомобилска компанија која ги напуштила истите, но тоа не значи дека би можело во поранешна фабрика за автомобили да работи на пр. фабрика за кабли. :)
 
Никој не го оспорува тоа.

Тоа се тие таканаречени браунфилд инвестиции - инвестирање во веќе постоечки застарени/затворени/напуштени производствени погони, наспроти гринфилд инвестициите - инвестирање во нови производствени погони кои се градат од темел, како што се овие фабрикиве на странските инвеститори во инвестициските зони низ Македонија.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Просто ко пасуљ, што би рекле по-на-север...ТРЕБАШЕ ДА ПРОПАДНАТ!!
Глобалистичкиот план не е заебанција , ниту завера ниту, причина за бутање глава во песок, туку реализација на еден концепт таков каков е: неколку процента свети крави кои го контролираат или поседуваат целото глобално богатство, десетина проценти нивни слуги и вазали и остатокот ..контролирано редуцирана популација овци , кои во секој случај ќе се доведат на интелектуално ниво беееее и благотелешки поглед, кои ќе се молзат, ќе се стришат или колат ..како ќе им ќефне на господарите.:)
Мораше да пропаднат бидејќи се распадна една држава и се растури еден систем ама не мораше да се изврши таква матна приватизација во која објектите и машините што останеле беа купени за без пари или колку што вредат ќерамидите или прозорите а кој знае може и колку исечените дрва под кои седеа работниците за време на пауза.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
ЕМО - Охрид, сега се дави во стечај а на времето имаше постојан отворен конкурс за вработување, се работеше во 3 смени а со Застава - Охрид (исто голема фабрика) се одеше на работа со пола сат разлика, - еден месец тие во 6 ипол почнуваа ние во 7 па следниот се менувавме, ради големите гужви и колони од автобуси и коли по истиот пат, произведуваше трансформатори, единици за електронско управување и контрола, сефови, расклопни апарати, алати... и кузнај шо се не, се извезуваше во Германија, Австрија, Индија, цела СФРЈ, блискиот исток (кај братските Либија, кувајт Ирак....) убави плати, цела фабрика со уредени тревњаци, цвеќиња, дрвја....
Да не си во тек со ситуацијата сега? Гледам пак почнал на берза да котира ЕМО од кога кажа пастирот дека странци ќе рестартирале два-три погони..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom