Паднати гиганти - економска историја на Македонија и Балканот

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
АД Славија Скопје

Денес ја користат многу фирми кои успеаа да грабнат од матната приватизација.
Најголем процент има Тинекс маркети


vvvvvvvvvvvv.jpg
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Мораше да пропаднат бидејќи се распадна една држава и се растури еден систем
Емо не правеше комунистички трансформатори ни комунистички расклопни апарати, си пасираа тие и на капиталистички електро системи. Знаеш дека германците бараа на производите од ЕМО да не стои ни ЕМО ни Made in Yugoslavia, си ставаа тие свои ознаки. И одеднеаш - тие фабрики станаа нерантибилни. Мал си и не памтиш како Тупурковски ни објаснуваше дека мора да се продаде рафинеријата во Скопје, дека таа е толку нерентабилна да оној кој ќе ја купи - ќе се заебе, и ја зедоа грците за ситна пара и веќе 20 години си печалат пари, затворивме погони кои беа единствени во регион и можеа да печалат во било кој систем со своите производи и квалитет.[DOUBLEPOST=1410707108][/DOUBLEPOST]
Да не си во тек со ситуацијата сега? Гледам пак почнал на берза да котира ЕМО од кога кажа пастирот дека странци ќе рестартирале два-три погони..
јас моите акции ги дадов уше пред 15 години на тие црногорци, од тогаш не знам шо се случува
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Емо не правеше комунистички трансформатори ни комунистички расклопни апарати, си пасираа тие и на капиталистички електро системи. Знаеш дека германците бараа на производите од ЕМО да не стои ни ЕМО ни Made in Yugoslavia, си ставаа тие свои ознаки. И одеднеаш - тие фабрики станаа нерантибилни. Мал си и не памтиш како Тупурковски ни објаснуваше дека мора да се продаде рафинеријата во Скопје, дека таа е толку нерентабилна да оној кој ќе ја купи - ќе се заебе, и ја зедоа грците за ситна пара и веќе 20 години си печалат пари, затворивме погони кои беа единствени во регион и можеа да печалат во било кој систем со своите производи и квалитет.
Памтам,памтам кога ја ветуваше милјардата од Тајван и пред да си оди ЈНА од Македонија
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Да не дојдел Васе ќе дојдел Тасе и пак ќе и е*аа мајката, ко и на сите други.
Точно али овој се ептен претера, ни плати им даваше на работниците ништо, и ај погоди знаеш што направиа луѓето што работеа таму, почнаа да си зимаа не 1 туку 3 плати, е сега тие што ги фатија лежеа затвор и тоа не баш малце време, али тие што не ги фатиа си направиа куќи по 3 спрата.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За текстилната индустрија нема што да се жали, конкуренција за истата ти е Африка и Индо-Кина плата поглема од 150-200 долари нема шанси да има .Робовска индустрија е тоа.Истото важи и за топилниците кои секој заработен денар од здравје ти одземаат два.Тие две индустрии во Македонија биле развивани зошто нудат огромно вработување а бараат многу ниска подготовка на вработените.

Али од друга страна прехрамбените,МЗТ,ЕМО,11 октомври,ОХИС,Еурокомпозит тоа биле компании кои со одредени реструктуирања би биле профитабилни.Истото важи и за градежните компании и производителите на градежни материјали кои можеле да опстојат да имале владите памет да им помогнат да ги продолжат договорите по Блискиот исток и Африка каде работеле со декади.

Али тоа е што е ,завршена работа е веќе тоа.Тие фабрики денес вредат само како старо железо,а кадар има уште помалку.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Памтам,памтам кога ја ветуваше милјардата од Тајван и пред да си оди ЈНА од Македонија
Tоа беше прикаската за милијарда долари од емиграцијата и бизнисмените македонци во дијаспората, демек собрани се милијардата, и се чека да се прогласи независност и да ни ги дадат, па се прогласи независност и не дадоа и така пропадна и таа милијарда. Тајванската милијарда дојде покасно. Јас ги живеев тие моменти на осамостојување, како ќе сме извезувале домати пиперки ракија.. во Европа, кога германцо ќе пробал македонски домат - одма ќе сака да се пресели и живее тука, па литар ракија - поскапа од литар виски ќе била, само се чека одлуката за независност па да тргнат шлепери со домати и пиперки на кај европа, кили домати - кило компјутери - така викаше Климе од Оровник во 1991, а пак Мише од Велгошти викаше, Мојата анасонка 50 марки литро, домашна најуба ! мислам дека сега се двајцата без работа, дома земјоделие ако чепкаат.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Од секогаш сум се прашувал, дали се исплати наместо трчање по странски инвестиции како по светиот грал да инвестираат пари и да ги рестартираат барем дел од овие фабрики ( најверојатно со приспособување на помал пазар затоа што поголемиот број биле наменети за југославија) ?
Прашај го Елон Муск, неговите производствени погони на Тесла Моторс се сместени во поранешна напуштена фабрика од Тојота во Калифорнија.

Ако тој успеал од мувлосани ѕидови да создаде фабрика за производство на електрични автомобили, тогаш и кај нас е изводливо истото.

Потребни се инвеститори со памет, пари и добри намери, а тоа тешко дека ќе го дочекаме во блиска иднина во Македонија.
Пак не си прочитал изглеа
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
РОИС „Атом“ подоцна АД „Атом“ и на крај ништо. Еден од гигантите во Кочани, Атом или попознато како Транспорто меѓу кочанци, беше еднаш поим за што значи компанија, од која се исхрануваа околу 2000 вработени. Атом е познат и по неговата зграда, за чија изградба во 1970 година се потрошени преку 4 милиони АМЕРИКАНСКИ долари. Денес од зградата и фирмата не постои ништо. Веќе објавив една ваква тема за напуштени објекти во кои ја сместив и зградава.
http://forum.kajgana.com/threads/Напуштени-објекти-во-Македонија-Урбано-истражување-urban-exploring.75039/#post-6840005
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Агрокомбинат ЛОЗАР-Велес..До пред 10-15 години една од поголемите комбинати за лозје во Македонија..Имаа сопствена визба,само тие знаат колкави површини на грозје имаа..Уште во фирмата каде што работев за берба на грозје,стојат машините и приколките од трактори со називот на Лозар..Сега тие административни простории во Велес се претворени во едно добро место за кафе,сок,ебавање и слично..


ТрансВелес-Фирма за превоз на секаков вид на стоки,роба и слично во Македонија,на Балканот и пошироко..Имаа преку 30 камиони,и преку 20 автобуси..Поради долгови газдата се даде на некој во Кичево,таму стоеја автобусите едно време..Сега така стои огромен простор пред топилницата,место каде што ги чуваа камионите..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
А што стана со прилепски Микрон, со Треска од Скопје, со Алумина?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
А што стана со прилепски Микрон, со Треска од Скопје, со Алумина?
Алумина ја нема, ќе градат нешто тука, дали трговски центар или некој станбен комплекс не знам точно
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
864 фабрики и фирми се уништени во времето на криминалната приватизација во Македонија. Македонија имаше најкриминална приватизација во периодот 1993-1998 г. што некогаш се случила во светот. Тешко дека ќе можеме да ги наброиме сите уништени 864 државни фабрики и фирми. За жал над 200,000 вработени од тие 864 фирми останаа на улица и Македонија стана земја со најголема невработеност во светот.

Истите оние што учествуваа во таа уништувачка приватизација, нивните деца и поддржувачи, сега трубат како народот бил осиромашен, како се бореле тие да ја вратат средната класа, како било лошо отварањето странски фабрики и слични глупости.[DOUBLEPOST=1410762776][/DOUBLEPOST]
Агрокомбинат ЛОЗАР-Велес..До пред 10-15 години една од поголемите комбинати за лозје во Македонија..Имаа сопствена визба,само тие знаат колкави површини на грозје имаа..Уште во фирмата каде што работев за берба на грозје,стојат машините и приколките од трактори со називот на Лозар..Сега тие административни простории во Велес се претворени во едно добро место за кафе,сок,ебавање и слично..


ТрансВелес-Фирма за превоз на секаков вид на стоки,роба и слично во Македонија,на Балканот и пошироко..Имаа преку 30 камиони,и преку 20 автобуси..Поради долгови газдата се даде на некој во Кичево,таму стоеја автобусите едно време..Сега така стои огромен простор пред топилницата,место каде што ги чуваа камионите..
Ништо не е Лозар или ТрансВелес во споредба со една Порцеланка, која беше најголема фабрика за тврд домаќински порцелан во светот.[DOUBLEPOST=1410762919][/DOUBLEPOST]


ОХИС - 9,5 илјади работници
Никогаш не сум влегол во оваа фабрика, сега ми е жал за тоа

Човек да се чуди како може ОХИС да се уништи, ама најчудно е како можеше да се уништи фабриката за стаклени влакна во Гостивар која беше единствена во југоисточна Европа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom