Паднати гиганти - економска историја на Македонија и Балканот

Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Тема за големи фирми кои пропаднале. Напишете збор два за фирмите и фабриките кои вработувале преку 1000 луѓе во голем број случаи иљадници, каква била нивната дејност, каде извезувале, колку вработени имале во време на нивниот врв во постоењето. Moже и да ставите некоја слика, статистика.
Ако знаете добро е да се напише и зошто пропаднале што се случува денеска.
Конкретно да се задржиме на фирми, фабрики итн, но да не навлегуваме премногу во самото политичко и општествено уредување иако во вакви теми е неопходно да се знае и контекстот.

Темава е значи најповеќе за големи фирми од едно друго време, во најголем дел Југословенско да знаеме ние помладите што имало на овие простори бидејќи денес во демократсково и слободно време има само распаднати управни згради и складишта како споменици па да знаеме малку историја не е на одмет.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Млаз-Богданци на времето била една од најголемите транспортни компани во Македонија, работела добро до 2005 година имале 1000+ работници, во 2007 околу 600 работници останале, 2010 околу 400 работници, пред 6-7 месеци ги дрангаскаа афтобусите, моментално немаат ништо.
Да беше саалам човек за директор ќе работеше уште ама дојде Васе Петрушев и еба мајката.
За тоа како пропадна долга приказна и не е баш за тука.


 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Да беше саалам човек за директор ќе работеше уште ама дојде Васе Петрушев и еба мајката.
Да не дојдел Васе ќе дојдел Тасе и пак ќе и е*аа мајката, ко и на сите други.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610

Фабрика за Автобуси - „11ти Октомври“ - Санос

Некогаш гигант, сега фабрика што има многу мала побарувачка. Али ист е случајот со скоро сите фабрики/компании од Југославија.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
,,Јадран'' Неготино. Незнам колку работници работела, ама знам дека во време на Југославија, од Неготино се извезувале производи до Хрватска и Словенија. ,,Јадран'' бил поим за слатки, алви, сусамки и се останато. Сега се е искоцкано од нејзиниот сегашен сопственик, работниците немат цела година плата земено и полека, полека си одат од таму.
Ист пример е и со ФКН (Фабрика за кабли Неготино). Исто така во времето на Југославија, да не претерам, ама 90% од каблите во домовите и сите останати објекти биле направени од ФКН. Денес таа не работи воопште (колку што знам), туку се увозуваат кинески и турски кабли со сомнително потекло, за разлика од тие кабли што биле изолирани со катран и со гума од околу, дебели и скоро неуништливи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
ЕМО - Охрид, сега се дави во стечај а на времето имаше постојан отворен конкурс за вработување, се работеше во 3 смени а со Застава - Охрид (исто голема фабрика) се одеше на работа со пола сат разлика, - еден месец тие во 6 ипол почнуваа ние во 7 па следниот се менувавме, ради големите гужви и колони од автобуси и коли по истиот пат, произведуваше трансформатори, единици за електронско управување и контрола, сефови, расклопни апарати, алати... и кузнај шо се не, се извезуваше во Германија, Австрија, Индија, цела СФРЈ, блискиот исток (кај братските Либија, кувајт Ирак....) убави плати, цела фабрика со уредени тревњаци, цвеќиња, дрвја....
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Од секогаш сум се прашувал, дали се исплати наместо трчање по странски инвестиции како по светиот грал да инвестираат пари и да ги рестартираат барем дел од овие фабрики ( најверојатно со приспособување на помал пазар затоа што поголемиот број биле наменети за југославија) ?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
Од секогаш сум се прашувал, дали се исплати наместо трчање по странски инвестиции како по светиот грал да инвестираат пари и да ги рестартираат барем дел од овие фабрики ( најверојатно со приспособување на помал пазар затоа што поголемиот број биле наменети за југославија) ?
А што да се рестартира од овие фабрики освен мувлосаните ѕидови?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
ЕМО - Охрид, сега се дави во стечај а на времето имаше постојан отворен конкурс за вработување, се работеше во 3 смени а со Застава - Охрид (исто голема фабрика) се одеше на работа со пола сат разлика, - еден месец тие во 6 ипол почнуваа ние во 7 па следниот се менувавме, ради големите гужви и колони од автобуси и коли по истиот пат, произведуваше трансформатори, единици за електронско управување и контрола, сефови, расклопни апарати, алати... и кузнај шо се не, се извезуваше во Германија, Австрија, Индија, цела СФРЈ, блискиот исток (кај братските Либија, кувајт Ирак....) убави плати, цела фабрика со уредени тревњаци, цвеќиња, дрвја....
ЕМО во последниве 10 год е главен извозник на бакар ширум сите отпади во земјава :icon_lol:
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Во Велес како еден од најиндустриските градови во Македонија се е затворено фабрика за лек нема. Топилница, ХИВ, Свилара, Порцеланка, еве во поново време и Жито Вардар се само дел а ги има уште многу. Арно Дрекселмаер го отворија... не дека кузнее шо е, ама луѓево пркнаа колку толку ...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
ЗИК Струмица... огромен земјоделски гигант, кој работеше скоро се во земјоделската и земјоделско-преработувачката индустрија. Ако не се лажам, вкупна бројка од околу 5000 вработени. Од почетокот на 90-тите години, систематски му се ебеше мајката и тоа денес не постои. Некои делови од него и денес работат, но како приватни фирми, но со многу малку вработени.
Струмичанка, во Струмица позната како „Предарата“. Преедилница беше тоа, огромни хали, вработени 2000-2500 работници. Денес - рушевина, распродадено, раскурцано... Исто и Политекс, нешто помала фирма, денес објекти кои ги јаде времето.
Југопромет беше трговска фирма која имаше сопствени продавници по цела Струмица и струмичка околија, но и по другите градови... Само во Струмица немаше Стоковна куча Скопје, благодарение на тој Југопромет, кој не дозволил конкуренција па изградил две стоковни куќи во Струмица. Околу 2000 вработени, може и повеќе, многу сопствени дуќани, две стоковни куќи... Скоро секоја продавница беше Југопромет до 90-тите. Судбината е добро позната.
Ако ми текне уште нешто, ќе допишам...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Добро би било да се знае вистинската причина зашто пропаднале, али ретко кој е 100% упатен во вистинските причини а не рекла/кажала или пак од политички побуди...
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.635
Чик - Куманоо : )
Не е чик фабрика која е позната само по онија гумени гомњиљави лајнарке кои не се квариф и на радијацију да ги носиш:ROFLMAO:
Чик е бија гигант у бифшу СФРЈ и пошироко, извоз е кидаја, имаја е около 3 500 вработени у две фабрике у град и туј у блиско село Драгоманце.За Титу и Лепа Брену се е правило лично некој спешл модел, по њину мерку.Кфалитет до јаја е било тој еј. За олимпијаду у Монтреал шпринтерке су праиле.
Имало е работна дисциплина,кумуњарски стил на работу кој ск на нас не би ни одговараја.Али од што слушам муабети имало е и јака заебанција и добра слога у склоп на фабрику, дн днска сфи се познааф срати чикови радници.Знам за едну ситуацију кд наместиле еднога вработенога дека добија на Југословенско лото, незнам појма колко тамо кеш, али мноо, па чика частија цел дн целу фабрику, имало се паре нели, вишкови, капетнаесе,тринаеста плата.
Сеќам се едн пут тато кд зема плату, негде около девеесту беше, букфално немога да га затфори нофчаник, значи букфално
Е после онј транзициски јебан период, Чик како и сфака фирма отиде под стечај.Стечајни управници тешки лопуже га одведесфа Чик до ликвидацију у 2004, следеќу годину Џино га купи за 900 000 евра.
Џабал'к нели. Толика фабрика за толко ефтино.
Ск е платено робовладетелстфо, 20 мали фирмичке работиф за италијански купци,сфе зависиф од Џину и тој куде он ке ги пласира производи.Иначе јоште фршти квалитет у чикови производи, ама праиф се мноо глупи италијански модели, кои Џино ефтино ги плаќа по пар на овија газде на мали фирмичке, а ги продава мноо скупо у Италију. Пример едн пар чижма, Џино гу плаќа 3,5 до 4 евра, а ги продава по 200-300 евра у Италију. Ќар до гушу
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
ФАС 11 Октомври двојна жртва.
Еднаш на матната транзиција,втор пат жртва на наследниците на извршителите на матната транзиција за денес да купуваме Кинески автобуси и имаме Белгиска фабрика за автовбуси
ФАС 11 Октомври.jpg

Газела уништена во матната транзиција и купена во врдност колу за керамидите
Газела.jpg


Илинденка Крушево Фабрика за производство и боење јамболии
fabrika-ilindenka-krusevo.jpg

Црн Бор Прилеп некогашен гигант за производство на мебел од масивно дрво уништен се знае кога и од кого а со цел денес да купуваме мебел од оплеменета иверка и лесонит
Црн Бор Прилеп.jpg

Киро Ќучук Велес кој зне дали работи и произведува цигли ама затоа денес увезуваме Српски цигли
kiro-kucuk-500x272.jpg
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Добро би било да се знае вистинската причина зашто пропаднале, али ретко кој е 100% упатен во вистинските причини а не рекла/кажала или пак од политички побуди...
Просто ко пасуљ, што би рекле по-на-север...ТРЕБАШЕ ДА ПРОПАДНАТ!!
Глобалистичкиот план не е заебанција , ниту завера ниту, причина за бутање глава во песок, туку реализација на еден концепт таков каков е: неколку процента свети крави кои го контролираат или поседуваат целото глобално богатство, десетина проценти нивни слуги и вазали и остатокот ..контролирано редуцирана популација овци , кои во секој случај ќе се доведат на интелектуално ниво беееее и благотелешки поглед, кои ќе се молзат, ќе се стришат или колат ..како ќе им ќефне на господарите.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom