Само порано си беше порано
Тогаш бев убо плаво малу дебело дете, вака навидум цвеќе за мирисање, аха да. Абе улајца невидена, толку колку шо имаја потрошено пари за играчки, толку имам кршено и крадено играчки комотно сега может да ме осудет 40 години апсана
Сега ми теквит шо се не играчи имав и шо детство багабонтско тогаш теравме
По редослед ќе ги набројам на колку шо ми теквет, зш имав поќе омилени играчи и со поќето од нив можеше окото да си го истајш
1. Клакерси! Леле брат, од кај ти се? Огринал ти се? Можит јас да попрам малце? Леле дај ми ги ти се молам, ќе ти дам шо сакаш? Иии брат позвози го точаков мој јас да поиграм со нови мојт?
Дрвени, пластични, гумифицирани, камени, акрилни, шарени, никави, секакви, кизнајт какви немаше
. Чукаја, пустеја, праеја се заплетквеја. Кизнајт од кога беја, мојт и лично ги дизајнирал Тутанкамон. Овие беја лудост, се мававме по прсти, очи си ваѓавме, јадев чотек со каиш зш ги фрљав по жици, му ги плеткав на комшиине жицине, спојој, сите жици в мала беја окупираи и заплеткани. Кабиљ да е уш на 110 (На Стодесекана) немавме фрљено
2. Јојо
И тие завршвеја горе на жица
Права забава беја, кој колку мојт поќе. Абе нек си ебит мајката. И овие ги имаше секакви, се мававме, се заплетквевме, прстите ни беја отечени, очите си ги вадевме
Дрвени, пластични, алумински, боја ваква не боја онаква, светлечки, цртани со змејој, шушуљајки и шо уште не.
3. Самострел
Е за ова јадевме најмногу чотек, сериозна направа шо можеше стварно серизони повреди да нанесит. Слика немат, не ни можам да најдам
Земвевме штиче некое, две шајки на горнит дел, ластик за гашти
(тогаш немаше куќа шо немаше ластик дома), собиравме капачиња метални од по продавници и од пред коперација
и ги чукавме со камен да се мазни. Пикаш 10тина в џеб и почвиш да стелаш по све.
4. Рубрикова коцка, дур сватив шо е уствари имав искршено 4260. Ова беше предизвик за сите. Комбинација на бои колку сакаш, ја ваѓаш надвор, кој ќе ја наместит го сметавме за најјак.
5. Вртимушки
Вртимушки во глајте сите бевме
Земви, купви и крши па ајде пак на ново. Пуштај ги по патон, в прашини, в калој во вирој. Чукај се со сите, која ќе остнит поседна да врит е најјака. Ау брат твојава е најјака! Најјака е, знајш колку пари е
Санкир кажвиш ко од џеб да си ги дал парите.
И нив ги имаше секакви, со змејој, јас сум плавион ти црвенион ти зеленион, од различни материјали со ваква рачка со онаква рачка. Подоцна ги усовршивме, со капачиња сплескани од пиво, лепени, прелепвени. Дома сум се враќал испосечен по нозе и по прсти
Абе на шо све не ми теквит, ми идат да изнапишам километарски пост некој. Имавме еден куп играчки, ги игравме надвор ги кршевме, досадвевме пак да ни купвет, беља праевме и чотек јадевме за тие пусти играчки. Многу интересно и забавно дество имавме, а сеа ти седат некој ембриони пред лаптоп или пред мобилен и стегет лајкој по фб, инстаграм и ти шернувет некој тешки тематики и мислења. Си ебало мајката све...
ту би континуед...