Омилена играчка од детство

T

Torchyrus

Гостин
Чепкајќи и чистејќи по подрум си ја најдов омилената играча од детството. Моментот е priceless... Проверив дали има некоја ваква тема, но не најдов па еве да отворам.
Доколку има некои од вас што уште си ја чуваат омилената играчка/ки со која/и сте ги поминувале деновите од детството (за жал голем дел денешниве деца имаат само една), доколку ви текнува за првата што сте ја добиле на подарок, која била таа и така натаму.. Споделувајте спомени. :)
Еве ја мојата...

Во нејзе го возевме преЦедателот, уште изгледа скоро како нова иако и самиот не сум свесен колку е мавана, фрлана од тараса итн :D
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781


Имам 100 такви сокршено како помал :D Си купив еден пред месец дена, ама само пола од екранот му се покажува, неможам да играм. :(
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862


Имав, и уште го имам една паркинг гаража слична како на сликава, исто пишуваше Esso, исто со лифт, сервис, бензиски, перална за коли и скоро сите колички ми беа наредени на неа, освен поголемите што не ги собираше на пракингот. Не се ни сеќавам од каде беше купена и зошто, но ете остана играчката сеуште во добра состојба и ми беше многу омилена.

Исто имав и еден носач на авиони и еден куп мали војничиња, авион, тенкови и слична воена опрема, ама тие не ги чувам повеќе.
 
Последно уредено:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164


Еден од оние комплети за конструкција составен од вакви метални прачки и плочки, шипки, осовини, запченици, завртки, навртки и што ли уште не. Немам поим што марка беа, памтам татко ми ги купи негде од Бугарија. Сега дури гледам дека овие играчки биле хит уште од пред 100 години. :eek:

Мојот комплет беше специјализиран за ветерници, дигалки, кранови и слични машини. Ама ако имаш фантазија можеш секакви чуда да направиш. Мене не ме биваше којзнае колку, ме мрзеше да ги читам тие инструкциите на бугарски, едвај нашки знаев тогаш. :D

Бидејќи бев неодговорно дете (демек сега поарен сум :D), редовно губев по некое шрафче или нешто и со тек на време имав се` помал материјал за да направам нешто и така полека ги оставав.




 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
- Диносаурусите (како мал животна желба ми беше да станам палеонтолог. Ги имав еден куп, од мали во колекција, до големи кои се продаваа посебно. На големите само кои што беа од гума правени, им ги гризев пашките со забите, ни јас самиот, ни моите не знаат зошто. Сите беа како добермани обезпашени, стварно немам поима зошто)
- Сет животинскo царство (и нив исто ги обожавав, ги имав доволно да отворам имагинарен Серенгети)
- Гаргојс (два имав, ги чував како очите и ги криев од сестра ми. ЊТФ ?!)
- Нинџа желките (немаше дете мислам од 90тите шо ги немаше сите 4 купено)
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Бураго количињата, имав цела кутија со нив. Oмилени овие ми беа:
P1010044-500x480.jpg
30581639.jpg
(вакво само црно)
Најмногу играв трки и брканици со полицијата. Ми иде сеа да зеам да поиграм со нив по тепихов ама испокршени се :( :(
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Не знам колку пиштоли на дијаболи имам купено на времето еееееее:anco: :uzi::icon_lol:
1.jpg
Ласерчето уште го чувам - си играм со мачињата кога ми е досадно:duel: red-laser-toy.jpg
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Бидејќи моите одеа поначесто по роба во Турција па така секое нивно одење и враќање го крунисуваа со играчка за мене :D

Најмногу сакав да играм со чоеци, коли не ме интересираа многу многу. Ќе побарам утре, ако стои нешто ќе сликам и пратам. Знам дека омилени ми беа Бетмен и неговиот противник (така го викав, оти личеше на бетмен само со полоша фаца). И еднаш во станувањето му ја цапнав главата на тој лошиот и се скрши кај вратот, па рикнав да плачам. Ме зеде мајка ми за рака и право кај еден чевлар кој работеше во близина на Гоце Делчев. Му ја залепи главата со некое прејако лепило, така да ако стои долу некаде играчката, до ден денешен е комплетна.

Исто имав некаков си сет од 7 играчки, меѓу кои Херкулес беше главна фаца, другите беа неговите непријатели, ламји, некои киклопи и слично. Една од омилените.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Action Man ми беше омилена играчка. Стандард купување од Фришоп на враќање од Грција. Имав еден многу специјален со триста тракатанци, татко ми од Турција ми го донесе, абе кои радости беа тоа. :D

 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
19.541
Железно жуто плаво камионче, кое беше тежак кфалитет, дадесфа ми га ссфе пакетче за нову годину. Пакетче ми га донесесфа мама и тато, у Чик ги делиле : )
Toj беше кфалитет, напраено како истински камион, сс истински гуме.

А сеќам се дека како мал имаше и акустичну гитару сс едну жицу. Ја се играше сс њума, преправљаше се дека ми е брод, голем воен брод, кој плови по теписон.

Кое теле сам, место да сам ставија жице и да научу да сфиру. Ск ке знаеше да гу сфиру Hear my train comin акустичну верзију од Џими Хендрикс.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.100
Оние што ги пиша @Коловрт такозвани механотехника, имав 2-3 кутии од кои правев разни импровизориуми од чудесии, никад не следев инстукции, ама испаѓаа ептен добри ствари.
Исто и Лего коцки. Од сите играчки што ги имам раздадено на помладава генерација роднини, овие 2 врсти лакомо ќе ги чувам за моето потомство. Секако ако најдам и нови би им купувал.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018


А тогаш си мислев дека сум единствениот и дека креирам ремек дела. :)
 
Член од
13 јуни 2014
Мислења
114
Поени од реакции
55
Сет војници индијанци каубојци се во едно измешано околу 100 заедно ама ги губев многу и сега нема ништо од нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom