Нестандардна мотивација за вработените

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Читав низ форумов некои веќе оддамна затворени теми ( и подфоруми ) и она што ми падна в очи е постот на ABC кој воедно е и причината за темава

ABC напиша:
Добрите Кумровски ДПМНЕ-овци се стимулираат со членство во некакви одбори каде државата го одврзува ќесето без контрола па земаат аконтации и од по 15 000 евра,ги наградуваат и со членства во повеќе одбори истовремено за да ги задоволат нивните мега-апетити.Ги информираат сопствените членови добри “Кумровци-ДПМНЕ-овци“ газди на текстилни и други работилници во колку часот ќе помине некаква инспекција за работниците да заминат божем случајно на прошетка во оближните ниви или во тајните клозети затоа што повеќето од нив не им се регистрирани за да користат социјална помош............
од темата http://forum.kajgana.com/threads/Диктатура.24703/page-14#post-2764745

Што сметате вие дека би било одлична мотивација на секој еден вработен- без разлика во кој сектор е .Примерот погоре покажува веќе стара - добро позната стандардна мотивација - ПАРИ
Но, мимо парите, во однос на нестандардните - што би претпочитале вас како вработен да ве „наградат„ или пак со што би ги мотивирале вие вашите вработени .
Западов е неисцрпен извор за начини со кои се стимулираат вработените, за разлика (а и за жал ) од МКД.
Одличен пример е со Microsoft кој има сопствен трговски центар «The Commons», каде влезот е исклучиво за своите соработници. Во него има се’- како и во секој друг ТЦ - бутици, кафеа, експозитури на банки, ресторан.....

Walt Disney Co., каде најдобрите соработници добиваат прозорци посветени на нив -- во кафичите на Дизниленд, со што јавно ја признаваат нивната работа и лојалност

Во авиокомпанијата Southwest Airlines создале специјален авион со имињата на најдобрите работници.

Руска компанија- Контур организирала за своите вработени сопствена детска градинка каде негователките се платени од страна на фирмата - за да не се принудени вработените да ги оставаат своите деца на други места а и да ги лишат од додатни трошоци.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Фер однесување, пријатна атмосфера за работа, признание за добро сработена работа односно ценење на трудот, почитување на жртвувањето за работа, можност за напредување согласно со способноста која ја имаш и рамноправност. (во вакви услови би одбрал фирма која плака помалце доколку ги има овие услови затоа што би мотивирал повеке да се посветувам на работата, да учам, да напредувам и да ја сакам работата а не да работам ради реда.)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Платен ол инклусив смештај во Турција 7-10 дена за сите вработени.
На пример: Во една фирма со со годишен обрт од неколку милиони евра како што се некои од нашите магацини кои увезуваат секаква роба, со 50 вработени на 2 смени по 25 им е платен одморот со нивните фамилии во хотел Незнамкој во Анталија на почеток на јули. Трошокот со попуст за сместување на поголема група е, 600-800 евра по фамилија, вкупно 30 000-40 000 евра. Вработените одат во два термини што значи во две групи од по 25 вработени за една смена секогаш да може континуирано да работи. Секој газда со годишна плата од 1 милион може ако не од друго, од својата заработка да одвои 40 000 за своите вработени, како едно изненадување, или благодарница што биле вредни и го збогатиле за 1 милион евра т.е 1 000 000- 40 000 = 960 000 евра, јакиот трошок нема ни да го осети.
Друга идеја. Би оформил 2 тима. пример едната смена ке биде еден тим, другата смена другиот противнички тим. И би им задал некоја "игра" со бодување со јасни правила и цели која ке трае одреден временски период. Целта е да се направи натпревар меѓу вработените со некаква награда но и двете страни да добијат по нешто по завршувањето на натпреварот ама победникот нормално многу повеќе во споредба со поразениот тим кој ке добие нешто симболично, нормално покрај редовните примања што ги имаат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Со долгогодишно искуство во менаџирање со тимови од по (понекогаш) и повеќе од 40 члена, тврдам дека парите не се клучниот мотиватор. Да, од почеток, кога ги учев вештините за раководење со луѓето и јас бев скептичен по тоа прашање. И тоа во најмала мера скептичен - повеќе би рекол, игнорантен! Денес ТВРДАМ дека две алатки кои најмногу ги мотивираат вработените се:

1. ДАВАЊЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ - Кога на добар работник ќе му дадеш уште работни задачи кои понекогаш можат да бидат надвор од описот на неговото работно место, тој без исклучок се чувствува издвоен пред другите, среќен е што неговиот труд е препознаен и секогаш се стреми да биде се подобар и подобар. Кога ќе се сетам на времето кога јас се калев, морам да признаам дека ова беше точно и во мојот случај.

2. НАТПРЕВАР - Кога постои некаков натпревар со јасно зададени цели, за работна задача која не било кој начин е мерлива и чиј резултат ќе биде видно истакнат пред сите, секој член на тимот сака да се покаже и да докаже дека е подобар од другите. Не ни мора да има некаква награда за „победникот“ на натпреварот. Доволно е само тој да знае дека е прв - поголема мотивација од тоа нема!
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
И секако позитивна дискриминација
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
премии за некористење боледување, доколку во текот на годината вработениит не бил ниту еднаш на боледување- да му се исплати специјална премија.

Во германската издавачка куќа Random House воведена е програма за тнр творечки одмор каде соработницит кои работат во компанијата 10 години имаат право на пола година ваков одмор за чие времетраење ќе добиваат 50% од својата
плата.. Сличен систем воведен е и во американскиот весник Newsweek.[DOUBLEPOST=1408168187][/DOUBLEPOST]работниците во Porsche во Германија добиваат по 8100 евра - бонус
во Volkswagen по 8000
во BMW по 7600
а Mercedes само по 3200 евра
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Гага пиво секоj петок после 4.00 :). Jaс мислам еден квалитетен систем за бонуси би било доволно + пракање на секакви конференции и слично (по желба на вработениот) во странство. За ИТ секторот исто убаво би било секакви курсеви и бесплатна сертификациjа .
Ова одмор во турциjа и други такви активности се премногу, му давам одмор на моjот вработен 2 недели кои му се платени уште да му плакам хотел и пиjачка? Да не сака курви уште и казина да му плакам? Сигурно никогаш не си бил газда\директор @darmon .
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Тапкање по рамо... Мислам дека доста луѓе се искривени од тоа.

Да почнат од плаќањето на неискористените денови од одмор би било сосема доволно во нашава земја, па после научни фантастики за други мотивирачки гестови.

Заборавив да кажам, и плаќање на прекувремените саати.

Кога ќе видиш, бараме само она што законски ни следува...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Мотивацијата во јапонските компании и те како се разликува од оние во европските или намериканските компании.
Така, например, сопственичката на маркетиншката компанија Hime & Company, каде работат исклучиво жени , вметнала во мотивациската програма „ шетање“ по причина -скршено срце. Тоа го вовела после изјаснувањето на персоналот кој многу страдал поради раскинувањата со партнерите ,па поради тоа неможеле да се сосредоточат на работата
Па така ако вработената која ја прекинала врската со партнерот е на возраст до 24 години има право на 1 ден „шетање„ за возраст од 25 до 29 години — добиваат 2 дена, а после 30 — 3. Вработените доволно е да се јават во фирмата и да кажат за својата срцепарателна драма -и да добијат ден , а после тоа со нови сили да пристапат кон работата.[DOUBLEPOST=1408217509][/DOUBLEPOST]уште еден мотивирачки начин
во еден од мрежата магазини за мобилни телефони продавачите- консултанти за секој продаден телефон добиваат 10 кв.см стамбен простор .
 
Последно уредено:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Гага пиво секоj петок после 4.00 :). @darmon .
Nagrada za naporan rad
Koliko trebate raditi za jedno pivo u Hrvatskoj, a koliko drugdje?

U Hrvatskoj je vrijeme koje netko s minimalnom plaćom mora provesti radeći kako bi si kupio pivo 0,8 sati. U istočnom susjedstvu je situacija gora. Primjerice, u Srbiji se za jedno pivo na minimalcu radi 1,3 sata, kao i u Bugarskoj.

Najgore je u Gruziji. Tamo na minimalcu za jedno pivo popijeno u ugostiteljskom objektu morate raditi čak 15,1 sati, gotovo dva radna dana. U Bangladešu je to 13,4 sata.

Hrvatska je u istom rangu s Poljskom, Čileom, Panamom i Costa Ricom. Lakše je u Mađarskoj i Grčkoj, gdje se za jedno pivo radi 0,7 sati, a još lakše u Francuskoj ili Argentini, gdje je to 0,6 sati.

U Sloveniji je još bolje, za jedno pivo radi se pola sata, jednako kao u Velikoj Britaniji, Nizozemskoj, Irskoj i u Češkoj. SAD, Njemačka, Belgija, Španjolska, Portugal, Japan i Kanada još bolje plaćaju svoje radnike- tamo za jedno pivo radite 0,4 sata, što je 24 minute.

Najbolje je u Australiji, Luksemburgu i na Cipru, gdje se za jedno pivo radi 18 minuta. Rekorder je Puerto Rico, gdje cijenu jednog piva odradite u 12 minuta.


http://danas.net.hr/novac/koliko-trebate-raditi-za-jedno-pivo-u-hrvatskoj-a-koliko-drugdje
 
Ф

Флеш

Гостин
Мотивацијата во јапонските компании и те како се разликува од оние во европските или намериканските компании.
Така, например, сопственичката на маркетиншката компанија Hime & Company, каде работат исклучиво жени , вметнала во мотивациската програма „ шетање“ по причина -скршено срце. Тоа го вовела после изјаснувањето на персоналот кој многу страдал поради раскинувањата со партнерите ,па поради тоа неможеле да се сосредоточат на работата
Па така ако вработената која ја прекинала врската со партнерот е на возраст до 24 години има право на 1 ден „шетање„ за возраст од 25 до 29 години — добиваат 2 дена, а после 30 — 3. Вработените доволно е да се јават во фирмата и да кажат за својата срцепарателна драма -и да добијат ден , а после тоа со нови сили да пристапат кон работата.[DOUBLEPOST=1408217509][/DOUBLEPOST]уште еден мотивирачки начин
во еден од мрежата магазини за мобилни телефони продавачите- консултанти за секој продаден телефон добиваат 10 кв.см стамбен простор .
Јапонците се ептен забегани о-О
 

Kajgana Shop

На врв Bottom