Едно време памтам Спиро рече "Работа има, ама нема млади за да работат", многу му се смееа дека збори глупости но ако го видиш уште еднаш ке видиш што е проблемот. Јас имам многу другари кои моментално бараат работа, јас им пратив некои линкови за работа и тие ми рекоа "Нормален ли си ти, јас ли ке работам физичка работа за 15,000". Епа што да ви правам, сите барате 20,000 а нејкете да се помачите.
Кај мене во фамилија сите се со факултет тоа е традиција па исто и јас. Татко ми и мајка ми се со факултет и зимаат плата од 31,000 а мајками од 28,000. Баба ми и дедо ми исто така се со факултет и двајцата зимаат пензија од прилика 20,000.
Бидејки бев студент и од секогаш сум сакал сам да правам пари барав работа. Ми требаше многу малце време да најдам работа да истоварам во магацин за 15,000. Немав искуство ниту струка па тоа работев, не барав ништо над тоа. Се си мислев дека ке си останам со таа работа. Студирав компјутерска форензика на приватен курс и завршив, исто така студирав компјутерско инжинерство на ФИНКИ. Имав диплома од ИЕЛТС со 7.3 резултат за Англиски Јазик.
Кога го завршив курсот за компјутерска форензика кое траеше 3 години и криптација кое траеше 2 год и факултетот јас одмна добив понуди за работа. Добив работа да работам во Бугарското МВР за 2030 лева (64,000 денари) или во нашето МВР за 94,000 ден месечна плата. Иако имав другари кои студираа од Германија со мене кои ми викаа да дојдам во Германија да работам како компјутерски форензичар во нивното МВР за над 7,000 евра плата. Бидејки скоро секаде во светот се бараат компјутерски форензичари.
И после сето тоа денес пак гледам некои како се бунат дека сакаат да работат и да зимаат плата од 20,000 а едвај со врски завршиле средно. А и па некои викаат дека е срамота со тоа што во други по развиени држави чистачи зимаат 2,000 евра а кај нас 100 евра. Тоа е штета разбирам но мала и нова што трпевме инфлација немаме економија како Германија или Франција за да ги качиме платите толку високи.