Ибрахимовиќ: Моџи плачеше пред сите во соблекувалната на Јуве
Ибра открива дека силниот Лучијано Моџи заплакал пред сите во соблекувалната на Јувентус на состанок по повод Калчополи скандалот.
"Едноставно бевме најдобри, а тие потполно не срушија" - пишува Ибра во својата автобиографија.
"Како и обично, кога сте најдобри, другите се обидуваат да ве елиминираат. Бев запрепастен од бројот и тежината на оптужбите кои беа објавени баш кога требаше да ја освоиме втората титула по ред во Серија А".
"Бевме само на чекор до освојување на титулата кога излезе скандалот, ситуацијата веднаш стана мрачна, го знаевме тоа".
"Медиумите од тоа направија светска војна. Судиите суделе за нас? Но продолживме, се боревме со срце на теренот. Не ги штедевме нашите нозе, се боревме, немавме никаква помош од судиите! Тоа беше СРАЊЕ!".
"Никогаш не сум бил пријател со судиите, никој од нашиот тим не беше. Едноставно бевме најдобри и моравме да бидеме потопени".
"Беше организиран кризен состанок во нашата сала за рекреација, тоа никогаш нема да го заборавам".
"Моџи секогаш беше убаво облечен и полн со снага и самодоверба, но овој пат тоа беше некој друг Моџи!".
"Во тој момент изби и скандал со неговиот син, нешто околу брачна прељуба, тој зборуваше и за тоа, тоа и не беа теми кои се поврзани со фудбалот".
"Најмногу ме погоди тоа што Моџи почна да плаче пред сите нас. Тоа беше како удар во стомакот за мене. Никогаш не сме го виделе толку скршен".
"Тој секогаш имаше самоконтрола, просто зрачеше со снага и енергија. Но во тој момент се сочуствував со него. Светот се преврте наопаку".