Гледам насекаде многу луѓе (постари најчесто) меѓу кои и моите родители, како користат наместо обичен бел шеќер, натрен или засладувачки таблети. Имам прочитано дека телото од храната, таблетите односно се што внесуваме, ги внесува шеќерите подеднакво колку и што би абсорбирало и од белиот шеќер. Одтаму мислам дека и во тие прочуени засладувачки таблети за дијабетичари се исто "штетни" како и шеќерот. Која е вистината дали некој може да ми каже? Ви благодарам однапред!
Вистината е следнава
- Засладувачите што се користат наместо шеќер (како аспартам и сл.), се многу поевтини од шеќерот (сахарозата, белиот шеќер), и поради тоа се користат како засладител во некои ефтини вафли, чоколади, и други благи работи.
- Болините од шеќерна болест, многу често си стават таков засладувач во кафе, или пијат сок без шеќер, со ваков засладувач. Тоа е добро, бидејќи нема да и се покачи гликозата во крвта, бидејќи засладувачите не се шеќери но хемиски ни даваат чувство на благо.
- Засладувачите, особено аспартам, не треба да се земат од никого, а најмалку од болни од диабет. Дури подобро нека земаат помалку шеќер во кафето (сахароза), од колку аспартам.
Огромен број испитувања има направено дека аспартамот е штетен, и тоа е доволно за мене да не го земам.
- Не земајте гуми за џвакање "без шеќер" како орбит, аруејс, и слични, џвакајте си хуба буба и други со бел шеќер. Читајте го упатството и бегајте подалеку од засладувачи.