Натрен вс. Шеќер!?

G-Kidd

Завршетник
Член од
29 април 2007
Мислења
45
Поени од реакции
2
Гледам насекаде многу луѓе (постари најчесто) меѓу кои и моите родители, како користат наместо обичен бел шеќер, натрен или засладувачки таблети. Имам прочитано дека телото од храната, таблетите односно се што внесуваме, ги внесува шеќерите подеднакво колку и што би абсорбирало и од белиот шеќер. Одтаму мислам дека и во тие прочуени засладувачки таблети за дијабетичари се исто "штетни" како и шеќерот. Која е вистината дали некој може да ми каже? Ви благодарам однапред!
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Мене од што ми е благ натренот уствари ми горчи.
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
хах...
Натрен = аспартам = аспартамска ноќна мора, склероза, мигрени, спонтан абортус...
природно си е природно:pipi:
Одтаму мислам дека и во тие прочуени засладувачки таблети за дијабетичари се исто "штетни" како и шеќерот. Која е вистината дали некој може да ми каже? Ви благодарам однапред!
Конкретно кон Аспартамот, значи тој предизвикува многу сериозни проблеми, од губење на помнењето па до тумор на мозокот. Иако е одобрен од американскиот Завод за Заштита на Здравјето како безбеден додаток во исхраната. Го има во оние “sugar-free” мастики и е одговорен за преку 75% пријави на штетни ефекти предизвикани од додатоците во исхраната.
Делува на начин што крвната мозочна бариера, која нормално го штити мозокот од вишокот глутамат и аспартат како и од други токсини: не е потполно развиена во детството, не нуди потполна заштита на сите делови на мозокот, може да биде оштетена како последица од многу хронични и акутни заболувања, дури и кога е неоштетена, може понекогаш да дозволи вишокот глутамат и аспартат да “прокапат“ во мозокот. Тој вишок од глутамат и аспартат кој всушност се составен делод аспартамот полека почнува да ги разорува невроните.
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
Гледам насекаде многу луѓе (постари најчесто) меѓу кои и моите родители, како користат наместо обичен бел шеќер, натрен или засладувачки таблети. Имам прочитано дека телото од храната, таблетите односно се што внесуваме, ги внесува шеќерите подеднакво колку и што би абсорбирало и од белиот шеќер. Одтаму мислам дека и во тие прочуени засладувачки таблети за дијабетичари се исто "штетни" како и шеќерот. Која е вистината дали некој може да ми каже? Ви благодарам однапред!
Вистината е следнава
- Засладувачите што се користат наместо шеќер (како аспартам и сл.), се многу поевтини од шеќерот (сахарозата, белиот шеќер), и поради тоа се користат како засладител во некои ефтини вафли, чоколади, и други благи работи.

- Болините од шеќерна болест, многу често си стават таков засладувач во кафе, или пијат сок без шеќер, со ваков засладувач. Тоа е добро, бидејќи нема да и се покачи гликозата во крвта, бидејќи засладувачите не се шеќери но хемиски ни даваат чувство на благо.

- Засладувачите, особено аспартам, не треба да се земат од никого, а најмалку од болни од диабет. Дури подобро нека земаат помалку шеќер во кафето (сахароза), од колку аспартам.
Огромен број испитувања има направено дека аспартамот е штетен, и тоа е доволно за мене да не го земам.

- Не земајте гуми за џвакање "без шеќер" како орбит, аруејс, и слични, џвакајте си хуба буба и други со бел шеќер. Читајте го упатството и бегајте подалеку од засладувачи.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.398
Ок, имаме слушнато дека се штетни. Ама, како? Тоа не интересира во принцип.

Edit:
Јас се извинувам, не сум го прочитал овој дел.
хах...
Делува на начин што крвната мозочна бариера, која нормално го штити мозокот од вишокот глутамат и аспартат како и од други токсини: не е потполно развиена во детството, не нуди потполна заштита на сите делови на мозокот, може да биде оштетена како последица од многу хронични и акутни заболувања, дури и кога е неоштетена, може понекогаш да дозволи вишокот глутамат и аспартат да “прокапат“ во мозокот. Тој вишок од глутамат и аспартат кој всушност се составен делод аспартамот полека почнува да ги разорува невроните.
 
Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Па штетни се особено Натренот, незнам луѓето зошто го купуваат... Никогаш не би го ставал во кафе тоа го*но.:toe:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мене ме интересира за овие продукти кои денес станаа многу популарни по цел свет дали се подобри или полоши од шекерот

BARLEY MALT SYRUP
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=CB5B4E707017734A89A847834178B08D

GRAPE MALT SYRUP- MADZUN
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=DD6A8C7069DEFF478E9E34E6C7B5D0A3

PURE WILDFLOWER HONEY
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=18FFD2F32AB29949B85E499344248246

NATURAL SWEETENERS WITH LECITHIN
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=D2B09D9C41C9F844AB31810945517A22

PURE CANADIAN MAPLE SYRUP
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=AB05601EDE0783438146F7D2222EB86D

DARK MUSCOVADO
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=3A4B4BFF763AF541ACDCA3DC156156DE

DEMERARA SUGAR
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=3BE25BAA45C52643AFDF0C4920F165E4

LIGHT MUSCOVADO
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=A38A19C045A27E4DB46A3A88929AE796
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Мене ме интересира за овие продукти кои денес станаа многу популарни по цел свет дали се подобри или полоши од шекерот

PURE CANADIAN MAPLE SYRUP
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=AB05601EDE0783438146F7D2222EB86D

DARK MUSCOVADO
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=3A4B4BFF763AF541ACDCA3DC156156DE

DEMERARA SUGAR
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=3BE25BAA45C52643AFDF0C4920F165E4

LIGHT MUSCOVADO
http://www.vitalia.com.mk/?ItemID=A38A19C045A27E4DB46A3A88929AE796
Мусковадо (двата), демерара и јаворовиот сируп се поздрави од обичниот бел шеќер. Одамна читав за тоа, во моментов не ми текнува конкретно што беше, ама нешто имаше врска со процесот на рафинирање, некакви шеќери, сега само на слепо ќе нагаѓам, кога ќе прочитам точно ќе ти пишам, ама сум 100% сигурна за овие дека се поздрави.
 
G-Kidd

Завршетник
Член од
29 април 2007
Мислења
45
Поени од реакции
2
ухууу....фала ви многу за "ама баш" деталното објаснување :) се надевам дека овие одговори ќе им помогнат на повеќе луѓе....
 
CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
ја сум дијабетичар и никад не го имам користено натренот
на самиот почеток кога ми го открија почнав да се интересирам
за работи кои би ми го замениле шекерот
во неколку стаати прочитав дека натренот и нее толку добар
колку што го величат..едноставно преголема употреба на натрен
на повеке места имам прочитано дека делува канцирогено...
јас обичниот шекер го исфрлив од употреба но кога треба да користам шекер
користам кафеав не рафиниран шекер(увозен не од балканските земји ниедна балканска земја не произведува кафеав шекер се е само офарбан)

така да натренот не го препорачуам
 
Не е точно vitalia (македонска фирма) има неколку производи од модифициран кафеав шеќер (види го мојот претходен пост), само што не сум сигурен колку е тој здрав.
 
CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Не е точно vitalia (македонска фирма) има неколку производи од модифициран кафеав шеќер (види го мојот претходен пост), само што не сум сигурен колку е тој здрав.
не е само обоен е тој балканот ја нема таа технологија нема производство на кафеав шекер на балканот
или пак го увезуваат и тие шекерот за нивните производи
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не е точно vitalia (македонска фирма) има неколку производи од модифициран кафеав шеќер (види го мојот претходен пост), само што не сум сигурен колку е тој здрав.
Мислам дека не се модифицирани, туку дека се добиваат од различни извори (различни трски, репки итн).
Иначе кафеавиот шеќер е дефинитивно поздрав од белиот. Кафеавиот е нерафиниран, а за рафинирање на белиот се користат фосфорна киселина, сулфур диоксид, конзерванси, средства за белење и слични хемикалии кои се штетни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom