НБА сезона 2014-2015

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.043
Шампиони Лејкерс
МВП Коби
Најдобар 6ти играч Сакре
MIP Лин
Руки на сезоната Рендл
Изненадување на годината Лејкерс
Лејкерс лидери на запад
Тренер на годината Меси

Let the fucking shit begin :vozbud:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Раструраат Чендлериве. Јак тим, добар тренер и нетокму газда. И со дресови несменети од коа освоија титула.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ќе прави овој трипл-дабл со блокади :)
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
ЦЦЦ Дејвис за 1 блокада не напраил трипл дабл ццц
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Рендл ја скршил тибиата, подколеницата. Аут на подолго време. Прва утакмица и одма тешка повреда ☹ ебати малерот што ги бие лејкерс а и самата нба, играчите не можат глава да кренат од тешки повреди последниве години
 
C

Castiel

Гостин
Веѓата на 21 година што прави :cuc::cuc::cuc: Каков ѕвер моментално е во топ 5 играчи во нба а само подобар и подобар ќе биде...ништо чудно и нивото на леброн да го стигне како и да е...за некоја година најдобар играч во нба ќе биде...

Далас спарс милина утакмица за гледање по хајлајтов што го ѕирнав...нема стареење за спарс...а и далас не се воопшто наивни..може и финале на запад спарс-мавс да биде
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Со мало закаснување еве ги и моите детални прогнози (немав време да го постирам текстот вчера). За да можете лесно да ме цитирате цела сезона и да испаднам идиот (што сигурно ќе се случи секогаш се случуваат неочекувани работи) еве ви прогнози за цела лига со моја прогноза на победи и порази. Плус некои бонус прогнози.

Исток

1. Cleveland 55 - Ќе треба време да профункционира се како што треба, ама немаат кокуренција во Истокот
2. Chicago 50 - Up and down сезона во која Роуз ќе има блесоци но и слби партии. мислам дека се малку overrated моментално
3. Atlanta 46 - Солидна екипа со лимитирани можности. Можат секого да победат но им фали уште еден играч за повеќе.
4. Toronto 45 - Слично како и Атланта. Lowry ќе има послаба сезона од минатата, а Valanciunas подобра.
5. Washington 43 - Pierce мислам дека е пред крај и ќе направат чекор назад во однос на лани
6. Detroit 42 - SVG ќе ја среди екипата и ќе станат добар дефанзивен тим. Drummond и Smith ќе бидат подобри од лани.
7. Miami 41 - Немаат никаква длабочина и може да имаат големи проблеми со повреди. Сепак имаат добар тренер + солидна стартна петорка. Очекувам проблеми во одбрана.
8. Brooklyn 40 - Нема да бидат лоши ама нема да бидат ни којзнае што. Грчевита борба за влез во плејоф.
9. Charlotte 39 - Мал чекор назад. Нема шанси да им бидат сите главни играчи цела сезона здрави како лани.
10. New York 34 - Очекувам големи проблеми во одбрана, а за триаголникот ќе им треба време да го научат.
11. Boston 32 - Ќе бидат подобри од очекувањата со интересен микс на дефанзивни бекови и шутери внатрешни играчи. Им фали појако крило од Green/Turner за да се борат за плејоф
12. Orlando 31 - Млада екипа која ќе направи природен чекор напред. Сепак немаат искустов за повеќе. Напредок во одбраната.
13. Milwaukee 25 - Подмладена екипа која нема да биде дисфункционална како минатата сезона. Но форсирањето на млади играчи ќе си го направи своето.
14. Indiana 20 - Очекувам огромни проблеми во нападот. Има потенцијал за тотален распад (трејд на West и Hill) ако почнат лошо.
15. Philadelphia 19 - Најмладата екипа во историјата. Катастрофа во напад, ама заради борбеност и напредок на некои од младите играчи ќе победуваат од време на време.

Запад

1. LA Clippers 60 - Конечно комплетен тим без никаква очигледна слабост. Се додека се здрави очекувам да форсираат во регуларниот дел.
2. Golden State 58 - Мислам дека Кер ќе им го среди нападот кој немаше смисла да биде толку слаб. А во одбрана се секако топ 5 екипа.
3. Dallas 55 - Солидно се засилија со искусни играчи кои Карлајл ќе знае да ги употреби. Во напад ќе газат, но во одбрана се ќе зависи од Чендлер кој е веќе стар.
4. San Antonio 54 - Чекор назад после освоена титула. Нема да бидат слаби ама нема да доминираат како лани.
5. Memphis 54 - Многу опасен тим, кој не може да дојде до израз на западот.
6. OKC 54 - Повредата на Дурант ќе ги чини домашен терен во плејофот.
7. New Orleans 51 - Многу потценета екипа, која ќе направи голем чекор напред откако се мачеа со повреди лани.
8. Houston 50 - Ќе бидат топ 10 екипа, ама во конкуренцијата која ја има на западот тоа значи само влез во плејофот.
9. Portland 45 - Очекувам пад, пред се затоа што не верувам дека пак ќе имаат толку среќа со здравјето како минатата. А клупата не им е доволно јака за да преживеат било какви повреди.
10. Sacramento 36 - Чекор напред ама на западот тоа не значи и борба за плејоф
11. Denver 36 - Лимитиран тим кој има огромна длабочина ама за џабе им е во оваа конкуренција. Мора конечно да направат некој посериозен трејд.
12. Utah 36 - Млада потценета екипа која многу ќе се среди со новиот тренер.
13. Phoenix 35 - Чекор назад откако противниците имаа цела сезона да им се прилагодат на играта. Нема да можат да ги изненадат противниците со нивниот стил и ќе се мачат многу во одбрана.
14. Minnesota 28 - Нема да се лоши се додека не ги форсираат младите, ама во вториот дел од сезоната откако ќе сфатат дека сепак не можат до плејоф ќе им дадат поголеми минути на талентите по што ќе следи голем пад.
15. LA Lakers 16 - Вториот кандидат после Индијана за дисфункционална екипа на годината. Страшната конкуренција на западот + нула квалитетни одбранбени играчи брзо ќе доведат до демотивирање на ветераните.

MVP: LeBron
ROY: Parker
MIP: Sullinger
6th man: Hawes
Defensive player: M.Gasol
Executive of the year: David Griffin (Cleveland)
Дисфункционални екипи: La Lakers и Indiana
Изненадувања: Detroit и New Orleans

Се разбира ќе има повреди кои драстично ќе го изменат сето ова, ама во моментот ова е моето мислење.

Не очекува убава и возбудлива НБА сезона. Се надевам ќе се изнагледаме врвна кошарка.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.613
Поени од реакции
10.302
Двајт и другарите курташак на Стејплс да ти играт, играчот за кој танкавте нога ви скрши, Коби за малку ќотек ќе јадеше.. Сепак малерот во ЕлЕј останал.. ама не во Клиперс поќе
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367
Двајт и другарите курташак на Стејплс да ти играт, играчот за кој танкавте нога ви скрши, Коби за малку ќотек ќе јадеше.. Сепак малерот во ЕлЕј останал.. ама не во Клиперс поќе
Харден си ги силуваше онака лагано :D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Uste ve mucat kompleksi,ah be napatenkovci
Никој не го мачи комплекси, не посебно кошаркарски тим од Америка за кој нема никаква допирна точка во Македонија...работата е тоа што Лејкерси има најмногу фанови па оние што не се за нив интересно му е да ве пецкаат со оглед колкава мизерија од тим се Лејкерси со пензионериот Брајант и со кечерот Бузер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom