Мултикултурализмот, и неговата злоупотреба

Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
A mozhebi na struchniot shtab im e nalozheno da bidat politichki korektni.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Да зашто ако имаше подобар бел енглез од нив, фудбалската јавност немаше да знае за него и добри клубови немаше да го купуваат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Ako ne se lazam crncite vo Engleska se samo 1-2 % od naselenieto. Taka da ednostavno se podobri od belcite pred se radi nivnte fizicki predispozicii pa zatoa gi ima vo tolkav pogolem broj vo sportot od samite beli englezi.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Сириски професор: Арапите емигрираат за „курви“ и богат живот, ве напаѓаат затоа што не ги добиваат

Професорот Басам Тиби во интервју дадено неделава тврди дека масовните сексуални напади во Келн се резултат на „системот на вредности на емигрантите“ – гневни се затоа што не ги пречекал луксузниот живот што го очекувале, па се одмаздуваат понижувајќи ги Германците.

Тиби, инаку ислмалог, утврдил дека арапските емигранти во германските жени гледаат „курви“ и плен, нешто како дивеч, па предупреди дека земјата наскоро ќе биде сведок на „големи социјални конфилкти“, како резултат на политиката на отворени врати на канцеларката Ангела Меркел и ЕУ. Тој масовните напади врз Германките ги припишува на системот на вредности на Арапите и нивните очекувања дека кога ќе пристигнат во Германија ќе живеат во изобилство и луксуз. Професорот, германски државјанин роден во Сирија, вели дека Арапите доаѓаат „очекувајќи раскошни станови, русокоси жени и државна благосостојба“ (односно социјална помош, да не мораат за сето тоа и да работат).

Политичкиот научник тврди дека даночните обврзници во Германија им обезбедуваат на емигрантите далеку повисок стандард од социјалната помош од оној кој би можеле да го имаат во земјите од каде што доаѓаат дури и со добри плати за тамошните услови, но предупреди дека гостопримливоста на Германците ја сметаат за „недоволно“. Укажувајќи дека двособните станови во Каиро се луксуз, тој кажа дека запознал 16-годишни емигранти, од кои секој има на располагање двособен стан само за себе, на трошок на германските даночни обврзници. Но, тие се незадоволни бидејќи се надевале дека ќе добијат и – автомобили. Бесплатно, нормално. Тие би биле задоволни и од каков било обичен мерцедес, но не би ги навредило ако добијат порше.

„Сетете се на благодарните Сиријци од славните „селфија“ со Ангела Меркел. Еден од нив, неодамна, пред неколку недели, на ТВ изјави дека е многу разочаран од неа. Тој сака добра работа, сигурни приходи, и стан. Ќе имаме големи социјални конфликти“, предупредува професорот. На прашањето како може да биде сигурен во тоа, Тиби одговара дека не е само фактот дека државата не може да ги задоволи нивните високи и сосема нереални очекувања, туку и дека „емигрантите имаат систем на вредности сосема неповрзан со модерниот свет“. Тој им открива на Германците дека Арапите веруваат дека тие се чесни луѓе, а Германците се нечесни и валкани, и дека им дозволуваат на жените да „спијат со кого било“. Што во очите на Арапите ги прави безвредни и нечесни луѓе.

Тој тврди дека емигрантуте знаат дека нивното однесување е криминално, но исто така веруваат дека „германските жени се курви“, и имаат чувство дека нема да мора да се соочат со казна ако сексуално ги малтретираат. Повеќето од нив не виделе жена која не е целосно замотана, освен поблиските членки на семејството, па разголените жени на Западот им испраќаат порака дека им се на располагање за секс на сите.

Одликуваниот академик тврди и дека полицијата е немоќна против арапските банди бидејќи нивниот страв „дека ќе бидат обвинети за расизам е поголем од стравот од распаѓање на јавниот ред и мир“. Според него, ова доведува до тоа емигрантите германската полиција да ја гледаат како слаба и немоќна. Професорот Тиби тврди и дека сексуалните напади врз Германките се начин на одмазда на Арапите бидејќи не добиле убави станови и скапи автомобили, како што очекувале.

„Силувањето на жените е оружје во војната во Сирија. Сите завојувани страни го прават тоа. Емигрантите кои доаѓаат тука од таа култура не се сите жртви. Ако таквите луѓе не го добијат тоа што го очекувале, тие се лутат. Од културата од која доаѓам јас, кога некој ќе ве налути, вие се трудите да го понижите.

На истокот, кога сакате да го понижите мажот, ја силувате неговата жена. Моето мислење е дека зад понижувањето на жените на тие млади муслимани во Келн всушност се крие желбата да ги понижат германските мажи. Жените се само инструмент преку кој тоа го прават“, вели Тиби.

Басам Тиби е професор по меѓународни односи. До пензионирањето во 2009 предавал на универзитетот во Гетинген, Германија и редовно држел предавања на угледниот Корнел во САД и други врвни универзитети. Тој е основоположник на исламологијата како социјална наука која го проучува исламот и конфликтот во пост-биполарната политика. Автор е на 41 книга како „Шеријатска држава: Арапската пролет и демократизацијата“, „Исламизмот и исламот“, „Предизвикот на фундаментализмот: Политичкиот ислам и новиот светски неред“.

http://www.mkd.mk/svet/analizi/siriski-profesor-arapite-emigriraat-za-kurvi-i-bogat-zhivot-ve-napagjaat-zatoa-shto-ne


 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
E sega nishto ne mi e jasno. Gledam na glavnite MSM velat deka burkat e zabraneta na plazhite vo J. Francija.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Масовна тепачка на екстремни десничари и емигранти на истокот на Германија (ВИДЕО)

Стотина мажи и жени со екстремно десна ориентација и 20 азиланти се судриле доцна синоќа на централниот плоштад во гратчето Бауцен, на истокот на Германија.



Десничарите азилантите ги бркале до хостелот во кој се сместени, каде што тепачката ја прекинала полицијата.

Претходно истата вечер, 32-годишен жител на градот бил погоден со шише во близина на местото на подоцнежната пресметка, пренесува Би-би-си. Локалните жители синоќа ги обвиниле азилантите дека го окупирале плоштадот пред најголемиот шопинг центар во градот и предизвикувале проблеми.

Сведоците тврдат дека тепачката ја испровоцирале емигрантите, откако на полициското барање да си заминат од плоштадот почнале да фрлаат шишиња и штици. Кога изгледало дека азилантите ќе си заминат, врз нив се нафрлила повеќебројната група екстремни десничари (дел од германските медиуми ги нарекуваат неонацисти).


Градоначалникот на Бауцен повика на смирување на тензиите, и најави зголемување на бројот на полициски патроли во таа област за плоштадот повторно да стане достапен и безбеден за граѓаните.

„Од многубројните реакции на граѓаните, туристите и сопствениците на локалните бизниси сфаќам дека ситуацијата на плоштадот предизвикува сериозна загриженост“, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Во Бауцен и околината има четири прифатилишта за емигранти. Ситуацијата во тој дел од Германија е напната уште од февруари, кога беше запалена зграда во која требаше да бидат сместени азилантите.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/masovna-tepachka-na-ekstremni-desnichari-i-emigranti-na-istokot-na-germanija-video
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Германската државна телевизија со совети за Германците:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom