http://static.framar.bg/product/citrovit-vitamin-c.jpg
Една таблета содржи : L- аскорбинска киселина 100 mg.
Помошни супстанци : микрокристална целулоза (Е460i), стеаринова киселина Е570, талк (Е553в), боја Е104.
... е сега , за една таблетка од само 100 мг Вит Ц , јас морам да внесам четири ,,Е,, , ако тоа помножам со три или четири пати на ден ? ...зашто да ги внесам тие , кога си го имам Вит Ц природно ...тоа ми е поентата .... колку ,,Е,, внесувам воопшто со друга исхрана која морам да ја купам, а не можам природна да ја внесам ? ..што ќе речи мојата јетра? и што ќе ми е другиот бенефит кога јетрата мора да се мачи да го преработи , а бубрегот да го острани? ...јас така размислувам ...и тоа го применувам , Вит Ц - ДА ! ама природен ... а не тука хемиска аскорбинска киселина споена со све и свашта супстанци за корекција на вкус , тврдина на таблета , боја и други дополнителни ,,Е,,...итн
1. Филерите кои ги наброја, ги има во секое друго апче што постои кај нас (горе доле)
2. "Синтетичкиот" витамин ц, и оној од храна,
се хемиски еднакви, и нивната биолошка активност е исто така идентична. Ако изедеш 3 пиперки, тие дефинитивно се подобри од нивни еквивалент во форма на таблета, заради тоа што содржат многу други елементи (минерали/витамини/полифеноли/биофлавоноиди) кои се здрави за телото, но ако збориме стрикно за витамин ц, се до некои 500mg vs 500mg или 3-4 пиперки vs 1 таблета разликата од аспект на абсорција би била горе доле идентична.
Поентата што ја пропушташ цело време, а и многу други е дека
а) НЕ СИТЕ имаат иста способност и здравствена состојба, или дигестивен систем за да го абсорбираат витаминиот ц од храната на идентичен и ефикасен начин. Постојат луѓе со H Pylori, со иритабилни црева, со зголемена pH вредност - преголема количина на лоши батерии, храна богата со окасалати, инхибитори на абсорција - анти нутриенти, старост на конзументот и многу други фактори - па така ако некое дете изеде 1 пиперка, дали мислиш дека абсорцијата ќе му биде еднаква со човек на 50 години?
b) Постојат големи вариации во нутритивниот состав од плод до плод, од тоа колку е свеж како и каде е растен и колку витамин ц содржи ултимативно.
c) Ако ти вадат заб, самиот процес е екстремно стресен за организмиот, иако тоа многу луѓе не го знаат, и во тие моменти и после тоа, телото е испразнето од многу минерали витамини кои се користат во далеку поголема количина за задравување на телото и борба со оксидацијата - воспалението, па така во тие моменти за да внесеш доволно ц, треба да изедеш едно кило пиперки, а и тогаш нема да внесеш доволно - а сите знаеме дека е невозможно да го направиш тоа кога имаш ваден заб.
d) Не секогаш можеме или имаме услови да јадеме храна која содржи витамин ц, една единствена цигара користи 30 мг од истиот.
Така да, не е така едноставно како што изгледа. Ултимативно од мое лично искуство, препорачувам најмалце 1 грам на ден, а кога сте болни многу повеќе, дозите треба да бидат на секои 2-3h по 1 таблета, или 1 грам. Најдобро е да се купи прашак а не таблети, така немаш филери, далеку по економично е, и имаш подобра абсорција. Jeтрата иначе, ќе ти биде благодарна
П.С. Не сум доктор, ова што го споделувам е од мое лично истражување, и употреба од моја страна. Несаканите ефекти кои ги читаш се извадени од контекст.
П.П.С. Кога ги спомнавте хормоните, прочитајте малце што прави BPA-то, и разните хемии кои се во пластиките, и после вратете се на темава да зборите за витаминот ц и неговиот наводен негативен ефект.