Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
Во село тие работи не мора ...
Мора во твојот мозок, да возиш кола од 20к еур, да живееш во 100 квадрати,да си во центарот, да идеш 3пати неделно во кафана а секој ден на кафе и 8ч на интернет да си. Да во право си Мора само по чии критериуми.
Порано имале да се прехранат сега не :cautious: 50% струја немале ама ти викаш имале услови јбг во друг свет живееме
СЕБИЧНОСТ ништо повеќе ништо помалку
Комшијата има 3 сина. Живеат во куќа со неговите , децата а ни тие немаат самсунг или ајфон, една кола имаат.
Другар има 3 стана плата со жената заедно околу 1..000 евра и само едно дете има, вика мали биле финансиите..
Татко ми од 10 годни идел по туѓи ниви да работи а 3 деца биле. Тоа од што имале многу услови (y)

Услови сега има повеќе само нашите потреби се многу големи а богами голем дел и непотребни ама јбг мода :P

Ај признај дека не е ни до тебе,ти (и јас) лесно би се откажал од многу луксузи доколку ЖЕНА ти го прифати истото и прифати да роди барем уште 1 ангел :D Be a man and go for it :cool:
три чисти немаш и продаваш демагогија, нека ти е на чест
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Абе, луѓето порано живееле над стоката во иста куќа, имале полски клозети, живееле во 2 соби. Е сега, зашто тоа никој не го практикува...
да возиш ...
не е само до наталитетот туку и до иселувањето. Две деца се проста репродукција, три се веќе мало подобрување, најплодното население ни се иселува.
Но ајде да ја разработиме оваа твоја теза. Прва работа, замислениот живот со кола од 20к, 3 дена во кафеана итн одвај можат да си го дозволат еден грст луѓе. Да не навлегуваме во дискусии од типот -види полни се кафеаните и улиците, затоа што де факто во Скопје живеат 700-800.000 жители па само 10% да излезат ете ја гужвата.
Втора работа е примерот кој го напиша со 3те деца. Тоа е се во ред, но друга куќа или стан е од минимум 40-50.000 евра. Сево ова и сите потреби помножени со 3. Се работи за возрасни личности кои, како е дојдено со работа и плати, во догледно време немаат начин сами да егзистираат. Уште помалку сами да купат стан.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Кои полни кафани, кој живот? Ноќниот живот во Скопје не постои. У земји кај што има шеријат има повеќе забава и некаква градска атмосфера. Од крај на 90 ти па до некаде 2005/2006 во Скопје имаше безброј ноќни клубови, кај што се пушташе и жанровски различна музика, со еден збор имаше за секој по нешто. Значи се дешавало по 100 до 200 души да чекаат пред врата да влезат, јас таква слика одамна немам сретнато во Скопје. Не го живеам многу ноќниот живот и можно е да не сум информиран ко што треба, ама од она што ќе го видам кога шетам по скопскиве улици навечер, ситуацијата е средно жалосна. Вчера поминав до пиволендов и мрење беше, и не е ради музиката, ни ради озвучувањето, или ради лошото пиво, туку ради мртвите луѓе кои беа присутни. Ми се случува луѓе кои што се иселиле од Македонија кога ќе се вратат да ти кажат дека во Скопје просто се дише негативност во воздух. Имам другар кој живее во Пекинг, пред тоа студираше во Лондон. Пред три години дојде да поседи некој месец и заврши на антидепресиви и на психијатар. Еве поминаа 3 години и не му се доаѓа тука ни на некоја недела колку да се види со најблиска фамилија. Нездраво е ова општество. За грев сме тие што живееме тука.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кај мене во соседствово веќе 4ти саат ечи шабанизам музика. Насобран народ, јадење, пиење. Не знам во која држава живеете, али ако е Македонија, мора да е во паралелна димензија, затоа што овде зборите едно, низ прозор во моментов ечи нешто друго. Толку да нема народот, дома ќе дреме.

Далеку од тоа дека не сме сиромашна земја, ама со постовиве ја правите државава бетер од второкласна Африканска држава.
 
ама баш иста е ситуацијата и во Битола каде порано се живееше навечер четврток,петок,сабота и недела беа фул кафичите и баровите, сега жими една сабота се полнат и тоа ради реда, ништо не се случува
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Кај мене во соседствово веќе 4ти саат ечи шабанизам музика. Насобран народ, јадење, пиење. Не знам во која држава живеете, али ако е Македонија, мора да е во паралелна димензија, затоа што овде зборите едно, низ прозор во моментов ечи нешто друго. Толку да нема народот, дома ќе дреме.

Далеку од тоа дека не сме сиромашна земја, ама со постовиве ја правите државава бетер од второкласна Африканска држава.
Вау, се јадело и пиело..луксуз до коска. Као почна мислев ќе речеш моети се пукале и кавијар се јадело. У право си не сме африка, јадење и пиење иаме :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Мали плати,модернизам во комбинација со феминизам,е равно на демогравска катастрофа.Иначе и ова со кафаниве е потполно точно,туристиве а и нашиве од дијаспората се чудат како е можно од една страна да се кука од друга стана ноќниве клубој се преполни и се пијат до рани зори.Ама тоа е нашата апсурдна прикаска ,во земјата на голите фодули!
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.880
Нема народ, нема држава што сакате повеќе. Ова овде е збирштина на племиња, секој со секого се мрази и се чека кој ќе остане на крај најсилен тој ќе владее. Другите попаметни си одат. Трети собираат пари за да си одат. Како и да е , никој не гледа иднина овде освен тие што се забегани и мислат дека АмонРа ќе се симне од небото и ќе ги прогласи за владетели.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Државава тоне од многу аспекти. Економски пред се, политички, демографски е на крајот. Платите со години се исти, најголемиот дел од народот мизерува и едвај врзува крај со крај и е во долгови до гуша. Останатите живеат како кралеви и можат да си дозволат многу повеќе од другите. Едноставно во Македонија нема средна класа, има само сиромашни и богати.

Политиката ни е втората најголема курва во државата која се ебе со кој стигне само за да дојде до фотеља и да лапне некој тендер или да испере некое милионче и после да се пензионира. Или пак ќе ни продаваат историски филмови како ние сме антички или словени, како сме најјака нација и први во се во светот, иако самиот граѓанин знае дека тоа не е така. Секој ден се повеќе млади се иселуваат од државата, сами се направивме Бугари за да можеме да избегаме од овде. И не ги критикувам тие кои тоа го направиле, ги разбирам бидејќи и јас сум на исто дереџе и чекам Бугарски пасош за да му ја киднам одовде што побрзо. Едноставно мојата иднина во Македонија мислам дека е црна и никако не гледам како може да се подобри ако се остане вака како досега или продолжи на полошо.

Како очекува некој населението да не се намалува кога за 10 - 15 години од државава се имаат иселено најмалку 100.000 луѓе? Нивните деца се родиле и сеуште се раѓаат надвор од Македонија и се веќе државјани на државите во кои се родиле. Оние што останале тука знаат дека немаат капацитет и услови да изгледат повеќе од 1-2 деца и затоа им е страв да направат повеќе. Има семејства во кои родители неможат да изгледаат солидно ни едно дете а камоли пак 2 - 3 или повеќе. За разлика од традиционалните Македонски обичаи и семејства Албанците и Ромите се размножуваат како глувци и ќе дојде ден кога ќе бидат мнозинство. Македонците ќе бидат малцинство во сопствената држава.

Има многу проблеми и работи кои не чинат во државата и тешко ми е што е тоа така. Меѓутоа сам неможам ни моите сопствени проблеми да ги решам сите, а камоли пак да се сеќирам за цела држава. Треба измени, и тоа измени од корен.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Кафаните не се “полни“ зашто сме богати туку напротив зашто сме сиромашни и во џебот а уште пострашно и во духот. Чист пример виден лично од мене (а се кладам дека има безброј вакви):
Пред влез имам кафич кои малтене секогаш е полн а во голем дел од нив се и студенти, е сега поминувам и гледам две девојки средени нашминкани и си пијат кафе а после пола саат на каса во КАМ истите купуваат макарони и кесичка мајонез за ручек. Тоа е македонскиот ретардиран менталитет ке си скрати пристоен речек ама 100ден ќе даде за кафе и за пиво и скара во кафана за да биде виден.
 
За вакви примери ич да не правиме муабет. Дојди само во Струмица и ќе видиш секој ден што се дешава. Мислам дека од сите градови во Македонија што ги имам прошетано најмногу вакви примери имам видено во Струмица. Сите кафичи и кафани се скоро секој ден полни до последен стол, да сакаш да седнеш нема каде, а после седенка сите кукаат како немаат пари. Битно е да се седне некаде и да се чекира на ФБ за сите да го видат каде бил и што јадел/пиел. Тоа докажува колку тап менталитет сме, посебно Струмичани. Од еден од најдобрите градови во Македонија стана најглуп и најдосаден.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Од кога тоа што се полни кафичите е репер за некаква благосостојба? И у Сирија се полни, барем таму кај што не се војува, на крајбрежјето. Порано секој викенд МКЦ и Ла Фабрик беа полни даска, па никој не го спомнувал ко некаков факт за економска преродба, туку на луѓето тоа им беше еден од издувните вентили, кои сега полека ги снемува. Се претвораме у зомби општество.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Кафаните не се “полни“ зашто сме богати туку напротив зашто сме сиромашни и во џебот а уште пострашно и во духот. Чист пример виден лично од мене (а се кладам дека има безброј вакви):
Пред влез имам кафич кои малтене секогаш е полн а во голем дел од нив се и студенти, е сега поминувам и гледам две девојки средени нашминкани и си пијат кафе а после пола саат на каса во КАМ истите купуваат макарони и кесичка мајонез за ручек. Тоа е македонскиот ретардиран менталитет ке си скрати пристоен речек ама 100ден ќе даде за кафе и за пиво и скара во кафана за да биде виден.
^ This so much.
Пред некоја недела ми се случи да ме одбијат за театар бидејќи скапа е картата и истата вечер истите луѓе да ме се јават за во Пошта.
Сега на одмор ми се случи истото, бевме во стариот град во Несебар и влегов во музејот, платив 7 лева карта, влегов сам. Излагам од музејот, ги најдов кај се, ајде ќе седнеме на сладолед. 8 лева беше сладоледот.
Знам и луѓе кои си имаат отидено не од финансиски причини (не директно барем), туку ради менталитетот македонски. И јас лично размислувам да си отидам, иако работава ме плаќа над просекот во државава, ама некогаш толку многу се напнувам од ситуацијава (пример), да ми доаѓа да ставам крај на се што сум градел и постигнал и да си ја барам среќата под друго сонце.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Пред демографска катастрофа сме оти така сме катастрофа, па мора да сме и демографска.:D
Причините ни се на сите јасни. Најголем виновник е несигурноста.
Плус такви како @Spell Caster , @george_jov и мн. други (маалси баби) шо не си се замараат за нивниот живот туку за животот на другите прават некому да му е незгодно што живее тука и да отиде подалеку од таков народ и таму да им подари иднина на своите деца.
Секој си има различни цели во животот и различни патишта кон тие цели, така да секој ужива во различни нешта, па дали некој ќе јаде сладолед или ќе пие кафе наместо нешто друго да прави тоа е сопствен избор и до некаде приватна работа.
Не ве знам колку години сте, но би требало да ви помине ова размислување.
Да се вратам на насловот.
Во Мкд и во регионов е доста нестабилна ситуацијата, а како што изгледа и нема да се подобри во иднина. Политичкиот фактор премногу влијае на животот на сите луге во државата, а гледаме какви закони носат преку ноќ и никому не му е гајле. Па затоа подобро е да имам 1 дете и да знам дека ќе можам да се погрижам добро за него, отколку 5-6 деца да бидат гладни.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А навиките на штедење да ги спомнете? Или отсуството на истите? Мислам дека и тоа придонесува многу за состојбата на нечив џеб.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom