Развојот на една држава и на економски како и на демократски и културен план го креира народот во таа држава мнозинството народ, ниту соседите можат да го креираат тоа, ниту странци и странски фактори ниту пак политичарите кои се мал грст луѓе !
Со ваков менталитет Македонецот никогаш неможе да биде на подобро ниво од тоа што некогаш бил или е во моментов, Македонецот е роб на самиот себеси на својот менталитет, поголемиот дел од народот е апла неедуциран, голем дел од популацијата е во средни или во стари години и нормално дека тие луѓе до крај ќе си ги држат своите сфаќања, младите се во доста мал број и се тотално немоќни нешто да променат, партиски сме поделени до коска, немаме сеуште цврсто изграден идентитет т.е. пола народ сеуште гледа кон Белград ко да е центар на светот, а другата половина којзнае на каде гледа(во Ацета изгледа), културно и демократски одиме наназад преку промоцијата на традиционализам, конвервативизам и религии, државата ни е доста мешана етнички и религиски и во секој поглед, народот нема некои којзнае какви работни навики а пак за домаќински навики воопшто да не правиме муабет, меѓучовечките односи се катастрофа односно не постои вистинско пријателство туку само љубомора, завист, оговарање и кодошлук, секој на секого сака да му ѕирка во гаќите, немаме како народ демократски и плуралистички капацитет туку секој над секого сака да го наметнува своето мислење, секој гледа да заебе некого и да лапне нешто, секој со секого се мрзи роднина со роднина, комшија со комшија, исто и на работното место секој на секого му е ривал и.т.н.
Јас сум еден од ретките кој малку подлабоко ги гледам и анализирам работите и сум доста критичен по многу работи, не напаѓам исклучиво политики и политичари туку гледам и малку подлабоко во сржта во менталитет на народот, ниту пак напаѓам страни фактори, соседи, петти-колони, малцинства и.т.н.
Искрено кажано ич не ми чуе за ништо, барем сум слободен човек, слободен од секакви националистички и религиски стеги, ако ме биде ок ако не ме биде пак ок, ако преживеам ок ако не пак ок, ден за ден и секој сам за себе, што ми е гајле мене за животот и проблемите на другите зарем другите ги заболе патлакот и путката за мојот живот и моите проблеми, денеска луѓето се зли повеќе сакаат да ти направат зло и да те видат во лоша ситуација отколку обратно што имам јас да се секирам за проблемите и животот на другите, си го гледам мојот живот, моите обврски и проблеми, мојот џеб и стомак а истото го прави и секој еден друг, барем сум чист и реален на никого не му правам ниту добро ниту зло, ниту на некого нешто давам, ниту пак земам !