Македонија и Македонецот? Трагедија или навика?

Член од
27 јули 2014
Мислења
1
Поени од реакции
13
Да ги поздравам сите членови на форумов!
Профилот го направив и темава ја отворив испровоциран и изначуден од еден разговор со мои пријатели од Грција и Србија од кои занемев.

Можеби мислењево треба да оди во темата за бугарски пасош бидејќи првата и реченица започнува така,но мислам дека подобро е да биде овде,бидејќи е сосема различна темата.Можеби текстот на почетокот ќе изгледа и досаден,но тоа е така зашто мислењево го почнав во темата за бугарски пасош па во последен момент го променив тоа и решив да отворам нова тема.

Да почнам

Не ми е срам и негледам ништо лошо кога би земал бугарски пасош,особено гледајќи ја околината околу нас.
Лошото е и срамно што тука некој си изиграва со нас,во целиве овие 23 години.:(
Мое мислење е дека не треба да се осудуваат оние кои вадат пасоши,бидејќи тоа повеќето го прават за егзистенција т.е за да преживеат(се разбира дека има и други примери,но заради егзистенција е проблемот)

Грешка на македонците е што не си ги бараат своите права во својата држава.:confused:Но што да се прави кога народот е туп и верува на лаги пред избори и масовно излегува.

Верува дека во Грција е криза и луѓето немаат леб да јадат,како и во Бугарија.Најсмешна пропаганда ми делува сега она.Ги цитирам нашите вести(канал 5,шител,алфа)И во Германија нема работа и платите се ниски.ПС и таму не е како што беше.:cuc::facepalm:

Лага и невидена пропаганда поголема дури и од онаа на Хитлер сервирана од страна на Вмро!:cautious:Не ги бива да донесат инвестиции и го мотаат народот,а истиот народ си е глуп и си ја голта пропагандата.АКо ништо друго барем порано немаше вакви бомбардирања дека грциве,србите,албанците,бугарите ни се криви за се.Добро е што имаме само 4 соседи.Да беше и Германија до нас и неа ќе ја кривевме.:)

Јас сум верувал дека ние сме утепани,ама дека до толку сме мизерни и далеку од нашите соседи,не ми се веруваше.:oops:

Слушајте ја случкава сега:
Пред некој ден седнав во кафиќ со гостин од Србија и негов пријател од Грција.Беа на поминувања па дојдоа да се видиме.Случајно се најдовме во муабет за работа во македонија и за платите.

Најпрвин ќе кажам за србинот!Минатите години особено по бомбардирањето им било доста тешко,но плата и работа имало.Кој сакал да работи,можел да најде.

Последниве 4-5 години,платата која ја зима пријателот од Србија е околу 850 евра +бонуси.Работи во Фиат автомобили Србија.
На почетокот и немало толку избор,но вели доколку сега сака да го напушти местото има голем избор и да бира дали да биде тоа во Bosch,самсунг или во низа други компании,каде што може и да очекува повисока плата.Неговата сестра пак работи пак во српска компанија која произведува некој вид гумици за коли која е дел од Фиат групација.Нејзината плата била околу 750 евра.Значи сестра му е 27,а он 25 години.Само они двајца во фамилијата месечно имаат 1600 евра.Да не кажам дека имаат бенефиции како вработени да си земат ново возило и да истото да го отплаќаат по 100 евра месечно.
Само фиат со своите престванвиштва и ќерки фирми имале преку 10000 луѓе запослено.Самсунг,бош и арапиве да не ги споменувам.

Има уште многу да се збори за србија,но тука ќе преминам на толку омразените грци(па веќе изгледа и не ги мразиме толку нели)Веќе одиме се почесто таму и гледаме дека немаме толку голем проблем кој што ни се сервира на нашиве телевизии.

Во Грција пак навистина имало криза и таа навистина ја осетиле кажува гркот.
Он по него кажува дека барем он и неговите околу него со кои правел муабет ја осетиле.Особено он бидејќи платата му била намалена од 1300 на околу 1000 евра,а и бизнисот кој му бил како плус заработувачка од колонијал бил принуден речиси да го затвори.Покрај тоа даноците малку се покачиле и предностите кои ги имале претходно како 13,14-15 па и незнам веќе колку плати им биле укинати.:)Но вели тоа траеше околу 1 година.Од минатиот месец,платата конечно по цела година му се зголемила за околу 50 евра,и тој до крајот на годината е сигурен дека повторно ќе ја зима старата плата,а очекува и повеќе од 1300 евра.:cuc:Кај гркот пак сите речиси во фамилија се запослени и зимаат добра плата,освен мајку му која си работи во вилата со туристи,но таа и не барала работа.

Реално на ова пријателот од Србија почна малку и да љубомори.:place:

Како и да е и двајцата очекуваат повеќе,особено гркот и веруваат дека имаат сигурна иднина,без војни и конфликти,но и финансиска иднина.

Особено гркот вели дека сигурната иднина ја гледа во тоа што можноста за отварање на бизнис е голема можност.Вели дека младите за кои првпат отвараат бизнис се поштедени од инспекции и строги контроли,и дека инспекцијата всушност служи да ги едуцира младите како правилно да постапуваат и кои закони треба да ги почитуваат.За казни и наоѓање дупче во продавница воопшто и не му се зборува.Исто така вели дека и се ослободени 50% од плаќање струја и вода во првите 3 години.

Дојде ред и јас да кажам нешто,но јас уште многу предтоа бев останал без зборови.Не паметам што најпрво се случи во тој момент.Дали во главата си мислев колку сме мизерни и со испрани мозоци и дали има некој побетер од нас било каде во светов
или пак како да се одбранам од срамот

Плата реално кај 95% од луѓето не е над онаа од 750 евра.А камоли пак 850 или грчката од 1300 евра.Во една фамилија може да работи еден или пак ниеден.А за бирање работа,и да не зборувам.

Плати во фамилијата кои ги зимаме во државата кај мене се рамни на Читај(0)евра
Ако не е странство веројатно ќе треба да колеме некој.

Бизнис не сме ни покушале да отвориме,но пред 10години кога имавме продавница како почетници воопшто немавме ни О од она што го имаат Грците.Напротив инспекција доаѓаше и бараше игла во сеното речиси секоја втора недела.И тогаш веројатно имало мањак пари во буџетот.Едукација пак нема шанси.Едноставно овде мораше да си бидеш роден учен.

За сега и да не зборам.На луѓе кои се најчесто партиски вработени претпоставувам дека им се вели да под 10 казни да не се враќаат на работа во УЈП.:(
Едукација и како правилно да се работи тоа ни во сон.Значи никаква можност некој млад да отвори бизнис и доколку отвори 1000 главоболки ќе добие.

Сватив на кое мизерно ниво сме,и дека овде во Македонија не дека нема пари,туку во некои фамилии има вработено и по тројца,додека пак во други нема ниту еден.

Државата не дава никакви бенефиции,а бара да им се платат даноци,евентуално казни,струја,вода и што уште не.

Значи во нашата толку омразена и пропадната Грција луѓе со приход 0евра се само умрените,а даноци плаќаат исти,додека струјата и водата се многу поевтини иако тие земаат по 1300 евра,најмалку 2500 евра во една фамилија.

За стабилна и сигурна финансиска држава мислев многу после тоа.
Инвестиции со години нема саглам.
Самсунг,Бош,Фиат,Мишелин и Емиратите од Дубаи можеме само да ги сонуваме.

Единствено кај нас инвестираат Турците,веројатно за да си добијат државјанства ии повторно да си направат империја како пред 100 години

Грков и србинов кажуваат дека турските инвестиции и пари воопшто не ги сакаат и во србија нема шанси да инвестира некој турчин односно да земе профитабилен бизнис како аеродром од кој и државата би имала профит итн.

По ова јасно ми стана дека си го распродаваме и она што највредно го имаме.Државата не мисли како онаа во Грција да има за сите и набрзина распродава се што имаме вредно.Остана уште да им се даде државјанство на едно 10000 турци(ова е многу веројатно)бидејќи нели инвестираат.

Сами ќе си се утепаме.Мислам ако не сме веќе утепани.Кога би се прашувал па и не би требало да ја има Македонија.Зашто му е на светот,па и на европа ваква мизерија од народ и држава?
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Машала текстот :) Ќе го прочитам немај гајле, после ќе вратам ако има што... Едит: Го прочитав. Во право си. Леле каков бугарски пасош, вака ли патриот, вака, така...Абре бегај од тука и не се врти ниту по дедо ниту по татко. Бегај каде ти гледаат очите. И на форумов се имам карано со ,,патриоти'' за тоа зошто не сум сакал да се борам тука за да преживеам, за тоа дека сум чекал од партија или пак не ми се работело...Па како да работам бре за 10 000 денари, како да работам? И што да работам? Ќе работам за германска фирма, на германски начин на измачување, за македонска плата? За тоа да се борам да останам тука? Политички никогаш не сум бил определен, нема ниту да бидам, се додека некој нешто не направи да оди напред, а по се изгледа нема да го доживеам тоа. Алал да му е на тие што избегале од ова робовладетелство, им завидувам и ги подржувам сите тие што сакаат да бегаат од тука. Да ти се плукнам во таа пензионерската пустелија. Смрдени пензионери ќе ми се маваат со компири возејќи се бесплатно, а студентите и нивните родители ќе трпат за леб се додека не се добие една диплома, која и откога ќе се добие, само ќе фаќа прашина.
 
Последно уредено:
T

templar55

Гостин
Убав текст ама со текстов ништо не си направил. Ке те прочитаат троица четворица, некој ке ти стегне лајк и животот врви понатаму.
Факт е дека на народот му прават букаке. Прво го шамараат па после го шприцаат у уста и му се смејат у фаца.

Па еве машко смени нешто. Плус ке те има и у историски читанки за стотина години. Биди нашиот Лех Валенса.
Иди у полиција и пријави протест за следната недела со цел да се подобри економската ситуација на нашиот народ.
Јас ке излезам втор, ти обеќам 100% иако на примањата можат и германци да ми завидат.
Инаку жал ми е што морам да го кажам ова, ама народот овдека е прилично глуп и ретардиран, а мислам дека тешко нешто да се смени во наредните неколку години. Можат само кондомите да се сменат од црвена (сега) во сина (у иднина)...ама пак ке сме ебани.
 
4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Убав текст ама со текстов ништо не си направил. Ке те прочитаат троица четворица, некој ке ти стегне лајк и животот врви понатаму.
Факт е дека на народот му прават букаке. Прво го шамараат па после го шприцаат у уста и му се смејат у фаца.

Па еве машко смени нешто. Плус ке те има и у историски читанки за стотина години. Биди нашиот Лех Валенса.
Иди у полиција и пријави протест за следната недела со цел да се подобри економската ситуација на нашиот народ.
Јас ке излезам втор, ти обеќам 100% иако на примањата можат и германци да ми завидат.
Инаку жал ми е што морам да го кажам ова, ама народот овдека е прилично глуп и ретардиран, а мислам дека тешко нешто да се смени во наредните неколку години. Можат само кондомите да се сменат од црвена (сега) во сина (у иднина)...ама пак ке сме ебани.
Колку го прочитале, толку и ќе се кренат, ќе му дојдат некои партиски пиончиња или желки-миленичиња и или ќе си ги бројат ребрата цела година или ќе му кажат дечки извинете, ајде приберете си ги опашките или ќе ви отиде цел имот. И јас сум за, иако не сум од Скопје, ќе платам карта, ќе дојдам и јас, ама да сум сигурен дека ќе се смени нешто. Вака само може да си пееме како Пинк флојд, да не слушаат неколкумина и толку, ниту прогрес ниту ништо.
 
Какво сменување човече... ви викам нема ништо да се смени у наредните 15-20 год. Ова ти е единствениот народ у свет што е партиски поделен на ВМРО и СДСМ.
Ако можел овој народ да дозволи да му перат мозок 2 партии на чии врвови се лигуш до лигуш, тогаш овој народ не ни заслужува ништо подобро.
Оние "паметните" извадија Вулгарни пасоши, а останатите уште живеат у лажна надеж.
Него запамтете го постот, ке биде уште полошо и пак ке се обвинува за тоа светската криза.
Допрва ке го јаде овој народ ( ако не стане ).
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Има делумно вистина во текстов само што другиот дел пристрасно ми делува. За бугарски пасош мислам дека и не е битно што мислат другите тоа е да речам лична одлука и нема некој трет што да се меша без разлика дали причините биле финансиски, човекот се чуствува или е бугар или нешто сосем трето.

За лаги на нашиве вести веќе еден подолг период(читај од осамостојување ваљда и претходно) имало и секогаш ќе има.

Финансиските споредби со Србија и Грција не се баш на место. Економски Србите можеби се малку пред нас, додека Грците и покрај кризата се малку повеќе ама во секој случај 750 евра плата во Србија е можеби дупло над просекот.

Германците си се посебна приказна они се светлосни години пред нас и поголемиот дел од светот не само економски туку и на сите останати полиња.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мене во старт ми беше сомнителен текстов. Па каков е тој Македонец што има пријател Србин и Грк и заедно седи на кафе со нив? :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ова е повеќе виц, седат србин, грк, македонец и русин... често и французин. Работата можеби не ја бидува ама ако се репер србите и нивните плати или грците каде воглавно е далеку поскапо од кај нас и каде вели половина грци сакаат да избегаат од Грчка и кои со невработеноста скоро не стигнаа...
Greece records rapid increase in net emigration levels
 
Не е вистина сител изгледа има сајт на англиски. Шала на страна, исто ко што се глупи пропагандите дека европа се распаѓа подеднакво глупи се дека тука е најцрно а таму тече мед и млеко. Информирајте се и сами изградете си слика. Не е ништо црно бело....е сега дали е сиво не сум сигурен :)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Реално тоа е пријателе, само и ова не мора. Пак ме потсеќаш на она македонското "не иде и не иде, чаре?".
Значи секој е приказна сам за себе, си тераш и гледаш само напред. Јас искрено не се замарам со тоа кој што како и зошто овде, бидејќи освен плачковци ретко среќавам победници и затоа повеќе се концентрирам надвор него во оазава на пензионери.
Мене во старт ми беше сомнителен текстов. Па каков е тој Македонец што има пријател Србин и Грк и заедно седи на кафе со нив? :)
Сигурно дека не е затворен и ограничен како повеќето луѓе во државава :)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Реално тоа е пријателе, само и ова не мора. Пак ме потсеќаш на она македонското "не иде и не иде, чаре?".
Значи секој е приказна сам за себе, си тераш и гледаш само напред. Јас искрено не се замарам со тоа кој што како и зошто овде, бидејќи освен плачковци ретко среќавам победници и затоа повеќе се концентрирам надвор него во оазава на пензионери.

Сигурно дека не е затворен и ограничен како повеќето луѓе во државава :)
Па да, пошто во грција кога идеш можеш да слушаш македонска музика во кафана, да јадеш грчки јадења...пошо грците се слободумни а ние затворени...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Само Македонците имаме обичај да ги глорифицираме сите други освен самите себе, да се гледаме како жртви, додека сите други, посебно пред странци, ќе глорифицираат и надувуваат се што е нивно.
Реалноста ни во Грција, ни во Србија не е таа што е претставена во текстот.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па да, пошто во грција кога идеш можеш да слушаш македонска музика во кафана, да јадеш грчки јадења...пошо грците се слободумни а ние затворени...
И најбитно ќе се осеќаш како човек за разлика од услугата во нашиот Охрид :)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Па да, пошто во грција кога идеш можеш да слушаш македонска музика во кафана, да јадеш грчки јадења...пошо грците се слободумни а ние затворени...
Јас сум светски човек пријателе, одамна ги оставив зад себе предрасудите и стереотипите.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
И најбитно ќе се осеќаш како човек за разлика од услугата во нашиот Охрид :)
Па пресели се.[DOUBLEPOST=1406457220][/DOUBLEPOST]
Јас сум светски човек пријателе, одамна ги оставив зад себе предрасудите и стереотипите.
Ова се расуди не предрасуди.
 
levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Кој го негира горенапишаното се понаша како жител на Северна Кореја.
На телевизија фрчат вакви онакви инвестиции а стандардот тапа. Па и се рамнат со големите земји која пародија.
Да дојде овде цел холивуд да зимаат семинари и пракса зашо вода можат да ни носат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom