Кога баба ми изиграва детектив, па секоја ден се соочувам со прашањата и нејзините совети.
Арен си?Што ти е?Нешто не е во ред со тебе?
Земи јади, коски и кожа си.
Немој дрога да си пробал, еднаш проба ли зависен стануваш.(Веднаш тука, контра прашање, ти си пробала ли? не, епа штом не си пробала не ми соли памет)
Земи учи сине, учи бабино.
Да го пикнеш столчето под маса оти навечер кога станувам темно е, се ударам од него(не палела ламба, струја штедела)
Земи излези од дома, цела ден на компјутер седиш(ме нема мене неколку саати па кога ке се вратам почнува детална истрага каде сум бил и што сум правел)
Има и позитивни работи како на пример, ке си легнам во 5 а баба ми ке констатира дека станала во 3 и јас сум спиел.
Со родителите нема замерки, се додека не дојде ред да побарам да се купе нешто тогаш се бара влакво во јајцето, по неколку часа им објаснувам како што во најситни детали.(Пр, последниот пат кога ми фалеа уште малку пари за сателитска морав да им кажам каде се продава,колу чини, колку е голема, како изгледа, за што случи, кои се придобивките,дали луѓето сеуште купувале,каде ке стоела, кој ке ја местел, зошто сум сакал да земам?И на крајот рекоа не, за другиот ден да ме разбудат уште во седум и да речат ајде ако сакаш да одиме да видиме за сателитска.И тоа се случуваше дента пред да гупам, а неколку дена пред тоа имаше муабети како јас не сум знаел колку чини, кои канали ги имало, како јас сум бил мрзлив и не сум ја заслужувал...)
Тоа се случува со татко ми, со мајка ми полесно се разбираме ама требало тато да одобри, а тој е во скопје па не се зборело преку телефон кога ке си дојдел во петок, а ако не си дојде во петок две недели чекање за едно да.Ма, супер е ако поминат две недели, обично ми требаат два викенда да ги натерам да размислат да се информираат што сакам да купам, третиот викенд е резервирам за убедувањето да се купи што побрзо.