уфф како ме вадат од патики некои работи
-замараат кога нема да си го наместам креветот а сум прва смена нашколо а јас одвај ќе се измијам и ќе се спремам ни на крај памет не ми е да местам кревет хелоооу
-кога ќе си дојдам касно од град и не легнувам веднаш си седам, и утре ќе ми држат лекција како сум им тропала трескала и не можеле цела ноќ да заспијат, а секогаш пазам да не тропам
-кога ќе почнат да замараат за тоа што треба да носам у град, дека е ладно и треба да облечам боди, дека сум била луда што сум облекла фустанче или сукња на ТОЛКУ ЛАДНО време, еднаш и вратата ми ја заклучија додека не се преоблеков ц ц ц
-ме споредуваат со други деца и личности уффф колку го мразам ова
-Ме караат за тоа колку зборам на мобилен зашто било штетно ова она
Ама од друга страна можам да кажам дека се најдобри зашто никогаш не ми забраниле да излезам, не ми кажале кога да се вратам од град, не ми се јавувале речиси никогаш кога ќе излезам освен ако им треба нешто што значи дека имале доверба во мене, никогаш не ми влегуваат у соба да ми проверуваат освен што мајка ми има мала навика да ми чита пораки на телефон ама ништо не кријам од неа, секогаш знаеле за моите љубовни врски, проблеми и ми давале подршка