Литература за деца

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Според најново истражување на The Telegraph иУниверзитетот Ворчестер, класичната „Божиќна песна“ на Чарлс Дикенс е книгата, која родителите би сакале нивните деца да ја прочитаат по секоја цена. Во истражувањето „Топ десет книги кои родителите мислат, дека децата треба да ги прочитаат“ викторијанската приказна собрала најмногу гласови – секој 5-ти родител, од вкупно 2000 анкетирани возрасни, ја посочил како фаворит.


Изборот не е за чудење, ако се знаат темите на обработка во самата книга. Еден од основните мотиви во приказната на Дикенс, ја засега потребата од тоа да бидеме добри, да даваме, да бидеме скромни.

Како основна вредност таа го издига семјството, а најважните работи што ги пренесува „Божиќната песна“ на Дикенс, се однесуваат на победата на духовното над материјалното.

Следни според анкетата се „Хари Потер“ на Џоан Роулинг, трилогијата „Господарот на прстените“ на Толкин, „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол, …

Интересно е што, најпопуларните книги кои се предаваат од колено на колено, се всушност оние со силни морални пораки, кодирани во себе си. Сите книги во децата провоцираат длабока размисла. Од ова се гледа, дека родителите сакаат на своите деца да им препорачаат книги, кои ќе им бидат предизвик за цел живот.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Деновиве некои од најголемите германски издавачки куќи, се во жестока дебата за следење на примерот на американските методи за корегирање на литературните производи од минатото, со современото политички коректно изразување…

Поточно, дел од германското издаваштво најави почеток, на акција за исфрлање од употреба на некоректните социјални лексики од делата на различни, веќе класични детски автори.

Пред некоја година, САД имаше иста иницијатива да бидат исчистени творбите на Марк Твен од зборот „црнец“ – негро, кој се среќава како што добро знаеме насекаде во неговите новели за Том Соер и Хаклбери Фин.

Во овој текст ќе се сконцентрираме врз проблемот на тоа, дали треба (и до кој степен) белетристичките текстови за деца, кои никнале во различен период од современата социо-култура денес, да бидат преведени во склад со барањата на денешното политичко говорење.

За да бидеме јасни, уште на почеток ќе ги кажеме имињата на издавачките куќи од Германија , за кои „Дојче Веле“ пишуваше пред некој ден, дека се решиле на таа смела постапка. Нај свеж е случајот со Штутгартското издаваштво – „Тинеман“, едно од најстарите и реномирани во земјата, кое прво ја редактирало „Малата вештерка“ на Отфрид Пројслер. Производот, кој носи светска слава одамна е меѓу најчитаните детски дела не само во Германија, но и во цел свет.

Следна во групата е издавачката куќа „Фридрих Јотингер“, која се „потрудила“ да го поправи јазикот на „Пипи Долгото Чорапче“ и на неколку други книги на Астрид Линдгрен. Како резултат на тоа се отстранети сите појави на дискриминација во смисла на зборчето „црнец“ или „циган“.

Според информација од Германските медиуми, негативната реакција на 89 годишниот Отфрид Пројслер , спрема издаваштвото „Тинеман“ била залудна и мислењето на авторот за корекциите на неговото дело, било неважно. Книгите на Пројслер, слични на тие на Астрид Линдгрен се ослободени од расистички и дискриминаторски пораки…

Сведоци сме дека во последно време се повеќе, се вршат промени на текстови независно дали авторите се живи или не. Промената на оригинал (чиј што господар е само нeговиот создавач), која се врши под дејство на вакви “морални“ одлуки на издавачките куќи, е всушност цинична и груба демонстрација на сила. Авторот често е поразениот во овој однос. Такви се тенденциите во издавањето книги, денес.

Проблемот со поставениот модел на политички коректен речник бара решение, кое често е проследено со навиките на еден јазичен и културен бекграунд.

Во оваа смисла, унификацијата на разни смислени несоодветни термини со општата блага етимологија, му смета на детето кое чита денес, да ја забележи разликата на минатото кон идинанта, и да ја осознае како таква, развивајќи осет за историската суштина.

Адаптирањето на делата ги лишува децата од можноста да прават паралели. Читајќи преправени текстови, нашите деца собираат информации од изменета, или поточно, лажна историја.

Како млaдите тогаш би можеле да го преценат општеството во кое живеат, со тоа од пред 100-150 години?

Корекциите на „Пипи Долгото Чорапче“ и „Малата вештерка“ се доказ и за нешто друго, поврзано со нас, возрасните. За тоа дека не сме способни да го прифатиме минатото, дека бегаме од него, независно од сите декларации и спогодби. Се движиме кон еден стерилен свет, кој не е добар.

Izvor
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Имам цел албум на пинтерест посветен на илустрации од книги за деца...таму се собрани омилените илустратори...многу ја сакам таа уметност, зошто е блиска до мојата представа за светот...Инаку децата во развиените и модерни држави читаат книги кои се страшно добро илустрирани...тие уште од мали развиваат осет за уметноста...
Ова е илустрација од еден многу познат илустратор за деца, Габриел Пачехо...Водниот човек.

 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Професијата уметник-раскажувач е признаена во цел свет.
Благодарение на неа се создадени едни од нај-убавите т. нар авторски книги за деца- напишани и илустрирани од еден човек. За жал, оваа професија кај нас не е застапена...
Оливер Џеферс е од оние артисти, кои освен четка во едната рака, знае да држи и перо во другата. И ги користи еднакво добро во името на сите деца.
Добрата детска книга е како сон. И за да го исполниш, мораш да вложиш многу енергија, емоции, грижа и љубов.



Оливер е еден од нај-познатите современи автори на книги за деца.
Во 2007 беше избран за официјален илустратор на светскиот ден на книгата. Издавачите кои стојат зад него се исто сериозни- во Британија издава за Харпер Колинс, а во САД за Пингуин. Се занимава и со сериозна уметност и изработка на плакати, а списокот на клиенти за кои работел е не помалку сериозен... Strabucksa , Orange UK , Lavazza , Sony PSP и Newsweek . Работата на Оливер може да биде одлична декорација за детска соба :)
Последните неколку книги со негов потпис, ја освојуваат наградата БИСТО.



Извор

Некаде на форумот спомнав дека тој стил childlike lines, е многу баран, зошто ја следам таа сцена на илустратори. Стилот на Оливер кој е многу детски, употребен во видео за U2
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766

Моите лектири кои преживеале после толку време...

Многу мили, многу убави спомени носат овие книги...книгите на моето детство, кои успеале да “преживеат“ после толку многу години.
Секогаш кога ги пречитувам, ме враќаат во оние сончеви, разиграни денови од моето безгрижно детство. Тогаш, со другарчињата од населбата си игравме по цел ден, тогаш немаше сиромашни и богати, немаше компјутери, а каналите на ТВ беа само два...Тогаш имавме вистинско детство и секој нов ден,беше нова авантура.
Тогаш денот почнуваше со игра, а завршуваше со песната на штурчињата, кога нашите мајки не довикуваа од балконите за вечера. А доста често, заспивав точно со приказните од овие книги. Животот тогаш беше прост, природен...а односите меѓу луѓето многу по-вистински. Тоа беше приказно време!

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Книга за деца и млади од познатиот Дик Кинг Смит (Бејб) во издание на Вермилион.
Авантурата почнува кога Кирсти, девојче од Шкотска, наоѓа мистериозно јајце на брегот...и го носи дома.
Точно тоа јајце ќе го промени животот на цело семејство...Наскоро со братчето Ангус, разбираат дека тоа е јајце, од непознато водно чудовиште. Од јајцето се испилува приказно морско суштество... Го нарекуваат Крусо.
Милото суштество, мало и палаво, не престанува да си игра со сите во куќата.
Но доаѓа момент, кога поради својот забрзан растеж, мора да ја напушти.
Семејството решава да го пренесе до морскиот брег, неговиот природен дом. И додека се трудат да го скријат малиот воден пријател, кој станува се поголем со секој поминат ден, чуваната тајна, раѓа една легенда...
Легенда која предизвикува страв, зошто и други луѓе тврдат дека го виделе “мистичниот ѕвер“.
Пријателството меѓу водниот коњ и децата станува се поголемо...но доаѓа денот кога ќе мора да се разделат.
Книгата е адаптирана на големиот екран, со мали измени...Во филмот на пример, Ангус е тој што го наоѓа јајцето.


Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Во скандинавските страни, возрасните се тие кои повеќе ги читаат книгите за деца...Самиот Перо, еднаш рекол дека добрата книга за деца нема возрасна граница, таа е за сите...Човек може да научи повеќе од една книга за деца отколку од дебела филозофска книга за возрасни...Читањето на детска литература е тесно поврзано со напредокот на една нација...
Нешто повеќе за детската литература во Шведска....
https://sweden.se/culture/swedish-childrens-literature/
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Редакторите на Scholastic, која е една од водечките издавачки куќи во областа на детската литература, подготвија своја прогноза за тенденциите на детското издаваштво во 2013 година...


- Тенденциите во детското издаваштво се водени од една единствена читателска група-децата. Затоа сите од Scholastic, ги следат трендовите за да можат да препознаат иден хит-книга кој децата ќе ја читаат и бараат се повеќе и повеќе, ќе разговараат за неа, ќе ја споделуваат и препорачуваат на своите другарчиња – објаснува директорот на литературниот клуб во компанијата Дејвид Алендер.

Презентирани непосредно пред почетокот на 2013-та година,ова се само неколку од клучните тенденции во детската литература, додека целосната прогноза може да ја слушнете на јутјуб каналот на Scholastic, презентирана од самиот директор Дејвид Алендер :

Тормозењето е основна тема во детските книги во престојната 2013
Речиси секое дете се судрило со агресија во одреден дел од животот, и е нормално детските автори да го користат овој факт како важен аспект од секојдневието на децата.Соодветно на тоа да го претворат во приказна или расказ, кои ќе им помогнат да го намалат стравот или болката од преживеаното.

2013 ќе биде среќна бројка за фановите на научната фантастика
Се очекува да се појават наслови кои ќе не вратат кон старата добра,наречете ја дури класична научна фантастика.

Војната
Во САД ќе продолжи одбележувањето на 150 годишнината од Граѓанската војна, така да воената тематика ќе биде застапена во книгите за деца.

Време на силните девојки
Катнис Евердиин од “Игрите на гладот“ постави почеток на еден моќен женски лик.Во 2013 читателите ќе можат да очекуваат уште силни женски ликови во книгите за деца и млади, со силен карактер и желба да се премине секоја пречка-кои пак се добри вредности, за секоја девојка.

Фокус врз разновидноста
Децата сакаат да се видат себе си во книгите, затоа авторите и издавачите ќе направат се за во книгите децата да ја преопознаат својата индивидуалност. Оваа година малите читатели од цел свет, ќе можат да научат многу повеќе за своите народи, за различните култури и за себе си- во книги кои посветуваат теми на културната разноликост.

Од луди фантастики до реалистични еко-трилери, добрите стари авантури на откриено никогаш нема да бидат демоде. Оваа година, не очекуваат многу наслови фокусирани на се поактуелната тема за екологијата и животната средина. Особено за налутената мајка Природа и последиците од нејзиниот гнев.

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Кученца-библиотекари....тие ги сакаат малите читатели и се одлични слушатели. Децата со задоволство ги посетуваат библиотеките каде можат да се сретнат со своите четириножни пријатели....и заедно да влезат во светот на приказните....

http://www.librarydogs.com/
http://www.tdi-dog.org/OurPrograms.aspx?Page=Libraries
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Животот е бајка, чиј писател си ти....
 
Член од
12 септември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Поздрав на сите, не разгледував по темите дали има иста или слична тема како оваа. Сметам дека децата би требало уште од најмала возраст да ги развиваат своите лични карактерни особини, вредности и навики, па доколку имате познавање за детска литература за деца од 6-11 годишна возраст, со која на некој начин децата би учеле за правилни вредности и карактеристики за себе, како и напредување на полињата за развој на својата интелигенција и ""психолошка свесност'' на литература разбирлива за нивната возраст би ви бил благодарен доколку дадете одредени предлози и имиња на автори кои се бават со овој тип литература и литература која ја има на македонски јазик
 

Kajgana Shop

На врв Bottom