Литература за деца

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Потсетете се на времето кога бевте мали. Со кои книги заспивавте, кои ви беа омилени ликови? Алиса во земјата на чудата, Споменка, Пинокио, Мери Попинс, Пипи долгиот чорап, Климентина со нејзините пајажини или пак човечето од Шеќерната приказна на Славко Јаневски?
Подоцна и Горјан Петревски со неговите „Марта“, „Исти очи“, „Сама“, знам дека многумина го обожаваат затоа што обработуваше теми што ни беа блиски на нас младите, во мое време (кога јас бев 5-6 одд. беше доста популарен).

Дали читавте како мали, што читавте и како го доживувавте секое прочитано дело? Дали ви се случило и сега, како повозрасни да се потсетите на литературата што ја читавте како деца и да ги препрочитувате повторно овие книги?

На факултет имам таков предмет, наоѓаме елементи во делата што ни на крај памет немало да ми паднат претходно, наоѓаме смисла во кажаното гледано од возрасен аспект. Дефинираме дали е чудно, чудесно или фантастично...
Премногу е интересно кога после толку години се навраќам на тоа и сфаќам колку поинаку ги имам доживеано таквите романчиња.

И дали некој знае дали може да се најдат на интернет како e-books некои од делава, зашто ми требаат за испит.

п.с. Заборавив Хајди да ја споменам, ко мала најомилена книга ми беше. :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Како мал ги имав прочитано сите лектири и се чудам зошто не земав да читам и други детски книги кој што не ни беа лектири но беа доста квалитетни но во детството и во времето кога растевме беше понижување да земеш некоја книга од библиотека ќе те наречеа филозоф ќе те одбегуваат и слично, можеби и затоа не читав некоја друга детска литература, се разбира како и на многу така и мене "Робинзон Крусо" ми остави голем впечаток, "Двојната Лота" исто така, се разбра еден ден ќе ги прочитам пак овие дела и ќе се потсетам на детството но знам дека нема да е исто чуството да ги прочиташ сега и да сум ги прочитал тогаш искрено жалам што не сум прочитал голем број на детска литература додека бев дете
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ко мала бев многу емотивна, кога го читав крајот на "Пајажината на Климентина" плачев кога умре Климентина покрај прасето Цанко.. и ту тој дел го препрочитував неколку пати и плачев. :pos:
Инаку, "Втората смена" ја имам 7 пати препрочитано,а убај книги шо сум ги читала ми биле"Двојната Лота","Малиот принц","Срце","Мери Попинс","Доктор Офболи","Кој ја скрши вазната","Исти очи","Децата од нашата улица"(мислам дека вака се викаше),"автобиографија на Григор Прличев"..
Инаку во сите книги се соживував со ликовине, а баш ми дојде идеја пак да си ја прочитам "Двојната Лота" :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
секогаш тато кога одеше во друг град ништо не барав, само да ми купи сликовница :pipi: и ден денеска сите ги чувам еден куп имам.
после кога заодев на школо ми беше мерак да си читам лектири и интересни ми беа: касни порасни, зоки поки, двојната лота, ерол ( мислам дека така се викаше тоа едно будалесто дете) и други. сега брзо немам прочитано некоја добра книга :toe: толку поминал меракот
 
С

Смока

Гостин
дефинитивно Касни-Порасни :)
таа книга ми го промени животот...откако ја прочитав јадам по три пати на ден:smir:
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Многу сакав и ко мала да читам, а најомилена ми беше "Том Соер" од Марк Твен, убедливо најмногу пати ја имам препрочитано и се` уште ми е една од омилените книги :) Други кои ги сакав беа: "Двојната Лота", "Волшебното Самарче", "Големи и Мали", "Доктор Офболи", "Пипи Долгиот Чорап", "Зоки Поки", "Таро во Земјата на Планините", "Улавите Години", "Орхан", "Втората Смена", "Пајажината на Климентина", "Хајди", "Марта", "Тајниот Дневник на Адријан Мол" (последните 3 ги прочитав кога бев малку поголема), Хари Потер (офкорс), некои басни, приказни итн. "Малиот Принц" не тераа у четврто да ја читаме ама немаше поента пошо тек во 7-8 одделение ја сфатив пораката на книгата (иначе е прекрасна). Ете така :)
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Џонатан Свифт, „Гуливеровите патувања“,
Даниел Дефо, „Робинзон Крусо“,
Марк Твен, „Том Соер“, Хаклбери Фин“

и многу други. Ама овие се дел од делата што сум ги препрочитал од дистанца на воздрасен читател, и се изненадив што се’ најдов таму...
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Најубави книги од детството ми се:
"Зоки Поки" (дефинитивно култна книга за најмладите генерации),
"Гоце Делчев" (книга која од најмали нозе те тера да го сфатиш значењето на апостолот на македонското револуционерно значење и ти всадува патриотизам кон родната земја),
"Приказни по телефон" (едни од најубавите фантастични приказни кои го разгоруваат детскиот авантуризам и потрагата по нешто надреално, магично, фантастично),
"20.000 милји под море" (ремек дело на великанот Жил Верн, човекот кој "размислуваше еден век" пред своите современици),
"Пипи долгиот чорап" (прекрасните авантури на Пипи и нејзината дружина),
"Петар Пан" (за детето што никогаш не сакаше да порасне),
"Оливер Твист" (дело кое зборува за англиското бескрупулозно општество и третманот кон сирачињата во XIX век),
"Големи и мали" (нешто без кое не смее да помине детството на едно македонско дете, еден од најдобрите македонски романи за деца, вистинско ремек дело, прекрасна приказна за животот на "Големите" и "малите".).

Бонус: "Улавите години" - "училишна библија".
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
"Зоки Поки" е најинтересната книгичка во прво одделение.
"Касни порасни" е досадна, aма интересни сликички имаше во неа :)
"Робинзо Крусо" е една од поубавите книги, ја читав и пред некоја година. Знам и во средно ја читавме и разговаравме за тоа како е да читаш детски книги и колку поразлично ги сваќаме истите кога сме позрели.
"Орхан" беше убава. А и "Марта", ама оваа беше некако посериозна.
И "Доктор Офболи" ептен ја сакав. Сакам и јас да си правам така муабети со животните.
Али "Хајди" е најубавата книга. Ќе си ја земам пак да ја читам, сериозно. Ептен убави описи имаше. :trepka:

И "Бојан" имаше една книга? И таа ептен ми се допаѓаше. Нели идеше кај дедото летно време, па знам јадеа сиренце и додека читав дома цревата ми кркореа :icon_lol:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Омилена книга почнав да имам откако ја прочитав ,,Пипи долгиот чорап,,
Тоа е првата книга која ми остави впечаток.После неа следна е ,,Пат околу светот за 80 дена,, Ја обожавав таа книга.Потоа ,,Времеплов,, .Една од најдобрите лектири во основно, ако не и најдобра.Овие ми се онака топ три.Ми се допаднаа и ,,Пајажината на Клементина,, , ,,Марта,, и ,,Улавите години,,
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Омилени книги ми беа Пипи долгиот чорап Споменка Климентина Марта и уште многу....
 

Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
Милосија - Ката Мисиркова Руменова
книгава ја имам прочитано околу 5 пати и кога би имала време би ја прочитала уште еднаш... нз едноставно премногу ја сакав зошто ја добив во 4то одд. како одличена ученичка и ми остана како спомен :):smir:
 
Член од
19 октомври 2009
Мислења
87
Поени од реакции
2
ќе може некој да ми раскаже за што се зборува во исти очи?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Како дете ги прочитав оние задолжителни книги, кое речиси секое примерно Македонче требаше да ги прочита - „Зоки Поки“ (О. Николова), Шеќерната приказна на С. Јаневски, поемата „Мице“ од В. Николески, како и неговите „Волшебното самарче“ и „Гоце Делчев“, „Свирипиле“ на С. Манева и сл.
Подоцна, малку потпораснат, ги читав романите на Горјан Петревски („Марта“, „Исти очи“, „Снеговите на Климентина Евин“), на Видое Подгорец (трилогијата „Белото Циганче“), Велко Неделковски („Симчо“), приказните што ги собирал (и на кои им дал сопствен печат) М. Цепенков и тн.
Од странските автори Џ.М. Бари со „Петар Пан“, Џ.Свифт со „Гуливеровите патувања“, С. Лагерлеф и„Прекрасното патување на Нилс Холгерсон“ и Марк Твен, Вили Мајнк („Марко Поло“), Р.Џовањоли („Спартак“), Валтер Скот, Жил Верн, повеќе книги со басни, народни приказни и митови од различни земји и и др.
Иако во книжевноста се прават поделби на книги за деца и возрасни, на мислење сум дека постојат само добри и не толку добри книги. Некои од спомнатите со задоволство ги разгледувам и сега. Се чувствувам како да разгледувам некаков детски потсетник, албум или споменар.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Омилени книги ми беа оние на Горјан Петревски: Споменка (тогаш двата дела а кога испадна пред некое време го прочитав и третиот дел:kesa:),Сама,Марта,Снеговите на Клементина. Неговите книги ми беа најлесни и најинтересни за разбирање спротивно од Деца на Андриќ која во моментот кога ни беше за лектира мислев дека е најдосадата што постои, секако ова мислење се смени година подоцна :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom