Ливерпул-Манчестер Јунајтед 06.03.2011 (14:30)

Победник на дуелот:

  • Ливерпул

    Гласови: 57 46,7%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 45 36,9%
  • Нерешено

    Гласови: 20 16,4%

  • Вкупно гласачи
    122

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866

Liverpool FC v Manchester United
Уште еден дуел на двете убедливо најтрофејни екипи во Англија.
Северно - Западното Дерби
Ливерпул и Манчестер Јунајтед се две екипи меѓу најголемите во целиот свет. Двете екипи се многу горди и ривалството меѓу нив е застрашувачко. Заедно овие екипи бројат 36 лигашки титули, 18 ФА Куп титули и 8 Европски титули.


Ливерпул Манчестер Јунајтед

18 Лигашки Титули 18
7 ФА КУП 11
7 Лига КУП 4
5 Лига на Шампиони 3
3 Европски Супер КУП 1


Ривалство и Историја

Овие две екипи отсекогаш биле најголеми непријатели. Вејн Руни и Гери невил многу гласно ја искажуваат омразата кон Ливерпул, додека Стивен Џерард го прави истото кон Црвените Ѓаволи. Едноставно Манчестер Јунајтед и Ливерпул не се поднесуваат меѓусебно. Ниеден играч нема директно преминато од еден во друг тим откако во далечната 1964 Фил Криснал премина од Олд Трафорд на Енфилд. Тоа е показател колку е луто ривалството меѓу овие две екипи.


Последни дуели:

09.01.2011 (ФА Куп) Манчестер Јунајтед 1:0 Ливерпул
19.09.2010 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 3:2 Ливерпул
21.03.2010 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 2:1 Ливерпул
25.10.2009 (ПЛ) Ливерпул 2:0 Манчестер Јунајтед
14.03.2009 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 1:4 Ливерпул
13.09.2008 (ПЛ) Ливерпул 2:1 Манчестер Јунајтед

Вкупен број на меѓусебни натпревари: 181
Победи на Ливерпул: 60
Победи на Манчестер Јунајтед: 71
Нерешени: 50

И на крај, без разлика на табелата и на момелната форма на двете екипи, овој натпревар секако ќе привлече многу внимание не само во Англија туку низ целиот свет бидејќи ретко кога овој дуел останува незапамтен.
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
Не губи Фергусон две дербиња по ред, 2јка е оваа.. All In :motor:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672


Наши сте :):):) За мечот ќе прокоментирам коа ќе иам време.. :)

 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Не губи Фергусон две дербиња по ред, 2јка е оваа.. All In :motor:
Исто мислам и јас. Нема шанси да си дозволи Ферги да изгуби и со Ливерпул, па макар и Керик играл како дефанзивец.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Штом нема шанси јас викам да пишеме петиција да ја дадат службено. Зошто џабе да се заморуваат играчите. :tapp:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дерби е, поготово со Ливерпул. Во било каква небесна форма да е било кој од тимовите не би се осмелила да прогнозирам чиста победа за едниот. Се` ме влече накај Х, онака од прва.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
4-1 хет трик Тор... не чекај. 1-0 Џејми со глава у 90!
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Дерби е, поготово со Ливерпул. Во било каква небесна форма да е било кој од тимовите не би се осмелила да прогнозирам чиста победа за едниот. Се` ме влече накај Х, онака од прва.
Јас само знам дека нема да заврши без голови. И нерешена да е на крај, ама ќе биде 2:2 минимум (во случај на нерешено мислам).
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Mancester ce tepa ,a strelci ce bidat Xabi Alonso , a za man rooney i c ronaldo
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Што не ви е јасно оваа сезона. Сценариото се знае, го тепаме Манчестер сега, му пуштаме на Арсенал со два „авто-гола“ и то тако...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom