Gojak YNWA
Ракот на Хелси
- Член од
- 12 јануари 2009
- Мислења
- 1.946
- Поени од реакции
- 866
Liverpool FC v Manchester United
Уште еден дуел на двете убедливо најтрофејни екипи во Англија.
Северно - Западното Дерби
Ливерпул и Манчестер Јунајтед се две екипи меѓу најголемите во целиот свет. Двете екипи се многу горди и ривалството меѓу нив е застрашувачко. Заедно овие екипи бројат 36 лигашки титули, 18 ФА Куп титули и 8 Европски титули.
Ливерпул Манчестер Јунајтед
18 Лигашки Титули 18
7 ФА КУП 11
7 Лига КУП 4
5 Лига на Шампиони 3
3 Европски Супер КУП 1
Ривалство и Историја
Овие две екипи отсекогаш биле најголеми непријатели. Вејн Руни и Гери невил многу гласно ја искажуваат омразата кон Ливерпул, додека Стивен Џерард го прави истото кон Црвените Ѓаволи. Едноставно Манчестер Јунајтед и Ливерпул не се поднесуваат меѓусебно. Ниеден играч нема директно преминато од еден во друг тим откако во далечната 1964 Фил Криснал премина од Олд Трафорд на Енфилд. Тоа е показател колку е луто ривалството меѓу овие две екипи.
Последни дуели:
09.01.2011 (ФА Куп) Манчестер Јунајтед 1:0 Ливерпул
19.09.2010 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 3:2 Ливерпул
21.03.2010 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 2:1 Ливерпул
25.10.2009 (ПЛ) Ливерпул 2:0 Манчестер Јунајтед
14.03.2009 (ПЛ) Манчестер Јунајтед 1:4 Ливерпул
13.09.2008 (ПЛ) Ливерпул 2:1 Манчестер Јунајтед
Вкупен број на меѓусебни натпревари: 181
Победи на Ливерпул: 60
Победи на Манчестер Јунајтед: 71
Нерешени: 50
И на крај, без разлика на табелата и на момелната форма на двете екипи, овој натпревар секако ќе привлече многу внимание не само во Англија туку низ целиот свет бидејќи ретко кога овој дуел останува незапамтен.