Креационизам наспроти еволуционизам

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата.



Само во идеологизираната "наука".

Несакам да навлегувам подлабоко во темава зошто до утре сабајле ќе пишуваме.
Едно прашање само...

Да кажеме дека теоријата на еволуцијата е тотално погрешна, дали тоа значи ако ја докажеш невородостојноста на наведената теорија автоматски докажуваш дека постои креатор (творец). или како и за едната така и за другата теорија треба докази?
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Адам е создаден за да биде човек, не машко, не женско, туку човек-бесполен. Со тоа, Адам во себе го носел потенцијалот за оставање на цел човечки род после себе. Адам станува машко, откако Ева е одделена од Адама. Тогаш Адам ја нарекува Ева со поимот „жена„, и од тој момент, Адам веќе е машко. Ева, логично, ја наследува човековата природа од Адама (затоа во православната Црква, Ева се нарекува и „човечица„), а со тоа наследување, поседува и одредени органи, кои на Адам веќе „не му требаат„ (така да кажам...). По Божјата промисла, Ева, пошто е женско, ќе ја има улогата на „...мајката на сите...„, што значи, после падот, Ева ќе раѓа деца, па за таа потреба, Ева е целосно прилагодена, со соодветни органи, кои кај Адама ја губат истата функцијата.
Кои органи според тебе ја губат функцијата кај Адама, сакаш да кажеш Адам имал и женски органи за формирање наследство???
е ова го немам слушнато никаде.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Адам е создаден за да биде човек, не машко, не женско, туку човек-бесполен. Со тоа, Адам во себе го носел потенцијалот за оставање на цел човечки род после себе. Адам станува машко, откако Ева е одделена од Адама. Тогаш Адам ја нарекува Ева со поимот „жена„, и од тој момент, Адам веќе е машко. Ева, логично, ја наследува човековата природа од Адама (затоа во православната Црква, Ева се нарекува и „човечица„), а со тоа наследување, поседува и одредени органи, кои на Адам веќе „не му требаат„ (така да кажам...). По Божјата промисла, Ева, пошто е женско, ќе ја има улогата на „...мајката на сите...„, што значи, после падот, Ева ќе раѓа деца, па за таа потреба, Ева е целосно прилагодена, со соодветни органи, кои кај Адама ја губат истата функцијата.

Незнам дали да се смеам или да плачам искрено...
ОоОоО СИТЕ ние сакаме да ОН постои, да знаеме дека ова наше постоење има длабока смисла, да стварно некој не гледа од горе, ама за жал или за среќа не е така.

За ваша утеха(креационист) сепак ништо не е апсолутно докажано :salut:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кога станува збор за самиот прапочеток на животот на Земјата, еволцујата нема никаква допирна точка. Лошо е кај креационистите што се целосно убедени дека еволуцијата се обидува да го поткопа прапочетокот, зачетокот на животот. Тоа е така бидејќи се гледа единствено само од една страна... Важно е тоа што од интерес на еволуцијата е промената на видовите, а како стартна точка таа го зима првиот организам кој умее да се размножува. Тоа значи дека биолошката еволуција нема апсолутно никаква врска со создавањето на првиот жив организам. Може е паднат од вселената, може е креација на фиктивен лик - Бог или пак е создаден преку абиогенезата. Абиогенезата не произлегува од еволуцијата. Кога би се земале предвид механизмите на органската еволуција ќе видиме дека тие имаат ефект само кај видовите кои имаат способност за размножување (безполово или полово) Дали тоа значи дека креационистите се обидуваат да удрат во погрешна точка? :toe:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да кажеме дека теоријата на еволуцијата е тотално погрешна, дали тоа значи ако ја докажеш невородостојноста на наведената теорија автоматски докажуваш дека постои креатор (творец). или како и за едната така и за другата теорија треба докази?
Теоријата на еволуцијата и креационизмот взаемно се исклучуваат. Тоа значи дека ако првата е точна, тогаш втората е погрешна, а ако пак втората е точна, тогаш првата е погрешна. Тоа исто така значи дека ако првата е неточна, тогаш втората мора да е точна или обратно.
Верувам дека ќе се сложиш дека нешто може да биде или случајно настанато, или пак плански создадено. Трета опција нема. Ако покажеме дека нешто не може да биде случајно настанато (еволуција), тогаш неопходно следи дека тоа нешто (животот) мора да е плански создаден, што пак условува постоење на плански и интелигентен Создател = Бог.
Ова е така затоа што теоријата на еволуцијата е единствена приказна за настанувањето на животот без присуство на Создател. Таа е единствена бесконкурентна атеистичка теорија за настанокот на животот. Со други зборови не постои друга атеистичка теорија за настанокот на животот, освен Дарвиновата теорија. Ако постои, повели изгуглај и споделија со нас. Но таква не постои. Оттаму следи дека со побивањето на теоријата на еволуцијата, ние го докажуваме креационизмот т.е. постоењето на Бог. Овој метод на докажување во логиката се нарекува "докажување со метод на исклучување".
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
метод на исклучување ... но дали веќе ги имаме сите опции пред нас за да можеме да исклучуваме?

патем што подразбираш кога ќе речеш Бог .. можно ли е да не е Тој туку Тие .. не знаеме ни 0.00000000001% од што се таму „надвор“ има .. мислам дека е многу егоистично да тврдиме нешто ...
исто како да гледаш во сликата на Мона Лиза но само 1мм2 (па и многу помалце) од неа и да погодуваш што е насликано ..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
метод на исклучување ... но дали веќе ги имаме сите опции пред нас за да можеме да исклучуваме?
Постојат само две опции: или е случајно (еволуција) или е плански (креационизам).
Ако не ми верувате, повелете наведете алтернативна атеистичка теорија за настанокот на животот.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Постојат само две опции: или е случајно (еволуција) или е плански (креационизам).
Ако не ми верувате, повелете наведете алтернативна атеистичка теорија за настанокот на животот.
Ама чекај малце зошто си толку ограничен. Побивањето на теоријата на еволуцијата незчаци потврдување дека постои креатор. И тоа е теорија која како таква треба да се поткрепи со факти и докази. Секој го брани својот став, ти како бранител на твојот носи аргументи и докази, затоа што теријата на еволуцијата и креационицмнот ЗАЕМНО НЕ СЕ ИСКЛУЧУВААТ.
Апсолутни докази постојат во математиката, а овде во реалноста cogito ergo sum не е никаков доказ. Може и моето мислење не е издржано, оставам простор за грешки сепак е само теорија, така?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Постојат само две опции: или е случајно (еволуција) или е плански (креационизам).
Ако не ми верувате, повелете наведете алтернативна атеистичка теорија за настанокот на животот.
Еволуцијата дава објаснување како еволуирал животот а не дава теории што е животот т.е. како првобитниот организам настанал, само како од тој првобитен организам настанале сите останати. Е сега тоа што некој сака тоа да го изврти и претстави како компатибилно со неговите сопствени религиски толкувања е друга приказна!
Само на основа дека МОЖЕБИ постои креатор, да му се припишуваат сите тие апсурдни и смешни карактеристики, да му се "извлекуваат" заповеди, норми па дури и научни факти е имбецилно!
Кога станува збор за еволуцијата, доказите и теориите кои таа ги нуди се непотполни, неточни, нелогични...итн. Но кога е во прашање религијата, само врз основа на она "МОЖЕБИ", сите "факти" од религиските текстови стануваат совршено лочични, очигледни и точни!?
Па така доаѓаме до ситуација кога тврдењето дека светот е стар неколку илјади години е совршено логично, како и тоа дека луѓето потекнуваат од Адам и Ева и се создадени од кал?!?:tapp: Зошто? Па затоа што "МОЖЕБИ" постои креатор, и има книги во кој некој пред 3000 години ни објаснил се!
 
Член од
25 август 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Чепкајки по интернет налетав на ова видео(за некого можеби познато за некого не) па.. реков да го ставам тука.

 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Чепкајки по интернет налетав на ова видео(за некого можеби познато за некого не) па.. реков да го ставам тука.

Сите таканаречени аргументи во постираните видеа се побиени, во видеово е детално образложен секој детал повели и увери се! -
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ако продолжите со видеава само ќе ве бришам ... и на оваа и на другата тема ..
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Интересен е примерот со Човекот од Небарска (mислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел долгометражен цртан филм од претпоставк. Дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работеше само за еден заб! Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собрала околу еден заб и правеа долгометражен цртан филм.
Подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи
Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници видови на премин, тие дигнаа бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид.
Ова е еден од најупотребуваните `аргументи` од страна на креационистите кои сметаат дека ова е најголемиот блам за еволуционистите, а при тоа забораваат како еден голем американски креационист долги години правеше магаре од себе само за да може да ги продава своите дела на ненаситната и проста, необразована креационистичка публика. Ајде да појдеме со ред. (постот ќе биде долг!)

*************************************************

Во горниов случај станува збор за забот од Небраска за кој палеонтологот Хенри Озборн сметал дека му припаѓа на изумрен вид мајмун, или, евентуално, на некој изумрен вид прачовек. Подоцна, популарно списание во обид за поголем профит излегува со статија под наслов „Илуистрирани лондонски вести“ и ја објавува информацијата за пронајдениот заб. Во рамките на веста, магазинот објавува и слика од малолетно дете, а под сликата запишуваат “Господинот Форести ја нацрта оваа слика за да илуистрира некои можности кои ова откритие ги потврдува. Бидејќи не знаеме за обликот на ова суштество, неговата реконструкција е само пример на уметничката брилијантна мисла.“

Палеонтолозите од тој период не прифатиле дека станува збор за човечки заб! Како пример може да се земе цитат од делото „Човековото потекло“ на Џорџ МекКурди кој за забот од Небраска вели: “Озбор открил два заба од периодот Плиоцен во Небраска и предложил дека тие припаѓаат на човеколик примат кого го нарекол Hesperopithecus. Овие заби не се добро зачувани, така што точноста за Озборновото толкување не е генерално прифатена.

Со усовршување на техниките за определување на изворот на забите, дојдено е до заклучок дека станува збор за заби од изумрен вид дива свиња. Еволуционистите ова го прифаќаат и тоа за нив не претставува никаков удар бидејќи истите првично ги отфрлија забите како неприоритетни поради лошиот квалитет и невозможноста да се открие нивното потекло. Во палеонтологијата многу често доаѓа до вакви забуни, но ретко кога истите испливуваат на насловните страници од светски познатите научни магазини. Пример за глупост е објавувањето на слика на насловната страна на National Geographic каде јасно се гледа скелет на птица откопана во Кина. Бидејќи изворот сеуште не бил потврден, магазините Science и Nature одбиваат да дадат било каков коментар за настанот. Подоцна е дојдено до заклучок дека станува збор за измама, скелетот кој се најде на насловната страна претставува комбинација од делови на скелет на Yanornis martini и Microraptor zhaoianus. Сигурно на креационистите им е позната и аферата за Пилтдаунскиот човек, но забораваат една многу важна работа! Еволуционистите и научниците одбиваат да ги прифатат овие наоди се додека детално не поминат преку сите анализи. Тоа што некои индивидуи се обидувале да го изнесат во јавност било само од лична корист!

*************************************************

Креационистите не се толку невини колку што изгледа на прв поглед. Се смеат на еволуционистите бидејќи не разликуваат заби од свиња и човек, но она што тие го направија е уште посрамно.
Во близина на реката Палукс во Тексас беа пронајдени стапки од диносаурус на исто ниво со стапки од човек. Иако ова е силен `аргумент` на креационистите, кој го интересира да знае што всушност е вистината, нека пише! Тука друго е важно. Еден од најпознатите креационисти Карл Боу (Carl Bough) во почетокот на осумдесетите доаѓа на локалитетот и покрај тоа што се уверува самиот себе дека станува збор за човечки стапки, на истото место успева да откопа два заба, како и фосилизирани прсти. За историјата да се повтори, тој верува дека станува збор за човечки делови. Прстите биле во стар отфрлени бидејќи станувало збор за обични камења (трагично, а се смеат за свињата...), а забите требало да бидат најсилниот аргумент кој по пропаѓањето на теоријата за стапките, ќе потврдел дека диносаурусите и луѓето живееле во исто време (во мир и хармонија).

По неговата изјава, креационистите побрзале да објават книги и филмови за трагите од Палукс како цврсти докази за коегзистенцијата на луѓето и диносаурусите. Меѓу најзначајните, Пол Тејлор објавил филм под името „Стапки во каменот“, а Џон Морис ја популаризирал книгата која се темелела на овие траги, која порано ја напишал неговиот татко, Хенри Морис („The Genesis Flood”). Во некои креационистички книги се појавиле и фалсификувани слики на совршен отисок на човечка нога (со сите пет прсти, видлив облик на стапалото и петата) каков што нема никаде во Палукс.

Со првата анализа која била направена во три лаборатории се доаѓа до заклучок дека не станува збор за човечки заби, ниту од свиња, туку верувале или не....... од РИБА! Рибата била од изумрениот вид апикнодонт (apycnodont). Боу не се согласувал со резултатите и ги пратил забите на еден куп дополнителни истражувања.Дури, се дрзнал да ги прати и кај свој близок пријател Дејвид Ментон од Медицинскиот Факултет при Универзитетот во Вашингтон кој бил голем креационист, а воедно и член на управниот одбор на најголемата американска креационистичка организација ICR. Начините на испитување не се важни, она што е важно е тоа што и тој како креационист го убедувал Боу дека станува збор за заби од риба. Конечно на 28 февруари 1989 година Боу капитулира, а за неговата непопустливост, неговиот помошник Дон Потон ќе каже дека тие цело време мислеле дека научниците ги лажат!!!!! Колку очајно....

Истава случка денес се наоѓа на црната листа на аргументи на креационистите, па затоа и многу од нив се обидуваат да ја одбегнат. Но, како беше она: `не прави им го на луѓето она што не сакаш да ти го прават тебе`. Некој спомна човек од Небраска, ние ќе спомнеме заби од Палукс. Се извинувам на долгиот пост, но потребно беше поубаво да се објаснат некои работи.


Еден српски геолог, го вели следното: да е Земјата стара 4 милј. години, тогаш сите планински ланци би биле изабени и сите океани би биле полни со еродираниот материјал од планините. Просто кажано, Земјата сега би била „полна„ и рамна од камениот талог. Денешните геолози не се „зaмараат„ со евoлуциoнистички шпекулации, туку мерат и калкулираат па општ заклучок кај нив е дека Земјата не е постара од 10 000 г. што е многу блиску до православната проценка од 8 000 г. од создавањето на Светот.
Еве како звучи целосното тврдење на креационистите:
“Доколу Земјата е навистина стара милиони и милиони години, ерозијата до денес би ги израмнила сите континенти, или би ги однела сите површински слоеви. Исто така, материјалот кој еродира би се спуштал на океанското дно и би создал многу поголеми слоеви од тие кои денес ги наоѓаме.“
Поврзано е со староста на Земјата и се обидува да `докаже` дека Земјата не е стара 4,5 милијарди години, туку ситни 6.000 годинки.
Различни геолошки процеси постојано издигнуваат делови од континентите (на пример, вулканската активносткоја ја подига Сицилија, или судирот на континенталните плочи кои ги издигнуваат Алпите и Химелаите). Издигнатиот материјал еродира и се собира на пониските места кои побавно еродираат. Ерозијата од тие ниски места се собира на уште пониски и така циклусот се повторува се додека не дојде до океанот. Најголемиот дел од материјалот кој стигнува до океанот се насобира на рабовите од континенталните плочи што овозможува растење на континентите во ширина (спектакуларен пример за вакво растење е делтата на Мисисипи), а не нивно намалување.

Количината на седименти на дното на океанот варира. На пример, на средината на Атланскиот океан воопшто нема седименти. Ова е место на кое тектонските плочи на континентите се разделуваат, свежата магма излегува од центарот на Земјата и создава ново океанско дно. Количината на седименти полека расте како што се приближуваме до рабовите на континентите, за на крајот да дојдеме до најдебелите слоеви веднаш до континентите. Ако ја земеме брзината на ерозија и тој податок го употребиме за да пресметаме колку време треба за да се создадат толку дебели слоеви какви што наоѓаме веднаш до континентите, наоѓаме дека се потребно околу 120 милиони години.

Ако ја измериме брзината со која денес Атлантикот се шири, наоѓаме дека Јужноамериканскиот континент и Африка некогаш биле споени, но се разделиле пред околу 120 милиони години. Ова одговара на тектонската теорија за континенталните плочи и потврдено е со линиите од руди и минерали кои се прекинуваат во Африка и продолжуваат во Јужна Америка, како и обликот на самите континенти. Ако, со радиоактивно датирање, се обидеме да ги датираме слоевите во близина на континентите, добиваме дека најстарите се создадени пред околу 120 милиони години.

Значи 120 милиони години тектонска активност, движења,извишувања, ерозии... 120.000.000 не е исто со 10.000!

Земјината кора постојано се обновува?
Точно така. Земјината кора постојано се обновува. Мноу интересен аргумент на креационистите е исфрлањето на лавата при вулканските ерупции. Велат, “Количината на вулкански материјал исфрлен во текот на милиони и милијарди години би бил толкав што Земјината кора морала да биде многу подебела отколку што е.“

Геолошките докази покажуваат дека постоеле периоди од историјата на Земјата кога количината на исфрлена лава била неспоредливо поголема од денес, како и дека постоеле периоди кога количината на исфрлена лава била неспоредливо мала. Бидејќи креационистите ги користат денешните вредности на исфрлена лава како константа за цела историја на Земјата, нивните пресметки не се точни.

Потоа, тука се тектонските движења. Кога една тектонска плоча се доближува до друга, таа ја преклопува и ја потинсува во длабочините на Земјата каде високата температура ја претвара во магма. Со тоа дел од исфрлениот материјал од површината се враќа повторно во длабочините на Земјата.

Конечно, централен дел на аргументот е заснован врз креационистичкото незнаење. Земјината кора има генерално константна дебелина. Ако на Земјината површина се доведе додатен амтеријал, притисокот и температурата во долните делови на кората би пораснале и би ја стопиле кората во магма – вкупната дебелина повторно би се вратила на истата големина.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Едно прашање.
Ако земјата го забавува спинот за 1 секунда годишно.
Пред четири ипол милиони години со која брзина се вртела околу својата оска ?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Едно прашање.
Ако земјата го забавува спинот за 1 секунда годишно.
Пред четири ипол милиони години со која брзина се вртела околу својата оска ?
Прашањево ти е проста математика, одговори си сам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom