Креационизам наспроти еволуционизам

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ја сместувам темава во религија затоа што креационизмот е движење врз основа на христијанските принципи и со логички научни докази се стреми да докажи дека овој универзум е креиран од бог.Не се разбирам многу од креационизмот ама имам гледано неколку предавања кои што буквално шокираат од својата уверливост.Наспроти тоа се наоѓа официјалната теорија за настанокот на овај универзум и живиот свет во него еволуционизмот.Сите знаеме за него затоа што тоа го учевме во нашите училишта па не мора да се објаснува.Чекам ваши мислења.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Mislenja za so? Koj vo sto veruva? So mu e po uverlivo?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Mislenja za so? Koj vo sto veruva? So mu e po uverlivo?
Не пишав погоре дека двете движења се засноваат на докази и се научно-логички движења.Овде не станува збор за верба туку за споредување на факти и докази.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не пишав погоре дека двете движења се засноваат на докази и се научно-логички движења.Овде не станува збор за верба туку за споредување на факти и докази.
Aha,znaci da sporeduvame fakti i dokazi,koj gi nema,poso naucnicite imaat samo teorii zastanokot na svetot.

Tuku ontopik,posto sum ateist a.k.a nevernik,ne deka veruvam vo sve sto ke kazat naucnicite,no sepak poveke obrnuvam vnimanie na toa,i po realni i poveke mi se bendisuvaat nivnite teorii odkolku teoriite na crkvata.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е па така кажи де: дека повеќе ти се бендисуваат научните вистини, оти се џоа објективни, а не ти се бендисуваат Црковните виситни, оти тие ја шамараат гордоста човекова и ги ја посочуваат отпадната и огревовена човекова природа-токму она кое ниедна наука не то го кажува.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Е па така кажи де: дека повеќе ти се бендисуваат научните вистини, оти се џоа објективни, а не ти се бендисуваат Црковните виситни, оти тие ја шамараат гордоста човекова и ги ја посочуваат отпадната и огревовена човекова природа-токму она кое ниедна наука не то го кажува.
Мене, не дека поише ми се бендисуваат, туку дека ми се поразумни и посфатливи од Црковните. Дека има резон, не за друго...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кажи, колку ти е сватлив временскиот период од милиони и милијарди години? Колку ти е сфатлив ставот дека животот настанал случајно? Што и како настанува случајно? Колку ти е разумен ставот дека едноставните/еднокелиските организми, онака, сами од себе, се восложнуваат? Што е тука разумно?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Е па така кажи де: дека повеќе ти се бендисуваат научните вистини, оти се џоа објективни, а не ти се бендисуваат Црковните виситни, оти тие ја шамараат гордоста човекова и ги ја посочуваат отпадната и огревовена човекова природа-токму она кое ниедна наука не то го кажува.
Мене, не дека поише ми се бендисуваат, туку дека ми се поразумни и посфатливи од Црковните. Дека има резон, не за друго...

--- надополнето ---

Кажи, колку ти е сватлив временскиот период од милиони и милијарди години? Колку ти е сфатлив ставот дека животот настанал случајно? Што и како настанува случајно? Колку ти е разумен ставот дека едноставните/еднокелиските организми, онака, сами од себе, се восложнуваат? Што е тука разумно?
Абе сме го збореле ова, Мики, нели? Колку што ти е тебе разумно дека од кал не` правел господ, мене така, не ми е проблем да помислам дека е можна случајноста.

...а она со милионите и милијардите... во племенските заедници се броело до 10 некаде, во робовладетелското се користеле броеви до кај 1000, во феудализмот почнале да стануваат свесни за милион. Индустриската револуција го приближила бројот „милијарда“ до обичните луѓе. Во оваа информатичка или дигитална револуција во која се наоѓа човештвото се зборува за гига, тера и понатаму....

Ако не можеш да сфатиш збир/период од милион нешта или од милијарда нешта, погледни погоре и најди се каде живееш. За поголемиот дел од балканците и истражувања покажале дека сеуште повеќето живеат во феудална мема. Толку ни фаќа црпката...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За световните луѓе, кои живеат исклучиво на телесно(материјало)-душевно ниво, прифатливо е секое тврдење, па и шпекулација, кои доаѓаат од овој, материјалниов Свет, во кој „набадањето„ и лагите станаа секојдневна и нормална појава. Нема тоа врска со никаква балканштина, небаре остатокот од светот живее на некое „повисоко„ ниво, што очигледно не е точно.

Се додека не се разбуди духот човеков, кој тежнее кон бесконечноста и кон својот Творец, се дотогаш духовните учења и сознанија ќе останат неприфатливи за световните луѓе, но не само неприфатливи, туку и тема за исмејување. Така, полесно се прифаќа конечната смрт и „ништото„ после смртта, отколку бесконечниот живот после смртта. Полесно се прифаќа секое зло во Светов, отколку личната борба со тоа зло. Полесно се прифаќа гревот, отколку непорочното живеење...и така натаму.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
...Се додека не се разбуди духот човеков, кој тежнее кон бесконечноста и кон својот Творец, се дотогаш духовните учења и сознанија....
...а како можеш да ја појмиш бесконечноста кога милион и милијарда ти предизвикуваат концептуален проблем?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дарвиновата теоријата на еволуцијата тврди дека организмите во текот на милиони милиони години постепено се развивале и по пат на многу мали промени (микроеволуција) преминувале од еден вид во друг, а потоа по патот на ткн. "природната селекција" некои видови опстојувале, а други исчезнувале.

Пред палеонтолозите да ја прочепкаат малку земјината кора, еволуционистите нестрпливо очекуваа дека ќе најдат по најмалку стотици милиони фосили на меѓувидови (фосили на премин од еден вид до друг) со што ќе си ја докажат својата теорија. Но пронајдените фосили ни кажаа друга приказна.
Пораката што ја носат фосилите е токму онаа Библиската, дека Бог ги создаде животните секој по својот вид.
Пораката на фосилите не се состои само во тоа што тие го кажуваат, туку и во тоа што тие не го кажуваат, а се очекува да го кажат. Имено еволуционистите очекуваа (согласно нивната теорија/вера) милиони фосили на меѓувидови од безрбетниците до рбетниците, од рибите до водоземците, од водоземците до цицачите итн.
Но што кажаа фосилите...

Од безрбетниците до рбетниците = провалија!
од рибите до водоземците = провалија!
од водоземци до цицачи = провалија!
Итн итн.

Земете го само овој пример: Безрбетниците имаат мека внатрешност и тврда надворешност (оклоп), а рбетниците имаат тврда внатрешност (скелет) и мека надворешност. Сосема обртен случај! Прашање до еволуционистите: Како безрбетниците скокнале во рбетници? Има ли доказ? Замислите само колку промени и колку меѓувидови требало да има помеѓу двете страни на оваа провалија. Јас би рекол десетици милиони фосили на премин, но јас не сум битен, битна е палеонтологија, а таа вели 0! Ни еден фосил на премин кој ќе докаже дека безрбетниците преминале во рбетници!
Истото важи и за останатите еволутивни провалии.

Во својата паника од фосилниот патолошки наод кој го добија еволуционистите од палеонтолошката лабараторија, тие пробаа да пласираат некои смешно насликани меѓувидови (цртаните филмови се поинтересни од нив ) и пробуваа да се извлечат со нив. Но ни еден од нив не успеа да си го најде местото во очекуваните меѓувидови, туку си го најде своето место или во едниот, или во другиот вид.
Интересен е примерот со Човекот од Небарска (mислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел долгометражен цртан филм од претпоставк. Дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работеше само за еден заб! Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собрала околу еден заб и правеа долгометражен цртан филм.
Подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи
Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници видови на премин, тие дигнаа бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид.

Ништо од она што го претпоставуваше Дарвин не се исполни при фосилната анализа. Фосили на меѓувидови не се најдоа и останаа големи провалии помеѓу видовите. Во секој геолошки слој на земјата можеа да се најдат и фосили на посложени организми и фосили на најпримитивните организми, со што се докажа дека сите видови си постоеле симултано, а не онака како што очекуваше Дарвин.
Јас можам да го разберам Дарвин со неговата претпоставка (со оглед на тогашната наука и тогашните пронајдени фосили), но не можам да ги разберам денешниве еволуционисти кои и покрај сите докази против еволуцијата, сеуште грчовито се држат до таа претпоставка на Дарвин.
Се прашувам зошто толку цврсто се држат до еволуцијата кога сите аргументи се против неа? Дали е можеби тоа што другата алтернатива е креационизмот? Дали можеби затоа што ако се откажат од еволуцијата и ќе мораат да го прифатат Бог, а со тоа дополнителни работи што можеби требаат да ги променат во своите животи? Но доста претпоставувам, ако продолжам ќе заличам и јас на "еволуционист"
Поздрав!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
задржете се на темата ..
преминувате пак на општа дискусија ..
не важеше ова за Чорбаџија :) го пишував додека постирал ..

добра насока од негова страна .. задржете се на овој правец ..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
...а како можеш да ја појмиш бесконечноста кога милион и милијарда ти предизвикуваат концептуален проблем?


Еве како....

Евoлуциoнистите, самите сеbe, а и нас, не убедуваат дека еволуцијата е процес, кој трае поприлично долго, и за да „дојде„ до развојниот стадиум, кога настанува и човекот, таа нова вера додава огромен временски период, во кој можеле да се случат многу настани, а во тоа мноштво настани, би можел да се случи и случаен настан, од која случајност, би се случила почетната комбинација од органски материи во облик од аминокиселини (за кои е нејасно, како можеле да станат живи, да оживеат?). Тоа „бутање„ огромни цифри за тој претпоставен еволутивен период, значи само затапување на умот и на совеста, за кои се несфатливи и неприфатливи толкави бројки, кои не се мерливи со ниедна научна метода. Па сега, ако науката (било која) нешто не може да ни потврди како каква-таква вистина, што други ни преостанува, освен таа непознаница да ја „пополниме„ со шпекулативна количина од време?

Еден српски геолог, го вели следното: да е Земјата стара 4 милј. години, тогаш сите планински ланци би биле изабени и сите океани би биле полни со еродираниот материјал од планините. Просто кажано, Земјата сега би била „полна„ и рамна од камениот талог. Денешните геолози не се „зaмараат„ со евoлуциoнистички шпекулации, туку мерат и калкулираат па општ заклучок кај нив е дека Земјата не е постара од 10 000 г. што е многу блиску до православната проценка од 8 000 г. од создавањето на Светот.

П.С. Бесконечноста не се поима со умот, туку со духот. Идејата за живото после смртта, не е пуста желба, туку идеја кона „фабрички„ ни е вградена и која е својствена за сите народи и за сите цивилизации.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Еден српски геолог, го вели следното: да е Земјата стара 4 милј. години, тогаш сите планински ланци би биле изабени и сите океани би биле полни со еродираниот материјал од планините. Просто кажано, Земјата сега би била „полна„ и рамна од камениот талог. Денешните геолози не се „зaмараат„ со евoлуциoнистички шпекулации, туку мерат и калкулираат па општ заклучок кај нив е дека Земјата не е постара од 10 000 г. што е многу блиску до православната проценка од 8 000 г. од создавањето на Светот.

П.С. Бесконечноста не се поима со умот, туку со духот. Идејата за живото после смртта, не е пуста желба, туку идеја кона „фабрички„ ни е вградена и која е својствена за сите народи и за сите цивилизации.
Ако тоа го изјавил тој српски геолог, тогаш тој е геолог колку што сум јас христијански монах и испосник! Земјината кора постојано се обновува! На одредени места од планетата како што е "Mariana Trench" една континентална плоча навлегува под другата и се "рециклира", оди во внатрешноста каде се топи и претвора во лава!
Part of the Izu-Bonin-Mariana Arc system trenches forms the boundary between two tectonic plates, where the western edge of the Pacific Plate is subducted beneath the small Mariana Plate. Because the Pacific plate is the largest of all the tectonic plates on Earth, crustal material at its western edge has had a long time since formation (up to 170 million years) to compact and become very dense; hence its great height-difference relative to the higher-riding Mariana Plate, at the point where the Pacific Plate crust is subducted.
На сличен начин, се создаваат планинските венци, кога една континентална плоча оди над другата!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Земјината кора постојано се обновува? А случајно, некој да не го пронашол и „перпетуум мобиле„? Дали некој во меѓувреме, го смени и текот од вториот Закон на термодинамиката, а јас да не знам за тоа?

Ова е само показател, дека навистина, тешко е на неверникот да му ги посочиш и поинаквите вистини од неговите (иако поинаквите се очигледни и лесно докажливи), оти невереникот секогаш има доволно „резервен материјал„ со кој ќе го „побие„ дури и очигледното.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom