Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 5.505
- Поени од реакции
- 16.171
Бидејќи често се случува да се коментира во други теми наменети за играта под обрачите (посебно во НБА) и се оди со оф топици, ја отварам темава и ке ве молам тука исклучиво да се пишува за репрезентативните настапи. Разбирам дека повеќето ги гледаме поради ѕвездите од оваа лига, ама би било прикладно да се користи темава.
За почеток се играат пријателски натпревари, а и екипите се спремаат за предстојново Светско првенство што ке се игра од 25 август на Филипините, Јапонија и Индонезија. Името на Светскиот шампион ке го дознаеме на 10 септември, кога е закажано финалето во Пасај, Филипини. Од 2019. година се одржува на секои четири непарни години (порано беше иста година кога се играше и во фудбалот). Форматот е исти како во фудбалот, барем првиот дел каде настап имаат обезбедено 32 национални тима.
Aктуелни шампиони се Шпанците кои имаат освоено две титули, додека најмногу имаат освоено Соединетите Американски Држави и Југославија. Kaко и секогаш, фаворит број еден е колевката на овој спорт, САД и за разлика од некои претходни изданија, сега ке настапат со состав каде нема многу звезди. Позади нив е соседната Канада која има брутален состав, а третото и четвртото место го делат Аустралија и Франција. Што се однесува до „Галските петлови“, интересно е да видиме дали ке се одлучи МВП-то во регуларниот дел, Жоел Ембид да настапи за нив или за матичната земја, Камерун.
МВП-то на финалето, Никола Јокиќ, реши да одмори од обврските и да не се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ, а покрај него уште неколку клучни играчи го откажаа настапот, па и поради тоа, предводени од Богдан Богдановиќ кој беше најдобар стрелец на минатиот собир, се вбројуваат во „фаворити“ од сенка. Словенците заедно со Дончиќ, Шпанците и Грците со Aдетокумбо и Итудис на клупата го затвораат овој круг.
Од земјите од екс-Ју ке настапат и Црногорците кои ке бидат предводени од суперстарот на Чикаго, Никола Вучевиќ.
Ке отворам анкета, иако секако ке можете да коментирате за пријателските и се останато поврзано за Светското и ке ве молам само овде да се пишува за репрезентациите.