Конечно се градат автопати во Македонија!

K

kaiser soze

Гостин
Вкупната инвестиција е 580 милиони евра за двата автопати,со можност за зголемување од максимални 10 проценти за дополнителни работи.За експропријација на приватно земјиште биле потрошени два милиони евра од буџетот за Миладиновци-Штип,односно четири за Кичево-Охрид.За надзор на изградбата се планирани плус десет милиони евра за источниот автопат,и петнаесет за западниот.
Истотака,за изведувачот од Кина има и дополнителни даночни ослободувања:`Промет на добра и услуги кој е извршен од страна на изведувачот на градежните работи кон јавното претпријатие за ДП,за цели на изградба на патните делници,е ослободено од ДДВ`,како и ослободувања за акциза:`Доколку изведувачот изврши набавка на патнички автомобили или минерални масла,за цели на изградба на патните делници,на барање на изведувачот ќе му се изврши враќање на акцизата,доколку е платена фактурата.Кинеската компанија ќе биде ослободена и од плаќање увозни давачки,ДДВ и акциза за стоки,услуги и добра наменети за изградба на патните делници`.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Одлично леандра. Со тебе може да се зборува надвор од вовед во економија постови. Иако, мислам дека веќе и во постот одговори колку ќе биде рентабилен автопатот (од 60 до нека се 100.000 евра годишно што ќе ги заштедува малиот бизнис, ако се земе во предвид дека фрекфенцијата се 10 камиони дневно) ама да поставам уште некое прашање. Реторичко или не, ќе кажеш ти.

Прво, јас знам дека автопатов ќе биде крајно вулгаризиран, ќе ни излегува дури и од фрижидер во наредниве 4-5 години. Медиумското покривање за СК 2014 ќе биде минорно споредено со ова. Ама може да размислуваме малку и со сопствен мозок, нели? :)

Дали најголем дел од извозот на компаниите што ја креираат штипската економија, вклучуваќи ги и Џонсон Контролс и текстилните оди преку солунско пристаниште? И дали на шлеперите што одат на солунско пристаниште автопатот им менува нешто, или ќе си го возат повторно стариот регионален пат Штип-Велес за да се приклучат на К10? Дали најголем дел од извозот на струмичките компании и производствени капацитети оди директно во Бугарија и дали е точно дека во тој случај овој автопат не им менува баш ништо?

Твоја претпоставка за развојот на економијата во Штип. Дали мислиш дека автопатот ќе и помогне на источна Македонија во правец на економски раст? Дали ќе направи од Штип македонско економско чудо? Јас сум подготвен да се кладам дека и после автопатот економијата во Штип на компаративно ниво со економиите на другите региони во државава ќе остане на ист сооднос ко досега и економијата во источна Македонија нема да расте побрзо во однос на другите региони.

И тоа зборуваме за рентабилност на автопатот кој ги поврзува 700 илјадниот скопски со 300 илјадниот источен регион. Ако правиш анализа за исплатливоста на автопатот кој ги поврзува 50 илјадното Кичево со 40 илјадниот Охрид до уште пофрапантен факт за исплатливоста ќе дојдеме. Па ќе треба да му се оправдува оправданост на автопатот со некои вратоломии слични на оваа во физибилити студијата за железницата Кичево - Албанија.
Прегледај го приврзокот 86226

Железницата ќе била исплатлива, затоа што во период од 25 години ќе и заштедела на Република Македонија 357 милиони евра на основ намалување на сообраќајни незгоди. :vozbud: И тоа правиме муабет за железнички сообраќај, кој е десет пати поисплатлив. Можам да замислам кои салто мортале пресметки имаат правено за автопативе. Затоа со години бараа инвеститор и веројатно затоа физибилити студиите ги нема нигде онлајн.
25milioni evra vulgariziranje li se? da ne se praime sitni dushi za takva mala suma...
i nema da ni izleguva od frizider slednite 4/5 godini,tuku kje ni zema od frizider slednite 20/30 godini
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
25milioni evra vulgariziranje li se? da ne se praime sitni dushi za takva mala suma...
i nema da ni izleguva od frizider slednite 4/5 godini,tuku kje ni zema od frizider slednite 20/30 godini
Баравте автопати, добивте автопати. Јас и тогаш и сега сум на факт дека ништо нема да сменат. Ама разноразни експерти по медиуми бараа автопати. Ете ви се. :toe:
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Ти му кажуеш ослободени се од данок и акциза според договор и законот што го пројдоа, ретардињо шо е глуп глуп е шо е малоумен е малоумен па си блада глупости, ама зш со сила сака и мене да ме натера да верувам во ретард логика.
Абе чернобил ти заеба работа,после таа експлозија многу фалинки се изродија без раце без нозе без мозок, а богами и на некој веќе родени им го спржи мозокот,сигурно го јаделе не измиен зеленчукот.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Баравте автопати, добивте автопати. Јас и тогаш и сега сум на факт дека ништо нема да сменат. Ама разноразни експерти по медиуми бараа автопати. Ете ви се. :toe:
Нели е срамота што за секој наврнат снег неколку патни правци во државата се блокираат, цели региони едвај се поврзани меѓусебе. Дебар секој месец има блокирање на патот, што од снег што од одрони.

Патот кон Албанија е меѓународен коридор, а сепак цела зима има проблеми на тој дел.

Помеѓу инвестирање во автопатишта или инвестирање во стадион Филип втори со 35.000 седишта, а пред некој ден дали 3.000 луѓе се собраа да гледаат меч .... јас одбирам автопатишта каде годишно се движат милиони луѓе.

Помеѓу автопат од 57км и проект со 570 споменици, јас бирам автопат.

Последните 9 години буџетот тежел околу 23 милјарди евра, а да немаш завршено ниеден автопат, мислам дека сме европска реткост. (освен тој за Табановце кој беше еден вид проширување)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Нели е срамота што за секој наврнат снег неколку патни правци во државата се блокираат, цели региони едвај се поврзани меѓусебе. Дебар секој месец има блокирање на патот, што од снег што од одрони.

Патот кон Албанија е меѓународен коридор, а сепак цела зима има проблеми на тој дел.

Помеѓу инвестирање во автопатишта или инвестирање во стадион Филип втори со 35.000 седишта, а пред некој ден дали 3.000 луѓе се собраа да гледаат меч .... јас одбирам автопатишта каде годишно се движат милиони луѓе.

Помеѓу автопат од 57км и проект со 570 споменици, јас бирам автопат.

Последните 9 години буџетот тежел околу 23 милјарди евра, а да немаш завршено ниеден автопат, мислам дека сме европска реткост. (освен тој за Табановце кој беше еден вид проширување)
ОК де, ете, се слагам. Еве сега се градат. И тоа под исклучително поволни услови. Ќе ги плаќаме по 20-30 милиони евра годишно, што е смешна сума. Дали ќе го донесат неверојатниот економски раст, што според книгите треба да го донесат, ќе видиме.

Јас сум убеден дека ќе завршиме на тие поволности што ги наброја. Ќе ги поврземе регионите, луѓето ќе можат побрзо, ама и поскапо, да патуваат.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Баравте автопати, добивте автопати. Јас и тогаш и сега сум на факт дека ништо нема да сменат. Ама разноразни експерти по медиуми бараа автопати. Ете ви се. :toe:
a ova znaci 25te miliona provizija treba da gi sfatime kako blsagodarnost sto ni `dadoa` avtopati sto kje gi preplatime nekolku pati?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
a ova znaci 25te miliona provizija treba da gi sfatime kako blsagodarnost sto ni `dadoa` avtopati sto kje gi preplatime nekolku pati?
Не бе, тие што ја зеле провизијата ќе лежат во затвор, а на нивно место ќе дојдат фраерите што ќе ја намалат цената на истите автопати за неколку пати. Тие се луѓе со искуство во градење и со врвни кариери. Нема кој нема да им поверува. Многу си се засекирал и ти.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
п.с. зашто тогаш кинезите ги сменија цените од нивната веб страна? Но гугл ги памти цените, зашто кај инезите пишува едни цени а кај анс владат вика дека се платени други цени.

На страницата на „Синохидро“ пишуваше дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид чинела 56 милиони евра, а на потпишувањето на договорот од Владата рекоа дека автопатот ќе се гради за 373 милиони евра. За автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип, на страницата на кинеската компанија пишува дека чини 30 милиони долари, а во Македонија се знае дека за изградба на тој автопат се платени 206 милиони евра.
Провизија и проценти имало и ќе има, тоа не ме чуди, може и би поверувал ако намерно е крената цената за 25 милиони. Ама не знам каква будала треба да си за да помислиш дека автопат кој поминува низ планински терен, како оној Кичево - Охрид, на траса која сега прв пат се пробива може да кошта 56 милиони, или Миладиновци - Штип 30 милиони евра. Абе само за ископ на земја тие пари не стигаат.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Една жена која одвај преживува од својот мал бизнис и која нема баш некој проблем да сфати за што станува збор во бомбите на Заев се труди, да му го тури тоа со инка, на обичен, донекаде фанатизиранм член од партијата на власт. Тој не само што не прима ништо од тоа што му се објаснува, туку и се брани (така јас ги разбирам неговите реакции!) со некој вид смеса од рамнодушност, цинизам и негација по – секоја цена. Сите заедно, тие состојки на „смесата“, влегуваат во оној вечен, добро познат одбранбен, психолошки механизам, познат под името „од неволја да се направи доблест“. На прашањето од жената: „Па добро бе, човеку, зар не гледаш дека тие 25 000 000 евра кои ги украле твоите, ќе ги плаќаме ние?“, тој фанатизиран, „сендвич-сокче“ член на партијата на власт и одговоара: “Па што? Не зеле од мене и од тебе! Зеле од Кинезите!“
http://slobodenprostor.com/?p=6631
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Значи во ред е да земаат милионски евра провизии?
Два реда текст ми е постот и мислам не бара некоја голема умствена активност за да се разбере, ако се сака да се разбере, нормално. А, ако сакаш да спинуваш тоа веќе друга работа. Еве конкретно да ти одговорам, за да не добиваш разни инспирации, не мислам дека е во ред, исто како што мислам дека не е во ред спинување и вадење од контекст.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Два реда текст ми е постот и мислам не бара некоја голема умствена активност за да се разбере, ако се сака да се разбере, нормално.
Еве ќе се согласиме дека цената е над тие 56 + 30 милиони евра за двата автопата. Тогаш колку е вистинската цена? Зошто не оставија пазарот да ја одлучи цената, па мораа во 4 очи да ја договараат цената за соодветна провизија?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Ама не знам каква будала треба да си
Очајна. :)[DOUBLEPOST=1427662762][/DOUBLEPOST]
Еве ќе се согласиме дека цената е над тие 56 + 30 милиони евра за двата автопата. Тогаш колку е вистинската цена? Зошто не оставија пазарот да ја одлучи цената, па мораа во 4 очи да ја договараат цената за соодветна провизија?
Можеби затоа што пазарот не беше заинтресиран за изградба на тие автопати. :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom