Колоквиуми или испити? Кој е подобар начин на полагање?

Кој начин на полагање е подобар преку колоквиум или испит?


  • Вкупно гласачи
    80

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
По старите програми на факултетите еден предмет се полагал со испит на крај на семестарот откако ќе се ислуша предметот.
А по новите програми студентот има избор дали ќе полага преку колоквиуми или преку испити.
Секако има исклучоци по некои предмети кои дозволуваат само полагање преку испит.

Се си има свои предности а и мани.
Колоквиумот е половина или третина од вкупниот материјал по предметот во зависност од тоа дали е поделен на 2 или 3 колоквиума еден предмет. Значи помалку материјал за учење и плус сметам дека се учи константно во текот на годината кога се одлучува студентот да полага преку колоквиуми.
Додека за испитот се чека да се дојде сесија и студентот после 3-4 месеци слушање на предметот дури потоа одлучува да седне да го научи. Ретко некој студент кој спрема испити учи константно. Но тоа за некои е предност. За еден месец си ги спремаат испитите а останатиот период се слободни.

Па што е подобро според вас полагањето преку колоквиуми или преку испити? Кој начин вие го одбирате за полагање на еден предмет? Како ви е подобро и полесно?
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Колкоквиуми дефинитивно. Мноооогу полесно ми е на колоквиум. После не можам да го спремам се тој материјал. Така римско се зезнав и еве го ми остана. 400 страни е цел испит. Факинг импосбл
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.499
Поени од реакции
2.625
Дефинитивно колоквиуми.Ти како моја колешка сама знаеш колку е полесно кога ти даваат 2 колоквиума по 35 прашања него на крај на испит да ти дадат 70 прашања.Полесно е за учење.И самите студенти по старата програма кога гледаат како полагаме умираат од љубомора :)

Аууу и мене ми е Римско неположен.Колку викаш дека треба да се учат 400 страни јаооо :nesvest: :nesvest:Тешко за нас :( Нема некој прашања кај фотокопирницата? :) :)
 

Tea ^^

★ loli pop ★
Член од
15 октомври 2008
Мислења
187
Поени од реакции
8
Дефинитивно колоквиуми. И мислам дека така ќе се изгласаат повеќето.
Затоа што полесно е имаш помал материјал, но имам слушнато за ова
прав студент е да ги земаш предметите на испит. Мхм, за кого како.
За мене нема потреба од такво нешто. :helou:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ќе речам колоквиуми, иако сум полагал само 4 кол. до сега, а ниеден испит:) Сепак зашто да се мачам со 500 стр наеднаш, ако можам да поминам со 150 стр. кои секако полесно ќе се научат. Можеби недостаток е што па на помали тестови ќе дадат повеќе различни прашања, а на испит само поспецифичните прашања од темата, ама сепак сега засега би се држел до колоквиумите.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
прва година сум и досега поминав само една колоквиумска недела во која полагав 5 колоквиуми, сите ги положив и не ми се виде нешто посебно тешко :pipi:
значи немам полагано испит за да можам да споредам но ако продолжам да одам редовно на предавања и да си учам редовно мислам дека колоквиуми се права ствар :P
 

Izr0d

Била сам дете...=)
Член од
9 мај 2008
Мислења
593
Поени од реакции
29
Колоквиуми дефенитивно , помалку матријал поќе ќе можиш да научиш.
Добро,не викам не, има и некои предмети кои е полесно на испит ама ретки се.:pipi:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
До сеа ми изглеа дека колоквиум е боље, иде порастеретено, пошо од средно системот е сличен само поопширен материјал што има...Мислам и дека подобра оценка може да се извади иако има некои што намерно одат на испит пошо така ќе поминеле полесно кај професорот отколку на колоквиум каде што сите имаат исто...

Плус има друга работа, ако учиш константно за колоквиум и добиеш на пример 8-ца можеш ако сакаш повеќе кога ќе дојде сесија да идеш на испит и да се пробаш за повисока (ако сакаш секако)...
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.995
Поени од реакции
6.276
ja избрав испит , може ми е полесно така дека работам и студирам истовремено , на колоквиум обично ќе положам еден или максимум 2 испита (обично од потешките)додека другите ги учам помалку целата година па кога ќе дојде сесијата ми останува повторување само.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колоквиуми. Затоа што кај нас има два колоквиума. Учам најбитното од едниот и од другиот дел и на крај, сепак останувам со некакво знаење. Не мора цела книга да ја учам одеднаш, поопуштено се осеќам,имам повеќе волја за учење.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Зависно од предметот и бројот на предметите за полагањата избирав или колоквиуми или испити ама најчесто одбирав да одам на испит, и повеќето предмети кои ги положив беа на испити, сакав кога ќе и се посветам на една материја да се занимавам само со неа до крајот и бев многу повеќе сконцентрираран, нормално и резултатите беа многу подобри, колоквиумите ги гледав како шанса да видам какви прашања би се паднале на испит.
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Не знам за други места, али кај нас на ТФБ зависи од професорите... Кај некои мораш на колоквиуми да полагаш ако сакаш да добиеш поголема оцена од 8... А кај некои можиш без опште да се замараш да си одиш на испит ( пошто лесни задачи даваат за шо поќе студенти да поминат ) и да си фатиш 10ка...
Значи се е до професорите :)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.828
Па, воглавно е подобро на колоквиуми да се полага. Јес да треба да се замараш и со други ствари што влагаат во оценката (редовно одење на настава, изработка на стручни трудови и сл.), ама полесно е кога материјалот ти е поделен на три дела. Е сега, има некои предмети кои е полесно на испит да се полагаат, на пример ако на колоквиуми има ептен заебани прашања, а на испит е со раскажување.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Си идам на сите колоквиуми, и не ми е нешо тешко, стигам да ги научам сите 4-5 предмети за таа колоквиумска недела(недела и нешо, секоаш вадат еден предмет од колоквиумска). За на испит искрено незнам шо да ви кажам, никоаш не сум бил на испит, се до сеа си положив по колоквиуми...Зависи од предметот предпоставувам, сум видел испити по предметите и коа задачите ке ги споредам со оние на колоквиум, скоро секоаш полесни се на испитот, само што треба цел матријал да си го учиш.....
Значи ова за задачите важи на електро, за другите не знам нишо...
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Нормално колоквиум..Уште од сега се чудам што ќе правам по тие предмети што мора директно на испит:vozbud: Со колоквиумот не само што има помалку материјал туку и поквалитетно ќе го научиме ако го пројдеме целосно и подетално што ќе го направиме за на колоквиум, отколку на испит каде книгите ќе ги читаме по принцип на лектири па што запомниш тоа...Бидејќи сум прва година сеуште не сум полагала испити ама претпоставувам дека ќе биде така:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom