Не ми се плеткаат во живот од проста причина што јас не им дозволувам да ми се плеткаат било кој да е. Тоа сум само јас и никој друг, ако ми треба совет ќе си прашам ако им треба совет ќе им го дадам. Ако треба да се помогне тука сум. Не им судам и не сакам да ми судат. Одбегнувам такви луѓе. Плеткање не дозволувам уште од мала, така израснав. Израснав со зборовите " гледај си за себе, како и другите тоа исто го прават". Не се мешам ама на никого и искрено не ме интересира,порано се чудев како другите толку ги гајле за мене, сега веќе и немам време ни за тоа. Инаку не си ги знам ни комшиите, ни како се викаат, ни кое дете на кого било, едно "добар ден" и денот продолжува. Не дозволувам да ми се мешаат, мислат дека знаат се, а уствари ни третина од вистината не ја знаат. Значи си го живеам својот живот, си го сакам комшијата али не ја рушам оградата.:helou: