Кајгана Креатива

Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
--- надополнето: 16 август 2012 во 10:15 ---

Јас па повеќе ме бива со слободна рака!Пс. да не знаеш кај може во мкд да се најде мастило за тетоважи да купам? Или како да испринтам и да ги ставам? Зоѓто малку циганско ми е со пенкала црни и со фломастери...
Јас па повеќе ме бива со слободна рака!Пс. да не знаеш кај може во мкд да се најде мастило за тетоважи да купам? Или како да испринтам и да ги ставам? Зоѓто малку циганско ми е со пенкала црни и со фломастери...[/quote]
Тетоважата се нанесува со мрсна хартија прекопирана од индиго и пред да се нанесе кожата се премачкува со стенсил. Уствари тетовирањето треба да се научи, а не само да се има воља да се црта.
Јас имам бои, ако сакаш може да се договориме... па и цел сет ако сакаш може да ти го продадам. Секако не ме бива за тату мајстор (ја знам теоријата имам мала пракса, али едноставно не ме бива).:D
За да не сме оф топик, пиши ми во ПП за подетални информаци ако си заинтересирана.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Де бе? Па зошто ги стави сликиве тука ако се си правиш лично за себе? Зошто си ги ставил на фејсбук?
Креативноста не е ништо ако не се споделува.Секогаш ги ставам лично за моја сатисфакција и ако некој ги свиѓа супер ако не нивен проблем.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Па имам многу хобија најкреативното е пишување поезија,цртање и фотографирање природа.Сакам да го доловам ефектот и се занимавам со фотошоп и средување на сликата.Обожавам да готвам и да си го јадам после тоа.Секогаш гледам да го подобрам тоа што го има во рецептот.Нема доволно протеини додај малце белки од јајца,ниско маслен јогурт,протеин од сурутка,соја брашно итн.Другите хобија ми се трчање некогаш на маратони,барање нови предизвици како качување на врв на планина за многу кратко време,спринтови и комбинации на вежби.Секогаш кога вежбам надвор гледам да направам тренинг како што треба и секогаш мислам на резултатите помалку на последиците и така напред терам.Зашто да има ограничувања кога може секогаш нешто да се подобри.Од фотографиите ова ми се некој најдобри дела
Имам уште закачено на фб.Но никогаш не правам нешто да се истакнувам,се си правам лично за себе.
Супер креативни хобија. Браос Стеф! А сега го сфаќам и Kaiser со забелешката околу потребата за прецизно изразување. Мислам дека не му е лоша идејата.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Креативноста не е ништо ако не се споделува.Секогаш ги ставам лично за моја сатисфакција и ако некој ги свиѓа супер ако не нивен проблем.
Па значи сепак не си правиш се само за себе
Битно ти е друг да го види, битно ти е на друг да му се свиѓа, но ако не му се свиѓа немаш проблем
Или па можеш да се извадиш со „таргет публика сум си јас“ :D
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
DSCN0399.jpg DSCN0401.jpg DSCN0401.jpg DSCN0399.jpg DSCN0399.jpg
--- надополнето: 17 август 2012 во 11:11 ---
севте да направам и со „сликиве“- ( иако друг ми помогна за ова)
цртани се на дрво,со пирограв,(молив-жица на струја)
време:многу одамна Тито се уште шеташе по светот,
само овие згради ги нема повеќе и овие галаби на мирот.
Сега некој црни гаврани што очи и на брата вадат ни пуштаат,
Тогаш нацртав уште неколку вакви слики (пред војска да одам)
и никогаш повеќе,замислете коку време-денови треба за ова.
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Цртам, ама ретко добивам инспирација. Најчесто инспирација добивам кога треба да учам, или кога гледам некои други цртежи. Не оти имам некој талент, ама после долго корегирање и слично на крај ке испадне некој добар портрет :)
 
M

Moon Child

Гостин
Лесно е кога се има материјал. Пред месец дена почнав да работам во цвеќара, никогаш немаше да помислам дека ќе ме бива за цвеќарство/аранжирање, се додека прв пат не фатив. Значи отсекогаш сум мислела дека сум крајно некреативна личност. За месец дена колку што сум вработена, мислам дека доста научив со оглед на тоа што не ни знаев кое цвеќе како се вика.
Телефонот ми е сјебан во моментов, па затоа немам слики, кога ќе можам ќе сликам и ќе поставам во темава мои изработки на украсни плика, букети, бовчички, и по некоја слика од коли за свадби кои ги украсувам :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Колекционер сум на тие слиќичките што се залепени на бананите. Ни јас знам колку многу имам.
 

Kajgana Shop

На врв