Калиопи

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Значи Калиопи изјави дека Македонскиот народ не ја сфатил нејзината песна. Па ако нашиов народ не ја сфатил, тогаш како очекувала дека Европа ќе ја сфати, или пак мисли дека ние не сме толку интелегентен народ за да можеме да процениме што е добро, а што лошо.
И на 100 интервјуа да се појави и да демантира се што тогаш рекла или се шушкаше, нема да го смени нејзиниот впечаток што го остави во моите очи. Со сета почит кон нејзиниот глас, но таа за мене и за моите уши е веќе минато
 
Член од
8 август 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
kaliopi se dokazala i sto i da kazete vi e dzabe!dr.rab.novinarite pisuvaat za tiraz..i samo uste nesto se sto pisuva po vesnici ne sekogase tocno!nivno e da pisuvaat vase da citate!a mnogu e loso koga covek veruva vo se sto ke procita e za takvi nema spas
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
A извини, да не треба дома Калиопи да иде у секоја куќа да објансува што како, па нормално дека во весник си кажала тоа што и лежи и народот чита весници и така се информира, нема јас сигурно цел живот Калиопи да ја чекам дома да ми дојде и да ми објанси се како било
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Во продажба сувенирите со ликот на Калиопи


Колекцијата на сувенири со ликот и потписот на поп-дивата Калиопи кон крајот на минатата недела се најде е во продажба во музичката продавница Југотон во ГТЦ, први кат. Колекцијата содржи маички, шољи и плакати со ликот и потписот на нашата најдобра пејачка и е наменета за нејзините фанови од сите генерации. Целата понуда на асортиманот ја имате на веб-страната на Калиопи.

Колекцијата е насловена како Verse for Kaliopi и за прв пат беше промовирана на големиот солистички концерт во Метрополис Арена на 14. февруари 2009-та година.


 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
у последно време кога ќе каже нешто или ќе пренесат нејзина изјава на тв ми изгледа дека многу се лигави.не ми се допаѓа тоа.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Во продажба сувенирите со ликот на Калиопи


Колекцијата на сувенири со ликот и потписот на поп-дивата Калиопи кон крајот на минатата недела се најде е во продажба во музичката продавница Југотон во ГТЦ, први кат. Колекцијата содржи маички, шољи и плакати со ликот и потписот на нашата најдобра пејачка и е наменета за нејзините фанови од сите генерации. Целата понуда на асортиманот ја имате на веб-страната на Калиопи.

Колекцијата е насловена како Verse for Kaliopi и за прв пат беше промовирана на големиот солистички концерт во Метрополис Арена на 14. февруари 2009-та година.


Шо бе да не сака да му ја земе славата на Че Гевара????:kesa:
 

Dozdot

vergine
Член од
4 април 2009
Мислења
21
Поени од реакции
0
Vo Skopje na 14 feb vo Metropolis Arena nasata najmila KALIOPI ni podari momenti koj se nezaboravni...Imase sovrsen nastap , imidjot i bese super , scenskoto ponasanje super , otpeano SOVRSENO kako sto i sekogas ...na momenti ostanuvav so otvorena usta i zaboravav da disam...kako li go moze seto tova toj glas...me pravi da sum srekan...i mnogo ja sakam...BOG da i dade se najdobro.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
По големиот неуспех и исвиркувањето на домашниот Избор за песна на Евровизија, Калиопи реша да ја испроба среќата и надвор од нашите граници, земајќи учество во вечерашново издание на прстижниот Хрватски радиски фестивал, каде своевремено триумфираше легендата Тоше Проески со Срце није камен и Вежи ме за себе.
Меѓутоа и вечерва КАЛИОПИ доживеа вистински дебакл, не освојувајќи ниедна награда. Да не заборавиме дека до пред фестивалот кружеа гласини дека Калиопи водела на некои интернет гласања, што вечерва се покажа дека не е точно. Калиопи вечерва ја видовме на сцена со виолетово жолт фустан, жолти хулахопки и виолетови топуци, што беше кич од старт во споредба со сите други изведувачи кои носеа преубави и префинети фустани.
Дали е или не е и за таа сцена, покажа денешниот исход од фестивалот
Нека се врати на старите хитови од типот на Обои ме и ќе има поголем успех.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Да не заборавиме дека до пред фестивалот кружеа гласини дека Калиопи водела на некои интернет гласања, што вечерва се покажа дека не е точно. Калиопи вечерва ја видовме на сцена со виолетово жолт фустан, жолти хулахопки и виолетови топуци, што беше кич од старт во споредба со сите други изведувачи кои носеа преубави и префинети фустани.
За ова се согласувам.Не знам дали медиумите се криви или сама си прави лоша услуга себеси што си дозволува да се пласираат вакви надувани,нереални информации во јавноста.Мене многу ме зачуди што нејзината песна,според интернет гласањето пред фестивалот била дури и пред песната на Нина и Хари(која ја обожавам и заслужено победи),иако ја немав слушнато нејзината.Сепак вистината,кога тогаш излегува на виделина..:)

Изгледа ја повторува истата грешка како на Евровизија годинава,сака пред фестивалот да се прикаже како фаворит,на знам со која намера,дали да се крене прашина...а,могу далеку е од тоа.Требало нешто да научи од претходното такво искуство.

Не ми се допадна песната,и многу дебела ми изгледаше.
сите други изведувачи кои носеа преубави и префинети фустани.
да..:vozbud:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
По големиот неуспех и исвиркувањето на домашниот Избор за песна на Евровизија, Калиопи реша да ја испроба среќата и надвор од нашите граници, земајќи учество во вечерашново издание на прстижниот Хрватски радиски фестивал, каде своевремено триумфираше легендата Тоше Проески со Срце није камен и Вежи ме за себе.
Меѓутоа и вечерва КАЛИОПИ доживеа вистински дебакл, не освојувајќи ниедна награда. Да не заборавиме дека до пред фестивалот кружеа гласини дека Калиопи водела на некои интернет гласања, што вечерва се покажа дека не е точно. Калиопи вечерва ја видовме на сцена со виолетово жолт фустан, жолти хулахопки и виолетови топуци, што беше кич од старт во споредба со сите други изведувачи кои носеа преубави и префинети фустани.
Дали е или не е и за таа сцена, покажа денешниот исход од фестивалот
Нека се врати на старите хитови од типот на Обои ме и ќе има поголем успех.

Значи вака:
За разлика од некои други ‘‘естрадни ѕвезди‘‘ на нашава ни скромна и напатена музичка сцена кои не успеале да стигнат да се појават ни на Макфест, не па за надовр од границите на РМ, Калиопи барем се изборила да учевствува на фестивал надвор од Македонија.
Дрга моја Дијаманте, да ти појаснам нешто.Хрватите се народ со голем патриотизам.Своевремено кога и Тоше триумфираше на ХРФ, голем дел од хрватските новинари беа против таа негова победа, затоа што за нив е несфатливо како е можно некој што не е Хрват да победи.Не се они ко нас, па на нивните фестивали да гласаат за странци и тие да победуваат, ко што се прави кај нас.Да, Тоше е единствениот странец кој успеал да победи на оваа музичка манифестација во Хрватска.Тоа што Калиопи не освоила ни една награда, не е ништо страшно.Крај на крај тие едвај дозволија Тоше да победи со ‘‘ Вежи ме за себе‘‘ не па на Калиопи да и дозволат да собере некоја награда, покрај толку квалитетни музички имиња кои Хрватска ги поседува.И да, чисто ме интересира кои други музичари се натпреваруваа за наградите, а не се жители на Хрватска?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Победи Хари Мата Хари, кој не е ХРВАТ - треба повеќе да кажувам за тој патриотизам за кој зборуваш, нема врска тоа.
Муабетот во главно ми е дека пред да биде фестивалот, кружеа гласини дека Калиопи била прва на интернет гласање (?) за да на самата сцена друг ја добие таа награда, мислам дека премногу Калиопи, нејзиниот тим не пумпаат со информации за да испадне дека е фаворит, мислам дека тоа не е воопшто ок, затоа што се добива контраефект, пример со Евровизија. Али ај се бројат на прсти оние што знаат дека Калиопи учествувала на овој прстижен фестивал, така да ќе се заборави. Мене лично Љубичица ми е многу убава песна (поубава од сите други нејзини од последниот албум), но ништо посебно и на сцена изгледаше лошо, за разлика од сите тие млади и елегантни пејачки имиња.

И што викаш, некои не се избориле ни на Макфест. Абе додека идеме со девизата битно е да се учествува, ништо нема да правиме. Во случајов зборам за Калиопи дека не направила ништо на фестивал надвор од Македонија, затоа што најверојатно одбира нефестивалски песни.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Па вака го гледав тој фамозен ХРФ на НоваТв и морам да признам и дека не беше богзнае што и тоа пред се музички,оти речиси да немаше песна за која можеш да кажеш дека се издвојува или дека е нешто посебно се беше просечно,искрено не ни очекував нешто повеќе.Она што ми се допадна таму беше одлината сцена за која ние на некој наш фестивал би можела само да ја сонуваме,како и белите удовици кои беа и најголемите ѕвезди таму со нивните зајадлите,па дури и навредливи коментари,но во секој случај ја размрдаа онаа досадна монотонија од глупави песна.Исто би го истакнал и стајлингот на одренени пејачи кои игледа доста добро.
Што се однесува до Калиопи имаше сосема коректен настап,со песна која беше многу подобра од минатогодишната,но ќе ги цитарам хрватските медиуми кои велат убаво е да се слушне нејзиниот глас секогаш,но ова сигурно не е најдоброто од неа.
Што се однесува до нејзиниот стајлинг,мислам дека покичесто облечена досега не била,можеби овој сталинг во спотот се вклопуваше но на грандиозна сцена тоа изгледаше пренападно и премногу кичесто(ништо ново од кралот на кичот Дејан Миличевиќ).
А пак што се однесува до оние шпекулации кој беа пласирани од КМП пред самиот фестивал за нејзиното убедливо водство,тоа беше само еден од многуте лажни рекламирања кај нас љубат да ги практикуваат нашите пејачи многу често,па после некој друг им бил крив.Инаку,да точно беше дека беше прва на една интернет листа,но тоа беше само една радио станици,а истите заборавија дека постојат 20тина радио станици на кој се гласа.
Инаку,не ми е јасна оваа фестивалска офанзива на Калиопи,која упорно ни докажуваше дека не е фестивалска пејачка и дека таму може да настапи само во ревијален дел со свој солистички концерт,а еве сега најавува и настап во Будва на фестивал на кој минатата година беше претставена како бившојугословенка,чисто од патриотска причина(нели она за себе вели дека е голема Македонка) не треба да настапи таму.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
.........еве сега најавува и настап во Будва на фестивал на кој минатата година беше претставена како бившојугословенка,чисто од патриотска причина(нели она за себе вели дека е голема Македонка) не треба да настапи таму.
А Сунчане скале?
Нели настапот таму се важеше како награда за второ место на СК Фестивал.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
А Сунчане скале?
Нели настапот таму се важеше како награда за второ место на СК Фестивал.
Да заборавив дека таму ќе пее во дуетот со Наум и нивната легендарна РУМ ДУМ ДУМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom