Исмејување и вреѓање помеѓу децата

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.256
Поени од реакции
35.776
... кога некој го напаѓа чедото мајката станува лавица и не се консултира на форуми, оти никој не може да даде совет, оти никој не ја знае ниту средината, ниту ситуацијата, ниту детето, а најмалку ги знаат лошите момци, туку мама мора да ја зема ситуацијата во своите раце...



ние сме поднебие каде до 18 годишна возраст, велиме до полнолетство, родителите се должни во секој случај на секој начин да помогнат на своите деца, конкретно би се ставила во твој случај и би ти го рекла ова:
... кон структурите на училиштето, почнувајќи од наставниците, класен раководител, психолог и директорот не би реагирала оти не знам во кои релации се истите со семејствата на тие деца или дете кое го малтретира моето дете, така да само ќе изгубам време и живци околу нив, а тие секогаш ќе најдат оправдување да не се мешаат и да ја средат ситуацијата плашејќи се за своите работни места!



има три опции кои редоследно ќе ги спроведам, прво ќе дознам кои се тие деца или дете кој го малтретира моето дете и ќе ги (го) начекам на улица да ми образложи зошто го малтретира моето дете со закана дека поради тоа што е малолетен него нема да го пријавам во полиција туку неговиот татко (не мајка туку таткото оти децата се плашат од своите татковци, а камо да бидат пријавени во полиција)...



ако се повтори уште еднаш таква работа, значи момчето кое го малтретира моето дете е безобразно, невоспитано, без страв и почитување, па следна моја опција е пријава во полиција каде ќе побарам да полицијата сама ги среди тие проблеми со посета на родителот на тоа дете или деца, со образложение кон полицијата дека ако не го спроведат како треба и тоа дете пак ќе го малтретира моето дете, ќе ги повикам медиумите и јавно ќе го искажам моето незадоволство од иституциите како училишето, полицијата и кривично ќе пријавам за малтретирање !
инаку, се друго според мене е безполесно, најмалку е корисно вашето дете да се учи да возврати, оти секогаш ќе биде малтретиран од повеќе деца не од еден и никогаш нема да биде победник, затоа групата лоши деца добиваат сила кога гледаат и најмал отпор и стануваат хулигани при што уште полошо се однесуваат, Вашето дете си има свој борбен часовник во него кој ќе се активира природно во дадениот момент, но никако со сила, провоцирано, наметливо и никако предвремено, оти тоа може да биде лошо за негово понатамошно развивање како личност, оти све во свое време, не може како 5_одделенец да биде војник или нинџа оти не е природно за негова возраст, а све што не е природно понатака нема да биде добро!
...со префрлување во друго училиште не се решава проблемот, туку само се одложува, затоа што не се знае дали тие деца хулигани ќе го побараат и во тоа училиште чекајќи го накај дома и пак да го малтретираат, или прашање дали во тоа училиште нема исто такви други лоши момци што пак ќе биде де_жа_ ву ситуација! (y)
 
Последно уредено:
T

Terroir

Гостин
Немам замерка за твојава перцепција околу идеалениов метод за солуција на проблемов во конкретниов случај, потполно се сложувам со настојувањата за зголемена комуникација дете-родител, совети, препораки и сугерирања за одржувањето на високото ниво на самодоверба кај детето и што треба тоа да прави за да го реши проблемов. Но како што можеме да видиме детево е во ситуација каде што неговата самодоверба има драстично опаѓање ( ако воопшто и ја има ).

Совети за подобрување на самодовербата верувај дека нема да помогнат многу, пошо детето го возат емоции кои и тоа како делуваат деструктивно врз неговата општа психолошка состојба и во таква ситуација премногу е тешко да се воспостави добар одбрамбен механизам на однесување кај детето.

Значи пак ќе напоменам, не дека треба да се прескокни оваа фаза, но ефективно на долг рок и без ризици да се интервенира со промена на средината. Нема да биди ни прв ни последен случај.
А советите и воспитувањето да му се најдат за подобра адаптација понатаму во новата средина.
Промена на средината заради тоа што некој го нарекол педер ? Вака го учиш детето да бега цело време од проблемите наместо да се соочува и да ги решава

И во друга средина (во случајов училиште) пак ке се најде што некој ке го задева/навредува и пак ли ќе треба менува училиште ?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.537
Поени од реакции
4.361
Промена на средината заради тоа што некој го нарекол педер ? Вака го учиш детето да бега цело време од проблемите наместо да се соочува и да ги решава

И во друга средина (во случајов училиште) пак ке се најде што некој ке го задева/навредува и пак ли ќе треба менува училиште ?
Прочита ли дека луѓево подолго време не можат да го решат проблемов, не е во прашање тоа што некој го нарекол педер.

Штом женава се обраќа тука, значи дека не можат да го решат случајов на начинот на кој што ти сугерираш.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.871
Научи го да одјебе, будаливе сами ке се откачат кога ке видат дека не реагира. Малку е жаргонски пишано ама вака најдобро се пренесува емоција и поента. И првобитно е и ти да олабавиш не го зимај тоа толку трагично, понатаму со возраста на децата им се случуваат и уште пострашни работи ако за ваков проблем си правиш трагедија тогаш би имало уште поголем проблем.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Дали сте нормални?!
Насилството не е решение.Насилството е лошо и води кон лошо(лудница или затвор) !
Ако ги учите децата на насилството,тие ќе станат психички растроени или психички нестабилни и веројатно ќе се претворат во крадци,педофили,силувачи и/или убијци(науката покажува дека огромен процент од овие лица во детството биле малтретирани,но не добиле помош од родители и од други лица и/или биле лошо воспитани).
Бокс,кикбокс,аикидо,карате,таеквондо,фудбал,одбојка и ракомет се спортови кои промовираат и поттикнуваат насилство и не се препорачливи за мали деца,особено не за оние кои и онака веќе се изложени на преголем стрес.
И тенис и атлетика не се баш безбедни спортови,но се подобри опции за деца.
Ако не сакате да одгледувате монструми,тогаш правилно воспитувајте си ги децата.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Дали сте нормални?!
Бокс,кикбокс,аикидо,карате,таеквондо,фудбал,одбојка и ракомет се спортови кои промовираат и поттикнуваат насилство и не се препорачливи за мали деца,особено не за оние кои и онака веќе се изложени на преголем стрес.
И тенис и атлетика не се баш безбедни спортови,но се подобри опции за деца.
Ако не сакате да одгледувате монструми,тогаш правилно воспитувајте си ги децата.
Балет! Ете го конечно решението.
Запиши го детето на балет и ќе го решите проблемот! Никако спорт! А бидејќи е мало дете,чекајте да наполни 40год па нека се запише на шах.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Балет! Ете го конечно решението.
Запиши го детето на балет и ќе го решите проблемот! Никако спорт! А бидејќи е мало дете,чекајте да наполни 40год па нека се запише на шах.
Не реков „не“ за сите спортови,туку само за оние кои го претвораат човекот во насилник.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
Не реков „не“ за сите спортови,туку само за оние кои го претвораат човекот во насилник.
Друже извини вака ама баш ти како да си не нормален овде.
Боречките вештини ја зголемуваат самодовербата.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
1.Јас сум женско !
2.И водат кон пропаст !
Тотално си грешка.
Боречки вештини, особено тие од истокот, учат на самоконтрола. Измислени се од монаси! слабо градени (не батки) за да се одбранат од поголеми и посилни насилници. Учат на самоконтрола, дисциплина, концентрација, почит итн.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
1.Јас сум женско !
2.И водат кон пропаст !
Извини не знаев дека си женско.
Напротив, боречките вештини не водат кон пропаст туку од тебе прават човек.
Тие не се само тепање, туку те учат на етика, самоконтрола, дисциплина итн, итн.
Јас 11 години активно тренирав кикбокс, па фала му на господ тоа не ме одведе во пропаст.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Наставниците никогаш не се од помош.Треба да разговараш со директорот/директорката на училиштето и да го/ја натераш да реагира бидејќи твоето дете е во опасност.Тие деца треба да добијат укор.Обелодени го случајов јавно,по социјалните мрежи и разговарај со многу луѓе.Децата кои постојано исмејуваат,навредуваат и/или тепаат други деца се невоспитани и/или психички нестабилни.Доколку ситуацијата се влоши поради немање реакција од училиштето,ќе биде потребно да се вмеша и полицијата.
Можеби ќе биде потребно да поднесеш барање/молба до општината да дозволат твоето дете да се префрли во друго училиште.
Не изгледа дека "насилниците" прават нешто посебно насилно. Само го задеваат, не дека ги оправдувам туку дека нема место многу за институцијална интервенција, социјални мрежи итн. Во друго школо исто е. На факултет пак некој ќе го задева. На работа исто. итн. Треба да научи да се справува со вакви ситуации.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.217
Поени од реакции
3.621
Иако во првиот пост што го напишав ме сфативте ко да се шалам. Ќе ви кажам од мое лично искуство : Исто и јас сум бил малтретиран некаде од второ до петто одделение(во периоди, не константно), секојдневни закачки, навреди и слично. На почеток (во второ-трето) и ја сум бил лигуш таков, одма сум се жалел, па те наставници па родителски па ова-она ништо не помагало. И тоа се дешавало константно, се додека некој не го изеде стапот од тие навидум насилниците. Како и во сите одделенија, каде што имало 2-3ца што стално закачале (пред се поради физичката надмоќност кон жртвата), барем еден од нив бил некој што се шлепа покрај нив, а сам на сам е попичка (извини) и од жртвата. Така продолжувало, али јас не сум ќутел и секогаш сум се спротиставувал, се додека не пукне филмот. Да, еден од нив го изеде стапот за сите пари (иако тоа било тепачка у трето-четврто) и видоа не видоа полека се повлекоа, пошо не сакаат да им се деси истото. Како што некој напомена, жртвата у адреналин и бес е многу посилна од тие што се закачаат. Не викам дека треба истото да го направи, но верувај дека ги решава проблемите. Не сум насилна личност и до сега у мојот живот немам почнато прв тепачка без причина. Тоа дека ако го учиш на насилство, треба да е глупо детето (општо) да после тоа наместо да го користи како оружје за самоодбрана, со самото тоа насилство да тепа други. Мене татко ми така ме научил, и до некаде сум му благодарен на тоа, пошо со плачки ништо нема да напраиш, само ќе те гледаат како најслаб во класот и ќе бидеш секогаш за потсмев, поготово кај женските.Треба да покажеш заби и до некаде сила, за да се исплашат малце од малце. А ако и тогаш не престанува, стварно, ама стварно треба на еден од "тепачите" да му ја расплачеш мајката.Потоа ќе се здружиш полека со нив, и ќе си помагате едни на други , и ќе ти биде се како што треба, бидејќи тоа не трае вечно. А ако вашето дете е прилично ќутливо и повлечено, тогаш многу потешко ќе биде ко прво самата социјализација (и без да го закачаат) а не па во конкретниот случај. Разговор со родителите на тепачите најчесто не допринесува кон подобро, као што некој кажа дека однесувањето на детето е производ од домашното и уличното воспитување. Ова е македонија, и ниеден проблем не се решава со разговор, пошо разговараат луѓе, а овде 70% од населението се животни!

Напомена: Јас вака го решив мојот проблем, тоа не значи дека кај сите деца и во сите ситуации е така.
Совет : нека ги покаже своите јаки страни, и нека им стои на располагање на другите, без разлика на минатото па така ќе почнат да го прифаќаат. Малце ќе изгледа како да им слугува, но ако еднаш им помогне на било кој начин, веднаш би го сметале како за подобро дете :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom