Исмејување и вреѓање помеѓу децата

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
@пунтер @Bafra @Nekojx @spaso @VOLK2234 @smihajlo

Многи Ви благодарам на Вашите совети. Ќе стегнам заби и ќе си го исправам детето на прав пат.
Наставниците никогаш не се од помош.Треба да разговараш со директорот/директорката на училиштето и да го/ја натераш да реагира бидејќи твоето дете е во опасност.Тие деца треба да добијат укор.Обелодени го случајов јавно,по социјалните мрежи и разговарај со многу луѓе.Децата кои постојано исмејуваат,навредуваат и/или тепаат други деца се невоспитани и/или психички нестабилни.Доколку ситуацијата се влоши поради немање реакција од училиштето,ќе биде потребно да се вмеша и полицијата.
Можеби ќе биде потребно да поднесеш барање/молба до општината да дозволат твоето дете да се префрли во друго училиште.
 
T

Terroir

Гостин

Дај бе не претерувајте обелодени го случајов јавно по социјалните мрежи :D
Ако не помага тоа што си реагирала преку неговата наставничка според мене оди директно кај педагогот на училиштето си ја знаат тие работата и веројатно ке го средат проблемот, или уште подобро реагирај самата ти пречекај го детето некогаш од училиште нека ти ги посочи насилниците и со повисок тон закани па и пар навреди (никако физичка сила ни минимална) верувам многу повеќе ќе пазат нареден пат што прават. Трета опција ако е физички добар во споредба со врсниците нека мава, едноставно кога ќе го навредат нека им мавне еден бокс во фаца па ќе научат што не треба да прават, додека долгорочно решение е боречка вештина за самодоверба (не карате).
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Или па ќе почнат да го зафркаваат дека е мамино синче...
Како што ги гледам децава сите се претворени во животни, се разбира, по пример и со поддршка од родителите.
Не сум родител, но од искуството што јас сум го имала во такви ситуации моја препорака е да го научите да не се повлекува туку да знае да се одбрани. Ќе заќутат кога ќе ги плесне по муцка (фигуративно или буквално, зависи од ситуацијата).
Советот од @Agda Beata е целосно на место, што повеќе се залагате вие како родители за него толку помалку ќе знае сам да се одбрани и ќе им овозможува на насилниците да го зафркаваат уште повеќе. Сетете се кога сте биле мали колку сте се смееле кога нечија мајка ќе излезела во маало да ги кара тие што и' го закачаат детето.
Да го цитирам Чорба „кад добијем батине нисам кукао, тукли су ме и ја сам их тукао“, научете го на таа филозофија ;)
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Не знам какви чизми си му купила ама Ишишај го на нуларица, облечи му пилотка и купи му мартинки. Утре нека им се појави на тоа лигушите, и не мора да зборува, на прво довикување ако му речат нешто, тупаница.. без размислување едно две, дали треба или не, директ боксот и мкнење по земја.. Ќе има малце префрлувања ќе те викаат директори малце срамење дека син ти е хулиган, ама после нема да имаш проблеми :D Едино ако ти се јават дека он почнал да му вика на некое друго дете педер и да го малтретира.... :/
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.962
Какви полиции, какви глупости, што ви е? Полицијата кај нас со што се замара, па ова да го сфати озбилно? Ако е така, во секое одделение имаш вакво дете, можеби и треба посебна полиција да иаме во школите, не знам.

Не е решение да ги тепа децата. Фино од овој што му акнал стол од глава, се надевам не осакатил некој за живот, а сега тоа детенце ќе си сфати со тепање се може да се реши.
Јас имав проблем со едно вакво девојче во основно, ми се смачи од школо, но моите ме оставија сама да се снаоѓам. Сигурно и нив ги нервирало кога ќе дојдам дома и сум изнервирана/тажна, но не направија ништо, освен што дома тогаш добивав поголемо внимание. Си помина тоа, сменив карактер, претходно бев посрамежлива и мирна, после тоа никад више не бев цел на некакво задевање.

Само дома да има шанса да се искаже, да не се затвори во себе и билдајте му карактер.
Не сум за тепачки воопшто, иако сакам сите силеџии да ги убијам, но тоа не е цивилизираното.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Дај бе не претерувајте обелодени го случајов јавно по социјалните мрежи :D
Ако не помага тоа што си реагирала преку неговата наставничка според мене оди директно кај педагогот на училиштето си ја знаат тие работата и веројатно ке го средат проблемот, или уште подобро реагирај самата ти пречекај го детето некогаш од училиште нека ти ги посочи насилниците и со повисок тон закани па и пар навреди (никако физичка сила ни минимална) верувам многу повеќе ќе пазат нареден пат што прават. Трета опција ако е физички добар во споредба со врсниците нека мава, едноставно кога ќе го навредат нека им мавне еден бокс во фаца па ќе научат што не треба да прават, додека долгорочно решение е боречка вештина за самодоверба (не карате).
Ова не ми го кажувај мене туку на мајката на детето која прашува што да прави.[DOUBLEPOST=1509364353][/DOUBLEPOST]
Какви полиции, какви глупости, што ви е? Полицијата кај нас со што се замара, па ова да го сфати озбилно? Ако е така, во секое одделение имаш вакво дете, можеби и треба посебна полиција да иаме во школите, не знам.

Не е решение да ги тепа децата. Фино од овој што му акнал стол од глава, се надевам не осакатил некој за живот, а сега тоа детенце ќе си сфати со тепање се може да се реши.
Јас имав проблем со едно вакво девојче во основно, ми се смачи од школо, но моите ме оставија сама да се снаоѓам. Сигурно и нив ги нервирало кога ќе дојдам дома и сум изнервирана/тажна, но не направија ништо, освен што дома тогаш добивав поголемо внимание. Си помина тоа, сменив карактер, претходно бев посрамежлива и мирна, после тоа никад више не бев цел на некакво задевање.

Само дома да има шанса да се искаже, да не се затвори во себе и билдајте му карактер.
Не сум за тепачки воопшто, иако сакам сите силеџии да ги убијам, но тоа не е цивилизираното.
Родителите кои ги оставаат децата сами да се снаоѓаат не се добри родители,туку треба да им помагаат додека можат.Добриот родител не седи со скрстени раце кога детето му е загрозено.Добриот родител не го учи детето да се тепа затоа што така и тоа ќе се претвори во насилник.
Ако се влоши ситуацијата,ако почнат да `и го тепаат детето,таа ќе мора да пријави во полиција.
Во моето училиште имаше случај во кој едно дете прво упатуваше тешки навреди кон други деца,а училиштето не превзема добри мерки иако многу родители се жалеа,а потоа бесот на тоа дете му ескалираше и почна да ги мава другите деца со камења иако ни едно од тие не му имаше речено или направено нешто и погоди едно дете со камен во глава,кое едвај преживеа.Дури,потоа беше повикана полиција. Се дозна дека лошото дете е ненормално,психички болно.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.386
Поени од реакции
22.928
A da go naterash da otide malku da sportuva ? Sve da bide osven fudbal i kosharka bidejki mu e docna vekje za tie sportovi . Zapishi go na karate ili aikido , em sport , em psihotrening , em kje im krshi kichmi namesto da cmizdi po nastavnichki i majki .[DOUBLEPOST=1509340614][/DOUBLEPOST]
А место да палќа за курсеви нека го пушти еден викенд у парк со скинери,панкери и металци (само без педерските чизми и Џастин Биберите што ги слуша) и да го спремат за суровоста на животот.
И башка ќе почне мартинки да носи па нека проба некој да му каже дека има педерски чизми :love:[DOUBLEPOST=1509368095][/DOUBLEPOST]
репликава од волков ја користам да кажам како јас го решив проблемот што синот мој го имаше.
Ми беше кажано дека син ми трпи одредени малтретирања од група на деца, јас го викнав син ми да поразговараме и да видам за што се работи. После неговото објаснување јас му објаснив дека некој работи ке мора сам да ги реши, јас неможам за него такви проблеми да решавам, дека ќе мора сам да се соочи со нив. Ми беше одговорено дека ако нешто направи дека јас ќе го карам и дека ќе има проблем со учителката. Јас фино му објаснив дека ако тој не почнува прв да прави проблем дека со мене нема да има проблем а ако учителката му прави проблем тогаш јас лично со неа ке се разберам.....
После неколку недели бев викнат да ми објаснат ( на фин претпазлив начин) дека син ми бил налутен од страна на некој други 3 деца, а потоа син ми земал еден стол и му го удрил од глава на еден од другите..... Од тогаш има некој 6-7 месеци,немам слушнато некој да го малтретира.
Некои работи мора да се решат по кратка постапка кога дипломатијата веќе не помага. Затоа брачата од север немаат такви пробЉеми. Ќе ја викнат цела населба до 12-ти братучеди и решен е проблемот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.503
Поени од реакции
79.656
Имаше у одделение на ќерка ми едно дете кое нон-стоп беше закачано од друго дете. Гледав на родителски како родителите на детево кое беше малтретирано, доаѓаа апелираа, плачеа... Џабе, секоја родителска иста слика. После подолго време, не знам како, постепено се намали проблемот.
После исто и мене ми се деси. Ќерка ми у второ-трето ја закачаа цело време две исти деца. И после повеќе повторувања на инциденти, земав да и објаснувам како да се брани, како да удри со бокс и каде да ги удри и така натаму. Знам дека не е у ред ова, али ја така напраив. Коа ме виде жена ми рече - Аман немој така, ќе повреди некое, срамота, ова она... ОКеј, ајде баталив тоа и и реков - у реду, нема така, него ја на мој начин ќе си го решам проблемот.
На следната родителска, јавно го предочив проблемот и веднаш кажав дека ќе преземам нешто ако само уште еднаш се повтори тоа. Посочив дека апсолутно неам намера да остаам да се влече работата како во погорниот случај. Бев набеден дека се заканувам и којзнае што помислија родителите за мене, али више не ја закача никој.
Поентата ми беше, да не се деси бескрајно повторување како во првиот случај, каде културните апели никако не помогнаа.
Да се разбереме, си има градација тука, не треба за свенешто да се рипа. Ни ја не рипам за сенешто, се дешавале разни работи, не сум реагирал така. Деца се, учат и им требаат секакви искуства. Али понекогаш е очигледно дека границата е премината и дека може поголема психичка штета да се напраи.
Тапа работа е на дете да му омрзне да иде у школо заради тоа. Школото и без тоа има доста параметри по кои оно ќе го замрази.
 
Не е во ред да ја учиш ќерка ти да се тепа со други.Тоа може да ја претвори во насилна личност која ќе заврши во лудница или зад решетки.Учи ја да биде добра личност,да сака,да цени,да вреднува и да почитува.А,и,ти,не употребувај веднаш физички закани,туку културни закани.Јавно посрамотување и тужби на суд се подобри решенија.Ако детето ти е повредено,ти си должен да реагираш,се разбира на цивилизиран начин.
Секогаш(дури и во ситуации кои изгледаат како ситници) !
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.010
Поени од реакции
36.066
Не е во ред да ја учиш ќерка ти да се тепа со други.Тоа може да ја претвори во насилна личност која ќе заврши во лудница или зад решетки.Учи ја да биде добра личност,да сака,да цени,да вреднува и да почитува.А,и,ти,не употребувај веднаш физички закани,туку културни закани.Јавно посрамотување и тужби на суд се подобри решенија.Ако детето ти е повредено,ти си должен да реагираш,се разбира на цивилизиран начин.
Секогаш(дури и во ситуации кои изгледаат како ситници) !
Какви сакаш решенија можеш да си изнајдеш, се додека детето што малтретира друго дете не се осети понижено, никојпат нема да престане. Децата од 7 до 11-12 годишна возраст се тотално без никаква емпатија. Прави ѕверови, мораш да ги згазеш за да им дадеш до знаење дека не е се во нивна корист.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.503
Поени од реакции
79.656
Не е во ред да ја учиш ќерка ти да се тепа со други.Тоа може да ја претвори во насилна личност која ќе заврши во лудница или зад решетки.Учи ја да биде добра личност,да сака,да цени,да вреднува и да почитува.А,и,ти,не употребувај веднаш физички закани,туку културни закани.Јавно посрамотување и тужби на суд се подобри решенија.Ако детето ти е повредено,ти си должен да реагираш,се разбира на цивилизиран начин.
Секогаш(дури и во ситуации кои изгледаат како ситници) !
Е каде виде ти физички закани?

Вака беше разговорот:

- ...ако уште еднаш се деси, ќе превземам мерки.
- Какви мерки ќе преземете?
- Ја си знам...
- Не може така со закани!
- Па ја не се заканувам.

Јас мислев на сите мерки во склад со законите и правото, меѓусебното почитување и бон-тон.

Види redfogv, живееш со говеда кои предимно, добрината, културата и учтивоста, нема да ги третираат како квалитети на кои треба да им се оддаде признание, кои треба да се ценат, туку како слабости кои треба да се искористат. Што побргу го сконташ ова, боље за тебе.
 
Последно уредено:

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Се каам за себе. Кога бев дете, бев малтретиран, не уживав уопште во ништо друго освен во книги. Почнаа тие навреди, и како и секогаш најмирниот и најповлечениот си го крка стапот, така бев и јас. Ме вреѓаа, тепаа, малтретираа и се и сешто. Дојде трета средно, и ме наместија за работа, што дефинитивно, може да дојде и да се убијат деца помеѓу себе, стегнав заби, и за прв пат во животот осетив дека, можам да бидам силен. Знам, смешно за некого, за некого трагедија, во трета средно, со солзи, станав и неможеа да ме допрат да не ги утепам тие чалапани. Скршив стол, и со металот решив да ги утепам тука во средно. Од тогаш, имаше уште случки, ама им се спротиставував. Криво ми е што него сторив тоа во основно уште. Еве, еден дел што ми се деси мене лично, и дефинитивно не би требало да се повторува, ама моето дете ќе го учам да биде праведен и храбар човек. Нека тепа, нека пцуе, нека се спротиставува за правда, за него. Ќе направам дете сосема обратно од тоа што бев јас. И ич нема да ми биде криво. Прв никако да почнува тепачки. Ама никој несмее збор да му каже. Такви деца успеваат во животот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom