Инвестициски БУМ во Македонија

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не, тие ќе си ги спакуваат фабриките и ќе си најдат нова ефтина работна сила. На нашиот народот според сите тие што работат таму а коментираат на форумов и тие 12.000 им се многу и се среќни, кој би ти дал повеќе кога си среќен?... Да, намалена понуда на побарувачка = зголемени плати, али друг пат тоа. Побрзо ќе се иселат отколку да плаќаат скапа работна сила. (покрај даночните ослободувања кога ги уживаат, најголема причина за инвестиција)
Тие се дел од процесот на нивното ислеување.. За да се иселат >платите треба да пораснат>невработеноста да се намали>тие ја намуалуват невработеноста>тие се причината за нивното ислеување..

Тешки да дојде денот кога од македонија бегаат фабрики на кои му е скапа работанта сила.. Тоа е целта - ДА СЕ ИСЕЛАТ оти е многу убав животот во МК.
Сега за сега мора да признаме дека помагаат МНОГУ.. Значи еден дрекслермаиер од странство носи 1 мил евра и ги пушта во оптек во кавадаречкиот регоион.. Е сеа штом парите влезат ќе има и за тој со пилљарата, и за тој со кафичот и за сите на крајот..

За тие да се ислеат тогаш треба да дојдат други што ќе ги заменат!.. Значи сценарио какво што замислувате нема да се случи.. од типот на

20% невработеност.. платата расти до 1000 евра. фабриките се ислеуваат и невработеноста расти на 30%..

Не

Повеќе би било како.. невработеноста паѓа од 28% на 4% .. платите растат од 350 евра на 1000 евра ...дел од фабирките со бизнис модел на ефтина работна сила се иселуваат..

Значи ние треба да живееме подобро од што живееме сега за тие да се иселат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508

Види сеа вака, 4% невработеност во Македонија е научна фантастика.

Ние сме феномен самите за себе, во некои сектори работата се зголемува, клиентите се зголемуваат, а платите остануваат исти. Со други зборови, ако до вчера си работел 8 часа за 10.000, сега работиш 12 часа за 10.000 плус саботи и недели.

Специфичен сме народ, прилагодлив, кој не се буни на ништо. Тие што се бунат против овој начин на работа веќе се пред пензија, на младите да им дадеш да работат 24/7 они ќе ти работат 25/7.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
:pos::pos::pos:

Шта речи, коју поруку послати.
да че срби опет возити по раскопан асфалт (ако може да се нарече асфалт) скопје велес, наместо по автопат.

Кога веќе се говори и тврди за некој процес дека е позитивен, ме интересираат неколку работи. Колку од парите се изнесени надвор или која е структурата на овие вложувања. Кои фирми и сопственици (со исклучок на неколку 5-6) се или беа влезени во Македонија досега. Не е правена во скоро време анализа колку е потребно странски инвестиции за да има одреден економски раст како и потекло на капиталот на тие фирми или сопственици (од синтез преку субрата до штипскиот шопинг центар). Не слушнавме досега ниту да некоја институција се занимава со добивките и штетите за Македонија од овие договори и инвестиции затоа што покрај помошта, не е познато од што се се ослободени овие инвеститори.

„Џонсон контролс“ добива државни пари да инвестира во земјава

а истовремено се одлеваат пари кон странство.

Податоците покажуваат дека само лани околу 200 милиони долари се одлеани од Македонија како исплата на мнозински акционери од странство или како заеми на нивните матични фирми. Тоа е сосема легално и логично работење, кое само докажува дека секогаш во време на криза странските инвеститори ги одлеваат профитите и инвестираат во матичните земји.Затоа, Македонија мора покрај привлекувањето странски инвестиции, да го поттикне инвестирањето на домашните компании и повеќе да го потпира економскиот развој на домашните инвестиции.

Од друга страна заборавени се домашните компании
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.786
Поени од реакции
21.192
Они не се дојдени да даваат 1000 евра плата. Да гледаме реално на работите, имаат одредено мин и макс. Над макс ако се разниша пазарот на труд ќе заминат.

Она што ме замисли читајќи ве, што мислите колку овие инвестиции значат блокирање на влезот во Еу? Колку години им е гарантирано дека ќе бидеме надвор од секаков економски сојуз кој нема да им ги загрози инвестициите?
Зошто воопшто би влегувале во ЕУ?
Што толку би добиле што би вредело да се самоукиниме, башка што на сегашните инвеститори би им се загрозиле инвестициите.
Читаќји тука на форумот се добива впечаток дека единствена придобивка од членството во ЕУ би било намаленото аплицирање за бугарски пасоши или поинаку кажано можноста да се работи во ЕУ со македонски пасош. Подобро да се сконцентрираат на тоа отколку на полноправно членство, многу побрзо би се постигнала целта и со многу помали жртви од наша страна.
Така да ете баш ме интересира што толку би добиле, ама јас да осетам на моја кожа додека сум жив.
Наеднаш магично ке ми се крени стандардот?
Наеднаш ке ни се сменат навиките, културата и моралните норми( ке станиме Германци).
Наместо сегашните 200 евра ке ги земам 2000 евра.
Ке има работа за сите(мислам во Македонија) и невработеноста ке падни на посакуваните 4%
Ке можам да работам секаде по европата како бугарите и Романците.
Се си мислам ова последното е најочигледната придобивка од влезот во ЕУ.
Така да ете и мене како обичен граѓанин ме интересира плус и минус од влезот во ЕУ. Под обичен граѓанин мислам на обичен работник , човек кој не е голем бизнисмен, човек кој не е политичар, најпростокажано човек кој живее од плата како што се добри 99% од населението.[DOUBLEPOST=1397776476][/DOUBLEPOST]
Види сеа вака, 4% невработеност во Македонија е научна фантастика.

Ние сме феномен самите за себе, во некои сектори работата се зголемува, клиентите се зголемуваат, а платите остануваат исти. Со други зборови, ако до вчера си работел 8 часа за 10.000, сега работиш 12 часа за 10.000 плус саботи и недели.

Специфичен сме народ, прилагодлив, кој не се буни на ништо. Тие што се бунат против овој начин на работа веќе се пред пензија, на младите да им дадеш да работат 24/7 они ќе ти работат 25/7.
Добро во ред, сфативме дека отворањето на фабрики кои вработуваат луѓе а со тоа и се намалува невработеноста не е решение.
И ти што би предложил, што е лекот.
Пошто се кршат копјата околу платата , би рекол дека решението го гледаш во зголемување на минималната плата на некое ниво на Германија пример. Тоа дека невработеноста тогаш би рипнала на 90% за сметка на тие неколку што би зеле германска минимална плата изгледа е небитно.
Но незнам дали имаш излезено од дома или можеби не ни живееш во Македонија или пак немаш контак со реалноста но ако немаше забележано или можеби не ти кажале надвор во реалниот свет има голема невработенсот. За твоето работно место на кое работиш 24/7 за 10000 чекаат уште незнам колку души кои би работеле 25/7. Така да освем ако не ти требаат пари или одиш на работа колку да неседиш дома и ти ке се прилагодиш .
Но сепак доста со очигледни заклучоци дека невработеноста е голема а платите се мали, дај напиши нешто конкретно. Како ти тоа би го решил. За критикување секој можи, нешто паметно да се предложи е сосем нешто друго.
 
Не е мое решение минимална плата на ниво на Германија, туку просечна плата на ниво на Германија.

Епа тоа е проблемот, знам дека за секое работно место има уште 1000 кандидати(наспроти она на Спиро дека работа има само младите не сакаат да работат). Само дали е исправно да работиш неплатено прекувремено? Неплатени празници и саботи и недели? Каде се работничките права, бидејќи некој печали на наш грб... За нас и 1000 стапа се малку.
И не реков дека сум незадоволен од работата, баш напротив, само секогаш може подобро, многу подобро, ако се задоволуваме со ова, ова ќе го добиваме уште 20 години, и после уште толку.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Slucajno go najdov ova i navistina e poezija

Има на Балканот една земја која се граничи со самата себе.

Каде што живеат најубавите жени, а стапката на наталитетот опаѓа.

Каде што невработените најмногу работат.

Каде што на најплодната земја живеат луѓе кој гладуваат.

Каде што возовите доцнат по редот на возење.

Каде сите играат фудбал, а победуваат во ватерполо, кошарка, ракомет, одбојка.

Каде сите брзаат за на работа, а никој не доаѓа на време.

Каде што осумчасовното работно време трае 12 часа.

Каде што здравството е бесплатно, а лечењето скапо.

Каде што новинарите слободно пишуваат се` што ќе им се каже.

Каде што јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни.

Каде што војните никогаш не завршуваат.

Каде што историјата се повторува секој ден.

Каде што најбогатите луѓе никогаш не работеле.

Каде што странската валута е замена за домашната.

Каде што паметните поради недоразбирањата ги прогласуваат за луди, а лудите за способни.

Каде што неписмените ја пишуваат историјата.

Каде што законите се нелегални, а анархијата нормална состојба.

Каде што се живее од иднината, затоа што на сегашноста немаат право.

Каде што секој на секого му се насмевнува, а никој на никого не му посакува добро.

Каде што судската постапка трае подолго од животот.

Каде што единствениот начин за наводнување на земјиштето се поплавите.

Каде што сметаат дека земјата ќе напредува повеќе, ако повеќе се назадува.

Каде што нормалните не се потребни - се вработуваат подобни, а не способни.

На Балканот постои една земја во која со чесност, искреност и напорна работа никогаш нема да стигнеш до посакуваната цел...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Работата е што 1000 евра плата е процес не е настан.. Намалувањето на невработеноста помага во тој процес на 1000 евра плата во МК..

Значи тие сега нека вработат луѓе за 200 евра плата.. Тешки нека порасни платата на 1000 евра па нека си одат.. За да порасни платата на 1000 евра невработенста треба да биде 4%.. Странските инвестиции помаагаат во намалување на невработеноста а со тоа и пораст на платите.. Тие се дел од процесот и дел од мисијата 1000 евра плата во МК. Тие се тие кои ќе помоганат во разнишувањето на пазарот на труд во МК - најгориливиот проблем.

Понатаму капиталот бара оплодување.. Тие ќе ги остават објектите празни ? Ќе ги проададат/изнјамат на некој кој ќе има сметка да плати 1000 евра плата во МК. Крајно и празни да ги остават.: Сега за сега тие ја подобруваат ситуацијата.

ЕУ не значи од другиот ден висока плата..
Секако дека е процес, не е преку ноќ. Само процесот тек почнува. Каде е времето на повисоки плати? Кога ние ќе стасаме до некое убаво ниво, другите каде ќе бидат? Тоа се клучните прашања на оваа тема. Друго, каков е интересот на младите да работат во приватен сектор кога администрација е 2:1 со плати? Претпоставуваш колку години се потребни да се изедначи платата на јавен и државен сектор, па потоа колку време е потребно да се направи вистинската и потребна економска слика од 2:1 за приватен сектор?

Збориме за многу години. И дефинитивно не збориме за економски процеси. Збориме за чиста математика на маса. Некој ја направил таа математика, следниот само ќе ја продолжи. Ете го мин ете го и макс. Државна администрација ти е мерка за се кај нас.

Не сум против инвестиции, секој денар во државна каса е добро за нас. Секој нов вработен е добро за иден пензиски систем. Нема лошо во економија, лошото е во политиката. А ние нема да живееме два животи сигурно да ги видиме процесите. Секој нормален човек треба да бара повеќе и повеќе од својата земја. Тоа е движечкиот процес, во спротивно остануваш на истото ниво.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Во странските фирми во РМ воопшто не можеме да конкурираме за високи плати од над 1.000 евра бидејќи знаењето ни е да бидеме само општи работници. Но можеме да конкурираме за високи плати само доколку станеме врвни аналитичари, консултанти, менаџери, лекари, фармацевти, инженери, програмери, иноватори...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ke vidime do kade ke stignat platite na tie sto ke gi vrabotuvaat po avtopatistava i opsto vo gradeznistvoto. Na gradeznava mafija izgleda ne i e jasno deka zavrsija vreminjata na *skoro besplatni magarinja za 200e mesecno*[DOUBLEPOST=1397804237][/DOUBLEPOST]
Секако дека е процес, не е преку ноќ. Само процесот тек почнува. Каде е времето на повисоки плати? Кога ние ќе стасаме до некое убаво ниво, другите каде ќе бидат? Тоа се клучните прашања на оваа тема. Друго, каков е интересот на младите да работат во приватен сектор кога администрација е 2:1 со плати? Претпоставуваш колку години се потребни да се изедначи платата на јавен и државен сектор, па потоа колку време е потребно да се направи вистинската и потребна економска слика од 2:1 за приватен сектор?

Збориме за многу години. И дефинитивно не збориме за економски процеси. Збориме за чиста математика на маса. Некој ја направил таа математика, следниот само ќе ја продолжи. Ете го мин ете го и макс. Државна администрација ти е мерка за се кај нас.

Не сум против инвестиции, секој денар во државна каса е добро за нас. Секој нов вработен е добро за иден пензиски систем. Нема лошо во економија, лошото е во политиката. А ние нема да живееме два животи сигурно да ги видиме процесите. Секој нормален човек треба да бара повеќе и повеќе од својата земја. Тоа е движечкиот процес, во спротивно остануваш на истото ниво.
Rabotnite mesta vo javniot sektor treba da gi stavat na licitacija, toj so e spremen da raboti za najmala plata toj neka go dobie rabotnoto mesto.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Инвеститор од Дубаи гради откупeн центар во Ресен, сто нови вработувања
Во индустриската зона Макази во близина на Ресен денеска почна изградбата на комплекс за складирање и преработка на јаболка, инвестиција на фирмата „Епл Ленд“ од Дубаи во износ од пет милиони евра.
Според претставникот на Епл Ленд, капацитетот на ладилникот во првата фаза ќе изнесува 5 тони, во крајната 10.

Убава вест, но ако се пробуричка низ написот излегува голема фама за ништо и одлично спакувана илузија. Цената на објектот, капацитетот вкупно и во однос на годишното јаболкопроизводство како и бројот на вработени сепак ќе залажат многумина. Ете ти долгорочен придонес во намалување на вработувањата на 20% и европски стандард со сите нишани.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.786
Поени од реакции
21.192
Не е мое решение минимална плата на ниво на Германија, туку просечна плата на ниво на Германија.

Епа тоа е проблемот, знам дека за секое работно место има уште 1000 кандидати(наспроти она на Спиро дека работа има само младите не сакаат да работат). Само дали е исправно да работиш неплатено прекувремено? Неплатени празници и саботи и недели? Каде се работничките права, бидејќи некој печали на наш грб... За нас и 1000 стапа се малку.
И не реков дека сум незадоволен од работата, баш напротив, само секогаш може подобро, многу подобро, ако се задоволуваме со ова, ова ќе го добиваме уште 20 години, и после уште толку.
Зошто би се задоволиле со просечна германска плата, норвешката колку што читам е подобра.
Само ние нити сме Германија нити Норвешка и не гледам како преку ноќ или за догледно време би станале.
И не само ние, многу земји кои се подолг период во Еу немаат такви просечни плати, за тие кои се сега скоро да не ни правиме муабет. Додуша има земји кои не се воопшто членки па стандардот им е тука некаде.
Така да ете ке се поправам , кажи како до просечна германска плата, кое е твоето решение.
Ке штрајковаме, ке плачиме дури не ни дадат германска плата?
Инаку и ти си во право и Спиро е во право, така да вистината е тука некаде помеѓу.
Има луѓе кои тие 200 евра живот им значат и на крај на памет би им паднало да се бунтоваат и да си бараат некој работнички права пошто ако останат и без тие 200 евра кучињата ни со маст нема да ги јадат. Зад нив секогаш стојат оние другите на кои очајно им се потребни тие 200 евра така да нив уште помалце ги интересираат работничките права пошто како прво не се ни вработени и чекаат прва можна прилика да го зафатат местото на некој од овие првите. И за крај има луѓе на кој првиот муабет им е дека ни на крај на памет не им паѓа да работат за 200 евра некој да им ја вади душата. Тие не би работеле ни за 500 евра пошто секако друг ги финансира така да реално за нив и нема работа нити имаат потреба да работат.
И сега што предлагаш? Како до германска плата во 100 чекори или за 4 години пример( од избори до избори) и сите да бидат задоволни.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Инвеститор од Дубаи гради откупeн центар во Ресен, сто нови вработувања
Во индустриската зона Макази во близина на Ресен денеска почна изградбата на комплекс за складирање и преработка на јаболка, инвестиција на фирмата „Епл Ленд“ од Дубаи во износ од пет милиони евра.
Според претставникот на Епл Ленд, капацитетот на ладилникот во првата фаза ќе изнесува 5 тони, во крајната 10.

Убава вест, но ако се пробуричка низ написот излегува голема фама за ништо и одлично спакувана илузија. Цената на објектот, капацитетот вкупно и во однос на годишното јаболкопроизводство како и бројот на вработени сепак ќе залажат многумина. Ете ти долгорочен придонес во намалување на вработувањата на 20% и европски стандард со сите нишани.
vo krajnata faza 10 toni jabolka???Ova za nekoj sam sto ke si gi skladira jabolkata???Smesna e brojkava.
100 vraboteni presmetaj po kolku treba da berat jabolka dnevno za da se napolni kapacitetot vo vtorata faza a kamoli za vo prvata:tapp:
10 000 kilogrami jabolka na 100 vraboteni toa se 100 kilogrami godisno.Znaci toa e 1 jabolka dnevno od covek.???
Investitorov sigurno e mnogu stabilna licnost:pos:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
vo krajnata faza 10 toni jabolka???Ova za nekoj sam sto ke si gi skladira jabolkata???Smesna e brojkava.
100 vraboteni presmetaj po kolku treba da berat jabolka dnevno za da se napolni kapacitetot vo vtorata faza a kamoli za vo prvata:tapp:
10 000 kilogrami jabolka na 100 vraboteni toa se 100 kilogrami godisno.Znaci toa e 1 jabolka dnevno od covek.???
Investitorov sigurno e mnogu stabilna licnost:pos:
Грешка е.. 10.000 тони. а за почток 5.000 тони,, тоа се бројките.. 10 тони јаболка е едно тамче.. по 8 денари тоа се 800.000 ден. мачкина кашлица..
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Ako e taka ne e loso.Samo da te prasam drugar.Uste im veruvas na politicarite???
Mislis deka ke gi ima ovie investicii sto se zboruvaat??Avtopati izgradba??
Moze da ima 3% od seto toa sto e kazano drugo ke ima samo TOPKI
 
R

Rigel Kent

Гостин
Секако дека е процес, не е преку ноќ. Само процесот тек почнува. Каде е времето на повисоки плати? Кога ние ќе стасаме до некое убаво ниво, другите каде ќе бидат? Тоа се клучните прашања на оваа тема. Друго, каков е интересот на младите да работат во приватен сектор кога администрација е 2:1 со плати? Претпоставуваш колку години се потребни да се изедначи платата на јавен и државен сектор, па потоа колку време е потребно да се направи вистинската и потребна економска слика од 2:1 за приватен сектор?
Не би рекол дека толкава е разликата во платите , еден пример , помлад референт во Министерство за финансии зема 14000 ден. плата , референт зема 16 000 а конкретно една вработена таму со 30 год стаж зема 18 000 ден. Надпросечни се платите во МВР и Министерство за одбрана а и висока плата има во образование. Дури се зачудив колку мала плата имаат и инспекторите во УЈП со оглед на обемната работа што ја имаат и секојдневниот притисок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom