Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.691
Поени од реакции
12.083
Ako e taka ne e loso.Samo da te prasam drugar.Uste im veruvas na politicarite???
Mislis deka ke gi ima ovie investicii sto se zboruvaat??Avtopati izgradba??
Moze da ima 3% od seto toa sto e kazano drugo ke ima samo TOPKI
затоа што сме таков народ, затоа овие лаги успеваат. Нека е и 10.000 тони, не знам што би работеле 100 работници.
Секоја втора година се повторуваат ветувања за некои "големи" инвестиции. Само постојаното задолжување на владата, "падот" на невработеноста и задолженоста на општините се косат со овие информации за "големите" инвестиции.
Текстот од линкот говори за тоа колкав економски раст сме имале и колку се влезени пари во државата. Еве мал дел...

Наместо пораст на бруто-домашниот производ (БДП) од 6%-8%, како што ветуваше премиерот Никола Груевски на последните парламентарни избори, домашната економија го достигна дното. Македонија не само што остана надвор од НАТО и Европската унија, туку уште повеќе се оддалечи од евроинтегративните процеси.
Интензивирањето на градежниот сектор во последните три месеци од годината, кој беше ангажиран во изведување на колосалните згради и споменици што го декорираат центарот на Скопје, најмногу придонесе за да се заокружи годишна стапка на пораст од само 0,7%, што е речиси три пати помалку од владините проекции за раст од 2%. По одделни ставки кои најмногу ја движат домашната економија, сe уште негативни ефекти испорачува намалената инвестициска активност, која лани падна за 7,5%. И тоа не само на странските, туку и на домашните инвестиции.
Една од двете клучни цели на владата на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори беше токму привлекувањето странски инвестиции и зголемување на домашните. На 54 страна од Преродбата пишува: “Странските директни инвестиции во периодот од 2008 до 2012 година кумулативно ќе достигнат две милијарди евра. Само во 2010 се очекува прилив од 500 милиони евра“. Статистичките податоци, пак, покажуваат дека лани инвестициите однадвор изнесуваа само 221 милион евра, од кои најголем дел отпаѓаат на нераспределената добивка на компаниите и на кредити земени од матичните компании од странство. Освен инвестицијата на турската компанија ТАВ, која минатата година почна да го гради скопскиот аеродром, и на британската фабрика за катализатори Џонсон Мети, која почна да работи во Бунарџик, нема други гринфилд-инвестиции кои реално отвораат нови работни места.
А пред изборите Груевски како свој главен адут го најавуваше влезот на француската компанија Монтипе, словенечката Искра, италијанската автомобилска фабрика Орланди, турската компанија Шишеџам. Сите најавени инвестиции пропаднаа, иако премиерот инстистира на зборот “се одложија“. Ни милионите евра потрошени за економска промоција, ниту 23 економски промотори не донесоа ниту една нова инвестиција. Главната вина за фијаското на странските инвестиции Владата ја лоцира во економската криза. Во истовреме, додека траеше економската криза, која дури и посилно се одрази кај земјите во регионот, приливот на странски капитал кај соседите се брои во милијарди евра. Во предизборниот период во 2009 година владата, поточно премиерот Никола Груевски вети јавни инвестиции од 8 милијарди евра во изградба на капитални проекти и инфраструктура.

Излегува дека се вадат податоци според претпоставки. Ете уште еден пример со Кочански Амфенол за делови, каде според медиумите сега работат 70 лица, а за неколку години бројот наводно ќе се качи на 250-350 лица. Телеграф известува дека општина Кочани заради оваа фирма ќе има бенефит од 1500 вработувања. Ме интересира кои бизниси ќе се развијат заради отворање на една фирма за автоделови кои ќе донесат бенефит на дури половина од невработените лица во таа општина, ќе отвораат сендвичарници? И зошто, ако е како што велат, од општините продолжи иселувањето на лицата, кои знаеме главно се иселуваат од економски причини. Со вакви информации не гледам некој да има направено анализа за бенефитот.
 
Последно уредено:

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не би рекол дека толкава е разликата во платите , еден пример , помлад референт во Министерство за финансии зема 14000 ден. плата , референт зема 16 000 а конкретно една вработена таму со 30 год стаж зема 18 000 ден. Надпросечни се платите во МВР и Министерство за одбрана а и висока плата има во образование. Дури се зачудив колку мала плата имаат и инспекторите во УЈП со оглед на обемната работа што ја имаат и секојдневниот притисок.
Ех, издишани ти се цениве. Знам луѓе кои работаат во МФ или на пример во Фонд за здравство, се алат дека заработуваат појше од 500 евра. Кога ќе се спореди со плата во приватен сектор, страшен сооднос.
 
R

Rigel Kent

Гостин

Најдов на интернет оглас , и еве како хиерархиски се распоредени платите.
http://www.fakulteti.mk/news/13-12-30/oglas_za_vrabotuvanje_vo_ministerstvo_za_finansii.aspx
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Најдов на интернет оглас , и еве како хиерархиски се распоредени платите.
http://www.fakulteti.mk/news/13-12-30/oglas_za_vrabotuvanje_vo_ministerstvo_za_finansii.aspx
Сите што се со високо образование се над 20.000.
Знам за вработени во јавна администрација со над 40.000 плата и тоа со завршени шупачки факултети (да не мислите дека се со медицина или електро).
 
Направи споредба со платите на референтите со вишо или средно кои се побројни од советници и раководители.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Направи споредба со платите на референтите со вишо или средно кои се побројни од советници и раководители.
Колку што гледам од огласот 7 бараат со високо, а двајца со средно/виша.
Денес 90% од младите завршуваат високо.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Колку што гледам од огласот 7 бараат со високо, а двајца со средно/виша.
Денес 90% од младите завршуваат високо.
Јас ти кажувам каква е структурата во едно министерство , инаку кога се пријавуваш за место со средно образование , плата ќе добиеш колку што е предвидено во систематизација а не како со високо образование кое си го завршил.

Референт со вишо или средно има нето плата од 13 625 ден и 15 079 ден во линкот кој го постирав .

Сега ќе го цитирам ВидиФотос од друга тема .
Ја сум обичен работник (оператор на линија), и за месец декември земав 14.000 денари, имаше некои и со повеќе.
Работник во приватна фирма и референт кој седи во фотеља се различни по тежина работи но ние правиме споредба на плати на јавен и приватен сектор според образование и работни места по систематизација.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Работник во приватна фирма и референт кој седи во фотеља се различни по тежина работи но ние правиме споредба на плати на јавен и приватен сектор според образование и работни места по систематизација.
Ќе ме тераш да ти го барам огласот од Дрекслмајер, скоро сите понудени плати беа 8000 и нешто денари. Тоа е доста помалку од 13 или 15 илјади за референти во јавна управа.

Плус дечкото што земал 14.000 во Дрекслмајер работел и прекувремено за да стаса до таа цифра.
 
Нека објасни @Види Фотос , поточно.
Споредба се прави за места за кои со систематизација е предвидено исто образование . ForzaMilan се пофали дека има плата од 60 000 а е информатичар. Не може еднострано да се перцепираат работите туку секоја професија има своја цена на труд . Не знам колку земаат инжињери во Џонсон Контролс и другите компании а ако некој знае да направиме и една таква компарација .
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ќе ме тераш да ти го барам огласот од Дрекслмајер, скоро сите понудени плати беа 8000 и нешто денари. Тоа е доста помалку од 13 или 15 илјади за референти во јавна управа.

Плус дечкото што земал 14.000 во Дрекслмајер работел и прекувремено за да стаса до таа цифра.
Во Гришко во Демир Хисар на пример.. Ги плаќаат од 11500 до 18.000 без факултет општи работници.. Се е во зависност од учинкок, сработено и работно место.. Сметководителот зема над 45 000 бруто како и менаџментот кој е од Македонија. Еден другар мој е одговорен на нешто таму .. 28.000 зема.

Инаку и во Гришко првите три месеци земаа по 8.000 минималец.. Така секоја фабрика почнува..

Од Неготино едно дете општ работник во Дрекслермаир кажваше дека платата му варира во опсег 11.500-15,000 - зависно од сработено. Ама во платата исто така влегува еден оброк.. Одлична храната била.. И превоз до работа.. Ако ги додадеш овие работи.. превоз 2000 + храна 2500.. испаѓа дека платата е еднаква како да друго место да земаш 15.000-20.000

Не го гледај огласот. Прашај некој што работи таму.

П.с Не ме сваќај погрешно.. Далеку се овие бројки од пристојна плата.. Ама ова е ПАЗАРНА цена на трудот.. 12 илјади и нагоре..
Еден ден кога ќе дојдат уште 50 дрекслермаиери ќе пораснат и платите.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Мал офф топик

Од Неготино едно дете општ работник во Дрекслермаир кажваше дека платата му варира во опсег 11.500-15,000 - зависно од сработено. Ама во платата исто така влегува еден оброк.. Одлична храната била.. И превоз до работа.. Ако ги додадеш овие работи.. превоз 2000 + храна 2500.. испаѓа дека платата е еднаква како да друго место да земаш 15.000-20.000
Абе луѓе, надоместокот за превоз и хранарина законски му следува на секој вработен. За превоз условот е да живееш 2.5 км од работното место. Кога го правеа концептот за бруто плата, нето платата+овие надоместоци беа неформално наречени take home плата. Заради "практични" причини терминов се поистовети со нето плата.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Во Гришко во Демир Хисар на пример.. Ги плаќаат од 11500 до 18.000 без факултет општи работници.. Се е во зависност од учинкок, сработено и работно место.. Сметководителот зема над 45 000 бруто како и менаџментот кој е од Македонија. Еден другар мој е одговорен на нешто таму .. 28.000 зема.

Инаку и во Гришко првите три месеци земаа по 8.000 минималец.. Така секоја фабрика почнува..

Од Неготино едно дете општ работник во Дрекслермаир кажваше дека платата му варира во опсег 11.500-15,000 - зависно од сработено. Ама во платата исто така влегува еден оброк.. Одлична храната била.. И превоз до работа.. Ако ги додадеш овие работи.. превоз 2000 + храна 2500.. испаѓа дека платата е еднаква како да друго место да земаш 15.000-20.000

Не го гледај огласот. Прашај некој што работи таму.
Мал офф топик

Абе луѓе, надоместокот за превоз и хранарина законски му следува на секој вработен. За превоз условот е да живееш 2.5 км од работното место. Кога го правеа концептот за бруто плата, нето платата+овие надоместоци беа неформално наречени take home плата. Заради "практични" причини терминов се поистовети со нето плата.
Ако ги прашаш синдикалците на работникот му следуваат брда и долини од мед и реки од млеко.. Ама ако бидиш реалиста и го споредиш дрекслермаер со другите приватни фирми ќе видиш дека превозот и храната е нешто што дрекслермаер го дава екстра за разлика од другите фирми. Значи нас ни следува и 10.000 евра плата месечно.., Ама треба да бидеме реални..

На крај на краиштата сите странски фирми мораат да играат по условите кои ги налага пазарот на труд.. За жал конјуктурата е таква да има висока невработеност а со тоа ниски плати и лоши услови..

Е сега тоа ќе се промени ако успеме во мисијата да донесме доволно странски инвестиции.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
mali se platite vo makedonija, mojta plata e 24000 so se vnatre, hrana 3800+ prevoz 1600, so fakultetsko obrazovanie, malku potceneto no toa ti e
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Ако ги прашаш синдикалците на работникот му следуваат брда и долини од мед и реки од млеко...
Sindikat vo Makedonija????Zarem postoi osven na list.Imaat li nekade sediste kancelarija???
Izvini vaka ama prv pat slusam deka ako go prasas sindikatot ke ti gi dadat site prava kako rabotnik.
A pravata na rabotnikot se treta smena pa vtora pa prva i taka vo krug??
Brat temava e za investicii a so sindikatot sme daleku mnogu ama pak aj i barem da go ima kaj nas pa da mi go spomnuvas.Ti izgleda sindikalista si
 
Kajgana Shop

На врв Bottom