Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Vcera slucajno procitav po vesnicive za oglasot za vrabotuenje za izgradba na avtopatistata, plati 9000 denari. Hihi. Da ne verue covek.
:tapp:
A za sporedba zaposlenite so naplakaat patarini po naplatnite punktovi zemaat po 25000 plata....
Bas me interesira kade mislat da najdat rabotnici, ne veruvam i Kinezite da se ispod 500 evra mesecno ako prajme muabet za gradeznistvoto.
Немаш појма колкава гужва има во Бетон и Гранит баш за оваа работа.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Не знам дали овде е соодветно место за ова, но ќе пробам...бумот продолжува, изградбата трае. Има разлика (ваљда во теренот за кошарка)! :tapp:

ФОТО: Отворено игралиште за кошарка на улица „Косовска“ во Штип
Четврток, 12 Септември 2013 10:48

Игралиштето за кошарка на улица „Косовска“ во Штип вчера попладне беше предадено во употреба од страна на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Станува збор за руинирана локација која со мала инвестиција е претворена во корисна површина за децата од овој дел на градот. Помладите долго време бараа спортски терен за да можат да имаат место за игра и забава.

- Мора да кажам дека ова претходно беше локација која важеше за наркоманско дувло. Ние успеавме со мала инвестиција да ја адаптираме локацијата. Поставивме клупи за одмор, цементиран е дел од површината, поставена е нова висока заштитна ограда и еден нов кош, со што се отворија можности помладите членови на оваа улица да играат баскет, а повозрасните да одмораат на клупите и да уживаат во најубавиот поглед на Штип, истакна Захариев.

Теренот за кошарка го носи името „Цар Самоил“ и на него вчера играа децата од улицата облечени во маички со истоимениот наслов а настанот го збогатија и играорците од КУД „Ристо Донев-Учителот“. Градоначалникот најави и нови рекреативни содржини на уште неколку улици во овој дел на градот.

Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
^ Ќе кажев за промена одлично ама кога ги видов долните слики...ова е само за слободни изгледа.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435

Pocnav da citam i vikam ke bide interesno
Koga ja gledam prvava slika:eek: vikam greska nekoja i prodolzuvam nadole i:pos:
Vakvo nesto ne znam dali ima nekoj pamet da go objavi
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Brat zaebancija u strana ama vakva investicija mislam deka poveketo mozat sami da si ja napravat vo sopstvenite dvorovi.
Belive linii ne znam dali nekoja invalidna firma gi ima obelezuvano:pos:
vakov gaf za falenje e navistina :tapp:
Инестициски БУМ - за сВе има пари! :vozbud:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Иако бев скептичен на почеток, напроите да се донесат странски инвестции полека полека даваат плод.. Со фабрики како дрекслермаер и кромберг и шуберт кои вработуват и по неколку илјади сликата на македонското стопанство се променува..

Додуша она што е најголема неправда е што нив им се даваат бенифити кои домашните компании не ги уживаат. Спротивен аругмент би бил што домашните компании не располагаат со висока технологија и го немаат потрбното знаење.

Има инвестиции од по неколку милиони евра кои заработуват толку годишно. Што мислите домашниот бизнис ги нема тие пари да ги вложи за таков поврат на инвестиција? Ги има.. Ама она што го нема е знаењето за маркетинг, прозиводствени процеси, добавувачи и слично..

Со увозот на странски инвестиции ние го увезуваме она што најмногу и фали на македонската економија- знаењето..

Ако вака продолжи трендот на инвестициите, невработеноста значајно ќе се намали.

Сепак има различни инвестиции.. Некои го зголемуваат извозот, други се големи во пари како инвестиции, трети вработуваат многу луѓе.. Сите се добри.. Но најдобри се оние кои вработуваат најмногу луѓе затоа што бенфитите најдобро се филтрираат до народецот преку плати и преку зголемна конкурентост на пазарите на работодавци.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Грешка си.
Ова се инвестиции кои значително ја назадуваат Македонија.
За народот ова е психолошка траума, а не благослов, кој парадокс самиот се прогласуваш за неспособен и повикуваш да те колонизираат.

На странските инвеститори не им се потребни паметни луѓе, нив им требаат роботи.
Потребни им се полуписмени идиоти што ќе поместуваат делчиња на лента за 1 евро од саат и менаџари кои ќе имаат улога на гоничи на робови.

Јас кога ќе станам најмоќен човек во земјава ќе ги протерам сите странски инвеститори што даваат помала плата од 400 евра на обичен работник.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
После 22 години во општина Богданци почна реализацијата на првата странска инвестиција. Германската компанија ,,Таурус Фармс,, ја започна изградбата на новиот откупно дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук,проект за кој во првата фаза ке бидат вложени 2,5 милиони евра и плус 15 милиони евра во втората фаза.
,,И покрај тоа што нашата фирма стои на почетокот и денеска нема многу што да видиме, дозволете да ве информирам дека од моја страна се запонаени и други инвеститори на кои им соопштив за добрата политичка клима во Македонија и ангажманот на владата. Тие се подготвени да инвестираат во Македонија и тоа двоцифрени суми во евра,, рече Томас Шварц - сопственик на Таурус Фармс.
За заменик министерот за земјоделие,овој проект само ги потврдува ангажманите на владата за создавање подобри услови во земједолеието.
,,Тие едноставно ја увидоа програмата на владата,ги видоа намерите,видоа колку се инвестираше во земјоделието пред пет до шест години,а колку се инвестира денес и тука ја препознаа шансата за нивната инвестиција.,,рече Зоран Коњановски - заменик министер за земјоделие
,,Најголемиот дел од лугето дефинитивно ке го најдат својот интерес во едни вакви објекти.,, рече Ристо Ичков - градоначалник на општина Богданци.
Покрај октупно дистрибутивниот центар кој треба да има капацитет од околу 5000 тони на овошје и зеленчук, германскиот инвеститор во блиска иднина најавува и изградба на фабрика за готов помфрит во која е планирано да бида вложени околу 35 милиони евра.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zemjodelski-otkupen-centar-vo-bogdanci
Ај да видиме што ќе биде и од оваа инвестиција.Се надевам на отварање, и на добра работа за цел регион околу Богданци.
Но лично ме нервира што секад најавуват и следна фаза во која ќе бидат вложени многу поголеми суми.Зашто еднаш прво не ги вложат тие големи суми,па следната фаза да биде ситнишот. Можеби бараме и ние сега преку леб-погача,ама стварно не ми е јасна таа работа.Како и да е очекувам и тука до крајот на летото сечење лента.
Погоре за Таурус фармс се вели ќе вложи 2.5 милиони во откупен центар-во првата фаза. Во втората се најавува погон за сецкање на компир од цели 35 милиони евра (ако се ова реални цифри, се прашувам колку чинела Македонската производна база во СФРЈ, милијарда милијарди????).

Сега истата фирма вели

Германската компанија Таурус фармс ја заврши првата фаза од инвестицијата во Македонија со засадување 15 хектари био-плантажа со јаболка и круши во Богданци, за кои се инвестирани 5 милиони евра.
Менаџерот на компанијата,Томас Шварц, вчера информира дека паралелно со ова заврши и изградбата на складишно-откупен центар кој есенва треба да ги собере и спакува првите плодови.

Шварц нагласи дека ова е ултра модерна био-плантажа во која се работи по европски стандарди. Има ангажирано 10 постојано вработени и 120 сезонски работници на плантажата во Богданци, а ќе се вработат уште 50 лица на трите плантажи на околу 30 хектари кои се во фаза на подготовка.
„Сонцето, одличната почва и поволната бизнис клима не донесоа во Македонија, каде што планираме долгорочен работен век“, потенцира менаџерот Томас Шварц и додаде дека планот на компанијата е да засади вкупно 500 хектари овошки, а во скоро време ќе почне да гради и ладилници на површина од 2.500 хектари

наводно во првата фаза вложила не 2.5 туку 5 мил евра, во откупен центар и во некојаси биоплантажа со јаболка на ненормално големи 15 ха.
Она што збунува е колку и страшно да звучи тоа биоплантажа, за 1 хектар јаболка зависно од сорти, начин на одгледување, агротехника, негде просекот (теоретски, не сум се занимавал со плантажни јаболка) е 500-1000 садници. Цените на садници варираат, но дури и со цена од 50 евра за садница се стигнува негде сума од 750.000 евра. Дали и на што се вложени цели 2.5 милиони евра за 15 хектари јаболка не ми е јасно.
Ме интересира агроекономист или некој што садел плантажни јаболка да даде приближно колку чини реално ваков насад. Мене овие цифри ми се неколкупати надувани, веројатно за поголем ефект.
 
R

Rigel Kent

Гостин

Според ова што го најдов на интернет минимум е 800 садници на хектар , значи за 15 хектари минимум потребно е да се засадат 12 000 садници , но според ова можно е повеќе. Инаку претпоставувам дека во инвестицијата е вклучена земјоделска механизација итн.
Предлогот на ФФРМ е да има 2 скали на поддршка:
- минимум 800 до 2.449 садници по хектар и висина на поддршка 90.000 денари по хектар;
- минимум 2.500 садници по хектар во висина на поддршка 225.000 денари по хектар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ако се земат максимум 1000 садници по 50 евра, достигнува сума од 750.000 евра, сосе механизацијата би дошло до милион. Ова се дури и теоретски нереални цени за овоштарник, садници и механизација.
Цена на садници се движи на пример во оваа фирма јаболка за 110 денари, 2 евра на големо, гоџи и пауловнија по 5 евра. Бугарите имаат голден, гала или грени за помалку од едно евро. Подигнување на овошен насад по книги читам се цени околу 25.000 евра. Цените со кои добив 750.000 евра се цени за 50 евра по садница. За реални цени, цената е 10, 15 па и 20 пати помала така да над 2 милиони евра е надуена оваа т.н. инвестиција која според големината не е ништо посебно затоа што секоја година фирмите или индивидуалците вложуваат и во поголеми површини.
 
Kolku i da sme matematicki nepismeni se znae kolku se 2 x 2 samo sprema nekoi licnosti 2 x 2 = 400
mora da se dostavi nekoja NULA.
Magacinski prostor bilo koja firma vo MK da go gradi ke dostigne do cena od 200 evra od m2 kakvi sakaj stavaj ladilnici ne moze da kostaat ne znam kolku milioni.
Znaci ako napravis magacin od 10 000m2 sto znaci solidno golem magacin a ne ti treba tolkav magacin za 15 Hektari ajde da receme
znaci stasuvas do 2 000 000 evra magacin kluc na raka a za 2 000 000 evra rabota gradezna mislam deka ima i pazar.
Zalosno e sto site ceni na site investicii se premnogu nabieni a mislat deka narodot nafta pie.A sega 50 evra od sadnik mislam deka ne sadis zlatno drvo pa da go platis tolku mnogu.

Pred da odis na glasanje otvori go friziderot i vidi kakov cekor bi napravil.Otvori ja fiokata i vidi kolku smetki i dolgovi imas.(Ne e ova za tebe ova e za site nas)
Zalosno no vistinito.Bum samo po nasite glavi i nisto drugo................
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Грешка си.
Ова се инвестиции кои значително ја назадуваат Македонија.
За народот ова е психолошка траума, а не благослов, кој парадокс самиот се прогласуваш за неспособен и повикуваш да те колонизираат.

На странските инвеститори не им се потребни паметни луѓе, нив им требаат роботи.
Потребни им се полуписмени идиоти што ќе поместуваат делчиња на лента за 1 евро од саат и менаџари кои ќе имаат улога на гоничи на робови.

Јас кога ќе станам најмоќен човек во земјава ќе ги протерам сите странски инвеститори што даваат помала плата од 400 евра на обичен работник.
Зарем не сваќаш дека тие ја подобруваат конкуретноста на пазарот на труд и ТИЕ придонесуваат за евентоален пораст на платите? Значи ти можеш да донесеш закон со кој минимална плата во мк ќе биде 2.000.000 евра годишно.. Проблемот е што сите или ќе работат на црно или нема да работат.. Рецепта за уништување на една економија е висока минимална плата.

Ние факт е дека СМЕ неспособни! Една америка или гермаинја луѓето заработуваат и од 30.000 евра па нагоре.. Во една македонија среќни се тие што добиваат и по 3.000 евра годишно. Ако ние бевме толку способни, што не го произведовме БМВ, Мерцедес, Виндоус, Фејсбук,Гугл и АјФон? Проблемот е што во Македонската економија фали ЗНАЕЕЊЕ- KNOW HOW.

Јас ти гарнатирам истите фабрики што денес плаќаат по 8.000 денари месечно, нека падне невработеноста, нека се соочат со недостиг на кадар - иститие тие ќе плаќаат и по 1.000 евра плата ако треба.

Не се тие што работат во фабриките полуписмени идиоти, а уште помалку менаџерите.. Еден ден некој директор ќе излезе од некоја фабрика и ќе основа негова макар со туѓ капитал..Ама тој пред да ја научи рабоата нема да основа фабирка. Значи странските инвеститори даваат можност да домашни менаџери и работници од прва рака научат да работат некоја работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom