Здраво форумџии,
Ме интереира вашето мислење за вработеноста и невработеноста на младите во Макединија. Работам на тема „Невработеност на младите и социјална исклученост„. Анкетниов прашалник е анонимен и резултатите се за извлекување заклучок за перцепцијата и искуството на младите. Повеќе информации на самата анкета, која сум што сум и каде може да ме најдите доколку ве интересира темата.
А сега бидејќи темата е каде ни се живее повеќе (а имам и такво прашање во анкетата и многу до сега имаат пополнето) да споделам дека во мојата анкета најголемиот број од испитаниците одговараат во странство затоа што не очекуваат ништо да се смени во државата. На последното прашање тие што пополниле кажуваат колку им е тешко да најдат работа. Колку повеќе време се чека за работа толку повеќе се заборава и она малку што сме го научиле во образовен систем кој не нуди баш квалификации и знаења што му копристат на работодавачите. Тука е проблемот со немање на искуство и тоа како привилегија само за тие што имаат врски. А тоа што се вработува со врски пак е посебна тема. Затоа повеќето се чувствуваат разочарани, така и остануваат долго. Луѓето (младите) сакаат да работат, затоа што тоа ве прави самостоен, ви ја поткрева самодовербата и ве прави среќен.
Од она што сум имала искуство да видам и да споредам е дека за големо разочарување е фактот дека во тоа странство на 20 години дечишта веќе имаат стекнато менаџерско искуство (па макар и во кафич) а и завршиле образование во исто време (споредба со Лондон). Па кога ќе појдите во тоа „странството„ да не се изненадите помлади од вас се ваши претпоставени.
Верувам дека младите во МК имаат голем потенцијал и зато работам на таа тема. Да укажам каде сме згрешиле и како понатаму. Пред сѐ, бидејќи се работи за социолошко истражување ми е посебно важно вашето размислување, оние кои што навистина се соочени со тој проблем.
Трудот ќе биде јавно достапен на крајот од 2016 и за тоа ќе има известување.
А сега, еве ја анкетата. Ви благодарам за времето што го одвоивте.
www.surveymonkey.co.uk/r/nevrabotenost
Бидејќи имаш интересна тема а понудените одговори немаат врска ќе ти одговорам тука па ти како сакаш:
1. Вработување на млади имаш колку ти душа сака. Сериозно за луѓето од моја генерација не знам човек што неможи да најди работа. Напротив доста од луѓето имале можности да пребираат и да се одлучат за да се вработат онаму каде сакаат. Така да младите не се болна категорија. Ако сметаш дека се објави некои статистики. Невработеност по возраст, локација, образование и тн. Ако се занимаваш со темава верувам дека имаш такви податоци.
2. Има еден голем исклучок од она што го напишав во број #1. A тоа се луѓе без соодветно образование.
Да расчистам неколку работи во однос на ова. Ѕидар сметам дека има образование, Дрвосечач исто, Фотограф исто. Накратко: Си го научиле занаетот и се способни за работа.
Од друга страна имаш луѓе со завршени факултети од доменот на КГФ. Каде имаш прекумерно производство на кадар (со сомнителен квалитет). И кои чекаат работа баш како во твоите примери.
Ова е категоријата која намногу има проблеми да се вработи. Сите профили во оваа категорија имаат мака да најдат работа (освен ако не се навистина добри или имаат врски).
Да не испадни дека не ги почитувам овие професии да си го кажам ставот во однос на нив. Потребни се ама во специфични услови, а ние имаме хиперпроизводство.
3. Уште една болна точка е невработеност на нешто постари лица. Оние кои останале без работа поради дешавките во последните години. Имаат застарени стручни познавања поради нивната работна позиција, а не се во топ физичка форма како 20-30 годишниците за да се преквалификуваат. Знам дека не е поврзано со твојата тема ама и тоа како е апликабилно.
4. Зборуваш дека децата во странство имаат менаџерско искуство на 20 години. Еве ти ја разликата. На 18 годишна возраст децата се „избркани“ од дома и треба да работат за да се прехранат.
Ако се способни да учат афтераурс или пак да добијат стипендија за да учат тогаш супер. Кај нас 90% од матурантите се запишува на факултет. Огрномен процент на факултетите од точка #2.
Овие се на терет на нивните родители и генерално ги влечат факултетите барем за некоја година плус, или ако завршат во нормално време се запишуваат на постдипломски и така нормална возраст за вработување станува 25 години. Ова е проблем на воспитувањето кое го имавме изминатите 20-30 години.
Да се завртам на другата страна. Пазар на труд:
1. Имаш еден куп солидно образовани деца кои веднаш се вработуваат. Арно ама имаш и многу ѓубре кое пребира во однос на вработување.
Бараат астрономски плати за нивниот квалитет, се вработуваат и се прават директори не сакајќи да работат и тн.
2. Од друга страна и работодавачите не паѓаат подолу. Особено ако се во можност да пребираат.
Ги цедат законските прописи до максимум, а некои и преоѓаат преку црвената линија.
И на крај краева имаш ситуација во која.
Имаш луѓе кои си ја наоѓаат нивната позиција во општеството и се задоволни од неа. Имаш луѓе кои се „угнетувани“ и бараат подобро утре.
Имаш луѓе кои не се соодветни за понудените работни позиции па си ја фаќаат чергата и наоѓаат нешто што е соодветно за нив и тн и тн.
Морав да пишувам проза поради понудените одговори особено во точка #14
- Дали има работни позиции за млади. Има али прашањето е какви.
- Неспремни за интервју. Има вистина во ова. Лично имам глумено психолог за да пратам неколкумина на интервју за работа.
- Нема работа без врски. Зависи за кои позиции. Проблемот е шо имаш луѓе кои мислат дека само така можат да се вработат и не се ни трудат да направат нешто повеќе.
- Има работа ама НЕ САКАШ да дознаеш. Се смеам, има многу позиции за кои некои поизолирани млади неможат да научат, а има пак други кои некои не сакаат ни да помислат да се вработат.
- Платите се ниски. Има вистина во ова, ама да бидиме реални па и стандардот за живот во мк е низок па се крпи. Е сега ова е комплексно прашање на кое мора да поработиме сите. Многу од работодавачите се експлоататори и треба да се преземи нешто на оваа тема.
- Образовниот систем во мк е ок за некои струки ама ужас за некои други. Ова прашање треба да се решава со соодветен фокус а не со генерализација. Мислам се може да се поправа ама нешто треба од корен да се смени а нешто треба само да се подобрува.
Е сега во Мк имаш и друи причини зошто некој би спакувал куфер освен можност за работа. И се вика Услови за живот.
Инфраструктура, Здравствена заштита, Екологија, Култура, ...
Според моите гледишта овие работи се поголем проблем. Барем за оние млади кои можат да ја движат економијата а не вработувања.
Има уште многу да се дискутира на темава ама засега ќе се задржам на овие точки.