Живот во родна земја или странство?

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.052
Живеење во македонија ислкучиво на државна плата како прецедник на комисија за однос со религиски заедници. Еден формулар за бајрам, еден за велигден, поздрави и честитки до верниците и реис ул улема, после цел ден слободен.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.803
Немањици е село у светиниколско. Знаев еден човек од таму.
 
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
:)образуван професионалецу....................тоа метрото за мерење чергата ти е у сантиметри или во инчи????
:)Добра шала. Несакам да изгледа како да се фалам, ама со тек на време човек се навикнува на некој стандард па некако после малку му се гледаат одредени суми. Башка шо ако сам не си го цениш трудот, друг нема.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Брутче, гледам ја браниш опцијата за останување тука со 35к+ плата. Дали сакаш да ни кажеш дека и ти имаш такви примања со кои плаќаш сметки, храна, облека.. па си осетил дека може да се истера добар живот тука?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Брутче, гледам ја браниш опцијата за останување тука со 35к+ плата. Дали сакаш да ни кажеш дека и ти имаш такви примања со кои плаќаш сметки, храна, облека.. па си осетил дека може да се истера добар живот тука?
Еве ти кажи рече дека 1000 еура зимаш. И тоа ли ти е малку? А за мене не се грижи сум живеел и со 200 еур и со 250 и со 1000 месечно. Ставот секогаш ми бил ист по ова прашање.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
И тоа ли ти е малку?
Малку е, особено кога ќе видиш дека на запад ќе земаш 3-5 пати повеќе. Да не зборам за останатите нефинансиски бенефити што ги набројаа останатите форумџии од дијаспората.

А за мене не се грижи сум живеел и со 200 еур и со 250 и со 1000 месечно. Ставот секогаш ми бил ист по ова прашање.
Како што си приметил ставот ти го почитуваме, исто како и на останатите. Штом ти викаш дека и со 200 и 250 и со 1000 евра може да се тера лагоден живот во државата тогаш несомнено е така.
Туку не ми јасно кој дава 1000 евра на вработен што е 24/7 активен по форуми, дај просветли ме што работно место е тоа, да не си ја мачам веќе душата и да црнчам за плата? Може и ќе се премислам и ќе сакам да останам тука ако ми споделиш вакво инфо.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Малку е, особено кога ќе видиш дека на запад ќе земаш 3-5 пати повеќе. Да не зборам за останатите нефинансиски бенефити што ги набројаа останатите форумџии од дијаспората.



Како што си приметил ставот ти го почитуваме, исто како и на останатите. Штом ти викаш дека и со 200 и 250 и со 1000 евра може да се тера лагоден живот во државата тогаш несомнено е така.
Туку не ми јасно кој дава 1000 евра на вработен што е 24/7 активен по форуми, дај просветли ме што работно место е тоа, да не си ја мачам веќе душата и да црнчам за плата? Може и ќе се премислам и ќе сакам да останам тука ако ми споделиш вакво инфо.
Не знам зошто имаш потреба во множина да се обраќаш? Јас комуницирам со тебе а ти ми викаш ТИ го почитуваме ставот. Или можеби сте некоја групација? Кажи баш ме интересира.
Во ред за тебе можеби 1000 евра се малку, тоа е твој став и НИЕ го почитуваме. Се шалам, јас го почитувам затоа што за себе си зборувам. Ако животна желба ти е да заработуваш пари и да можеш да седиш на форум 24/7 те советувам да станеш фриленсер. Не е никаква тајна и сто пати е повторена не само од мене туку и од многу членови тука - одредени професии на интернет заработуваат одреден сума на саат. Имаат сатница. Програмери зимаат 20, 30 па и 100-200 долари на саат. За дата ентри како најпрост вид на работа е 5 долари на саат. Ова сум ти го кажал повеќе од еднаш и упорно ме прашуваш. Не знам што е тука за неверување? Само треба да бидеш упорен, не е дека некој седи и чека тебе да ти текне да работи како фриленсер и те опсипува со долари. Јас дневно имам 6-7 саати ефективна работа, тие саати сам сум си ги одредил ако сакаш ти можеш да работиш 4,10 или 15 саати твоја работа. А овие вкупно 30 до 60 минути на ден-два на форумов ми се за релаксација. Сепак малку е тешко да работиш без колеги и без контакт со други луѓе по 8-10 саати па вака ќе се занимаваш по форуми, дискусиони групи или со википедија. Друго нешто бранчез? Број да не сакаш? Или дај ми твој имам бесплатно кон сите мрежи.
А да, еве ти и еден тизер. Сабајле коа станав за саат и пол имав 2000 денари направено и два муабети со клиент од америка и англија. После како да бидам негативен ај кажи. Единствено што до некаде ме засега е курсот на долар кој е паднат.деновиве за еден денар.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Кажи баш ме интересира.
Еве кога не откри ќе мора да ти признаеме. Ние сме форумската масонерија, окото што гледа се, тоа требаше да ти биде сублиминална порака од сите слободоумни градители дека си стекнал репутација кај нас и почнавме да ти ги респектираме мислењата. Не сакам да те плашам ама сега ќе мора да те ликвидираме затоа што не раскринка. А таман фин муабет почнавме да си правиме со тебе :(

Ако животна желба ти е да заработуваш пари и да можеш да седиш на форум 24/7 те советувам да станеш фриленсер. Не е никаква тајна и сто пати е повторена не само од мене туку и од многу членови тука - одредени професии на интернет заработуваат одреден сума на саат. Имаат сатница. Програмери зимаат 20, 30 па и 100-200 долари на саат. За дата ентри како најпрост вид на работа е 5 долари на саат. Ова сум ти го кажал повеќе од еднаш и упорно ме прашуваш. Не знам што е тука за неверување? Само треба да бидеш упорен, не е дека некој седи и чека тебе да ти текне да работи како фриленсер и те опсипува со долари. Јас дневно имам 6-7 саати ефективна работа, тие саати сам сум си ги одредил ако сакаш ти можеш да работиш 4,10 или 15 саати твоја работа. А овие вкупно 30 до 60 минути на ден-два на форумов ми се за релаксација. Сепак малку е тешко да работиш без колеги и без контакт со други луѓе по 8-10 саати па вака ќе се занимаваш по форуми, дискусиони групи или со википедија.
Хмм, знам други фриленсери што од нивна презафатеност не можам ни за во кафана да ги соберам. Али добро, ќе мора да ти верувам и не те масирам понатаму за оваа тема.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
5$ саат за Дата Ентри можеш да добиеш само, и само ако работиш со ист клиент подолго време, па овој да ти качи плата ако е презадоволен со тебе. Ретко кој плаќа за механичка работа толкава сума.

Има доста начини како да заработиш пари во Македонија, само, проблемот во последно време не се парите, туку системот, перспективата, културата.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Све е ок тоа што зборите, но многу го проширивте муабетов. Се знае дека со интернет маркетинг/фрииленс и такви работи можат многу пари да се прават сум го увидел тоа на моја кожа. Но, се знае, од тоа не ти тече стаж. Подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom