Ако сопругот има другарки, сопругата нека се запраша што е она што тој го бара кај други жени, а не може да го најде кај неа. Ако е секс, тоа е негов проблем. Ако е што и да е друго освен секс, тоа е нејзин проблем.
Што ја земал за жена ако тоа што го бара не може да го најде кај неа?
Кога е во прашање спортот ние сме како куче и маче. И сега јас да барам другарка за гледање фудбал, играње спортска или она другар за некои работи што јас не можам да и ги дадам.
Како прво правете разлика помеѓу другарка и пријателка на едно машко. Пријателка можам да си дозволам да имам за кафиња, шетање, гледање филмови такви глупости, а друга другарка не. Најверна другарка ми е жена ми.
Тоа пријателството ќе биде до одредена граница, сигурно нема со неа да одам на вечери или во дискотеки, а жена ми да е дома.
Каква е таа другарка што секојдневно ќе му се јавува, ќе поминува повеќе време со него, ќе му купува подароци, со нив ќе оди на одмор, ќе му ги чува децата кога жена му е на работа и други работи? Исто како да му е втора жена. Во ваков случај секој би се посомневал.