Бев пред некое време во црква, беше некој празник не се ни сеќавам шо празник беше само знам дека немаше кој да оди па мораше јас.
Прилично сум индиферентен за религија и за црквата како установа, почитувам тоа шо сум научил и се трудам да станам шо подобар човек, не за некоја награда туку онака да ми е убо на душава.
во црквата се служеше литургија и се пееше блудец(лебче и вино) и после литургијата попот држеше предавање за човечките вредности, како треба да бидеме луѓе, дека повеќе се соединуваме со технологијата наместо да се зближуваме со другите луѓе.
Присуствував на 20 мин држење лекција и просветлување на човечката душа, мене за малку ќе ми олеснеше и ќе бев спокоен ако неговиот колега еден саат пред предавањето не ги туркаше лепчињата од маса на жените кој оставиле 50 денари на наместо 100.
Faith in humanity almost restored